Џејмс Бонд 007: Се живее само двапати (филм)

(Пренасочено од You only live twice)

Џејмс Бонд 007: Се живее само двапати (англиски: You only live twice) е игран филм, во режија на Луис Гилберт.

Замокот Химеџи, локација на обуката на нинџите.

Факти за филмот

уреди

Филмот е режиран од страна на режисерот Луис Гилберт (Lewis Gilbert), сценариото е на Ролд Дал (Roald Dahl), а продуценти се Алберт Броколи (Albert R. Broccoli) и Хари Салцман (Harry Saltzman). Главните улоги ги толкуваат Шон Конери (Sean Connery), Мие Хама (Mie Hama), Доналд Плезенс (Donald Pleasence), Акико Вакабајаши (Akiko Wakabayashi) итн. Филмот, снимен во 1967 година, претставува петто продолжение од циклусот филмови за тајниот агент Џејмс Бонд и делумно е снимен според истоимениот роман на Јан Флеминг.[1]

Содржина

уреди

Тајниот агент Џејмс Бонд (го игра Шон Конери) го праќаат во Јапонија откако еден американски, а подоцна и еден советски вселенски брод таинствено исчезнуваат во орбитата. Додека САД и СССР се обвинуваатза инцидентот, британската тајна служба се соменва во Јапонците. Оттука, Бонд заминува на тајна задача на еден јапонски остров каде ги открива сторителите. Таму, со помош на нинџите во состав на јапонската тајна полиција, Бонд ги открива сторителите.[1]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Антена, бр. 803, 15.11.2013, стр. 10.