Чуднозглобни

надред цицачи
(Пренасочено од Xenarthra)
Чуднозглобни
Период: Среден палеоцен - денес
Хофманов двопрсен мрзливец
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордови
Класа: Цицачи
Инфракласа: Вистински ѕверови
Надред: Чуднозглобни
Cope, 1889
Редови и подредови


повеќе во текстот

Чуднозглобни цицачи (науч. Xenarthra, од старогрчки „чудни, нетипични зглобови“) — група на вистински цицачи која денес постои само во Америка. Во оваа група припаѓаат оклопниците (армадили), мравојадите и мрзливците. Името на надредот доаѓа од присуството на ксенартни ковчиња кои образуваат додатен пар на зглобови кај одредени прешлени, наречени ‘рбетни коски, кои можат да се најдат само кај видовите од оваа група.

Потеклото на овој надред може да се бара дури во раниот Терциер (пред околу 60 милиони години, нешто по завршувањето на Мезозоик). Присуството на овие животни во Средна и Северна Америка се објаснува со теоријата на Големата американска размена.

Членовите на ова група порано биле соединети под името Edentata, што значи "беззаби", иако само мравојадите се без заби. Оклопниците и мрзливците имаат секачи, кои кај некои видови се без глеѓната покривка што се среќава на забите од повеќето други цицачи. Во оваа постара класификација биле вклучени и лушпестите мравојади − панголини, капскиот штрбец и паткоклуните. Но, споредбено-анатомските истражувања на овие цицачи открија значителни разлики кои ги разликуваат од животнте кои денес се вбројуваат во Xenarthra, вклучувајќи го и отсуството на ксенартни ковчиња.

Морфологија

уреди

Денешните чуднозглобни цицачи достигнуваат различни големини − од најмалиот Chlamyphorus (вилински оклопник), долг околу 12,5 cm па сè до Myrmecophaga (џиновски мравојад) кој е долг околу 120 cm. Меѓутоа, повеќето изумрени видови биле поголеми. На пример, глиптодонтите достигнувале и повеќе од 2 m во должина.

Мрзливците, кои живеат на дрвја, имаат крушковидни тела со големи абдомени, што дозволува развиток на големо слепо црево и долги, тенки екстремитети кои завршуваат со издолжени извиени канџи. Нивните прсти се сраснати со кожа, така што често се мешаат со канџите. Сите три вида на мрзливци имаат три канџи на задните стапала. Нивното надворешно крзно е долго и грубо, а постои и кратко, меко и густо внатрешно крзно. Нивните глави се мали и заоблени. Овие животни имаат необична одлика да се истегнуваат во хоризонтален правец додека висат прикачени за дрвото само со задните екстремитети.

Мравојадите се препознаваат по нивните долги конусни нуски, особено долгиот и тенок јазик, како и големите и моќни предни канџи. Последните се користат како за одбрана, така и за раскопување и отворање на мравкините дувла. Крзното е долго и густо, при што го штити животното од инсекти. Сите видови (освен еден) поседуваат рассекувачка опашка за фаќање.

Оклопниците се единствените денешни цицачи со заштитен коскен штит. За разлика од влекачките штитови, оној на оклопникот е испрекинат со неколку завои од кожа, кои помагаат во подвижноста. Површината на кожата е сива или кафеава и доста мека. Тие се дебели, средно големи цицачи кои се движат речиси припиени до почвата. Формата на главата и ушите варира меѓу видовите, додека моќните екстремитети носат зголемени канџи за копање на засолништа (дупки) и собирање на храна.

Систематика

уреди
 
Деветригест оклопник.
 
Џиновски мравојад, Myrmecophaga tridactyla.