X Factor Adria

(Пренасочено од X Фактор)

X Factor Adria, или поедноставно X Фактор e меѓународна емисија за таленти од балканско производство. Иако емисијата се снимаше во Србија, аудициите се одржани и во Македонија, Босна и Херцеговина и Црна Гора, што ја прави оваа емисија регионална. Како и оригиналниот британски Х Фактор, така и овој е музичко натпреварување за пронаоѓање на нови музички таленти. Замји учеснички на ова шоу се:

  • МакедонијаМакедонија
  • СрбијаСрбија
  • Босна и ХерцеговинаБосна и Херцеговина
  • Црна ГораЦрна Гора

Формат

уреди

Фази

уреди

Емисијата се состои од неколку фази: аудиции, буткамп, куќи на судиите и емисии во живо. Во текот на аудициите и буткампот, судиите во групи одлучуваат за судбината на натпреварувачот. После буткампот, натпреварувачите се делат во групи и секоја група добива еден судија како ментор. После "куќата на судиите" тие со помош на гостин-судија одлучуваат кој ќе продолжи во "емисиите во живо". Емисиите во живо се завршна фаза на натпреварувањето и прва фаза во која публиката добива право со гласање да го задржи својот омилен натпреварувач.

Аудиции
уреди

Првиот дел на процесот на селекција се аудициите. Потенцијалните учесници се пријавуваат на аудициите во живо или по пат на СМС-порака. Оние кои ќе бидат повикани на аудициите, прво настапуваат пред продуцентите, за потоа избраните да настапуваат и пред судиите.

Буткамп
уреди

Буткампот е втората фаза во која натпреварувачите кои добиле три или четири "Да" се повикуваат повторно да настапат. Во буткампот учесниците се среќаваат со предизвици како настапување со други натпреварувачи, кореографија и sing-off. Судиите во групи бираат 24 натпреварувачи и ги подготвуваат за во куќата на судиите.

Куќа на судиите
уреди

Учесниците кои ќе бидат избрани во буткампот, повторно настапуваат пред судиите. Судијата обично го повикува гостинот-судија кој е тука да му помогне да донеси одлука околу изборот на учесникот кој ќе го претставува него во емисиите во живо. Иако оваа фаза се вика куќа на судиите, ретко се случува во нивните куќи, најчесто локацијата е избрана од самите тие.

Емисии во живо
уреди

Емисиите во живо се завршниот дел на натпреварувањето. Во оваа фаза учесниците настапуваат во живо пред судиите и публиката гласа за својот миленик. Секоја недела има различна емисија. Откако сите учесници ќе настапат и гласовите бидат избројани, следува објавувањето на истите. Потоа, двајцата со најмалку гласови настапуваат уште еднаш и судијата одлучува кој ќе остани, а кој ќе си оди дома.

Групи

уреди

Според продуцентите, првата емисија ќе има четири групи: Девојки, Момци, Бендови и Учесници над 30 години.

Судии и водители

уреди

Во првата сезона судии беа Емина Јаховиќ, Кристина Коваќ, Кики Лесендриќ и Жељко Јоксимовиќ. Кристина и Жељко беа првите што беа објавени, додека Емина и Кики беа објавени ден подоцна. Сите судии се пејачи и текстописци, а некои од нив се исто така и композитори и продуценти. По емитувањето на првите две емисии се слушна гласина дека Бане Јевтиќ ќе биде заменет по водењето на само првите 8 епизоди,но продуцентите објавија соопштение дека гласините не се точни. На ноќта на првата „live-вечер“ беше објавено дека нов водител ќе го замени Бане, држејќи во тајна кој ќе биде тоа. Се откри дека Славко Калезиќ ќе биде водител. Денот по првата „live-вечер“ беше објавено дека Славко исто така ќе биде заменет. Конечно, Славко беше заменет со Ана Грубин која го водеше шоуто од втората „live-вечер“. Кратко по првата сезона Жељко објави дека нема да биде дел од втората сезона. По заземањето на продукцијата на шоуто од страна на нова компанија, не беше сигурно дали било кој од претходните судии ќе остане. Вклучувањето на Хрватска предизвика гласини дека некои по потекло од таа земја ќе бидат вклучени во жирито за втората сезона. Некои од луѓето за кои се ширеа гласини дека ќе им биде понудено да бидат судии во втората сезона ги вклучуваа: Северина, Јелена Розга, Дино Мерлин, Владо Георгиев, Џибони, Џорџе Баласевиќ и Здравко Чолиќ. Во февруари 2015 беше објавено дека судиите на втората сезона на Х Фактор Адриа се: Жељко Јоксимовиќ, Тонќи Хуљиќ, Масимо Савиќ и Александра Коваќ. Кратко потоа беше потврдено дека Антонија Блаќе ќе го води шоуто заедно со Александар Радојќиќ. Снежана Велков ќе го води шоуто исто така, како претставник од Македонија, правејќи ја единствената водителка која се враќа од првата сезона.

Гости

уреди

Гости судии во „куќата на судиите“ беа Тони Цетински во куќата на Жељко, Леонтина Вукомановиќ во куќата на Кристина, Мустафа Сандал во куќата на Емина и Скот Милс во куќата на Кики. Гости во „live-вечерите“ беа 2Cellos, Хари Вершановиќ, Јелена Томашевиќ, Дорис Драговиќ, Јелена Розга, Лорин, Калиопи, Тропико Бенд, Дејан Цукиќ, Парни Ваљак, Наташа Беквалац и Ана Станиќ. Гостите во финалето беа: Марија Шерифовиќ, Тијана Дапчевиќ, Пилоти и Madlick.