А1 Македонија или поранешен Vip operator е третиот мобилен оператор во Македонија основан на 27 март 2007 година. На 3 септември 2019 година Vip изврши промена на името и стана дел од А1 групацијата.

Логото на мобилен оператор

Создавање на КејблТел

уреди
 
Логото на КејблТел

КејблТел или CableTEL беше најголем оператор на Електронска Комуникациска Мрежа во Македонија. Создаден е со обединување на 13 кабелски оператори од Македонија, од страна на група стратешки американски инвеститори[1].

Нудеше повеќе сервиси и разновидни пакети за своите корисници, како Кабелска Аналогна ТВ, Кабелска Дигитална ТВ, Кабелски Интернет (docsis), Кабелски Интернет (LAN) и фиксна телефонија[2].

На 11 ноември 2011 година фирмата КејблТел се ребрендира во „Близу“ (Blizoo).[1]

Консолидација и згаснување на „One“ и „Blizoo“

уреди

„Vip operator“, „One mk“ и „Blizoo mk“ од 11 мај 2016 официјално се споиле во една компанија.[3] Одлуката била донесена на Собранието на акционери одржано на 17 јуни 2015 година, со прифаќање на Спогодбата за присоединување. Фирмите „One mk“ и „Blizoo mk“ од 11 мај 2016 престанале да постојат како правни лица, а сите вработени, како и целокупниот имот и обврски биле преземени од „Vip Македонија“. На 3 септември 2016 година, „Vip Македонија“ најавил дека компанијата ги згаснува двата продуктни бренда „One“ и „Blizoo“ и вовела еден бренд - „Vip“,[4] (подоцна променет во one.Vip) под чија капа компанијата продолжила да го нуди целото свое портфолио на услуги наменети за приватни и деловни корисници.

Во следниот период, компанијата се ребрендираше во А1 Македонија.

Наводи

уреди
  1. Моповска, Маја (3 ноември 2009). „И Кју Ти Ви нов сопственик на КејблТел“. Makfaks. Посетено на 10 јануари 2010.[мртва врска]
  2. Додевска, Анета (14 мај 2008). „„Кејблтел" нуди телевизија, интернет и телефонија“. А1. Посетено на 10 јануари 2010.
  3. „One, Blizoo и Vip ќе се спојат во една голема компанија“. Архивирано од изворникот на 2020-12-01. Посетено на 2020-07-08.
  4. „One и Blizoo влегуваат под една капа - Vip“. Архивирано од изворникот на 2020-12-01. Посетено на 2020-07-08.

Надворешни врски

уреди