Викторинокс

(Пренасочено од Victorinox)

Викторинокс (Victorinox) е производител на ножеви со седиште во Ибах, кантон Швиц, Швајцарија. Најпознат е по својот Швајцарски војнички нож (Swiss Army knife), чие право на пласман го делел со фирмата Венгер (Wenger) сѐ додека Викторинокс не ја купил таа фирма во 2005 год.

Палета на ножеви

Историја

уреди

Фирмата е основана во 1884. Од 1891 таа е добавувач на ножеви за швајцарската армија. Нивниот познат амблем — крст во штит — е во употреба од 1909. Таа година починала мајката на основачот Карл Елснер и затоа тој ја преименува фирмата во Victoria, во нејзина чест. Во 1921, со воведувањето на моделот инокс (не'рѓосувачки челик на француски е acier inoxydable), името на фирмата уште еднаш се менува на денешниот Викторинокс („Victoria“+„Inox“).

На 26 април 2005 Викторинокс ја купил фирмата Венгер која го делела правото за Швајцарскиот војнички нож од 1908 г. до тогаш. Засега Викторинокс се има изјаснето дека сепак двете марки ќе останат посебни.

Производи

уреди
 
Најосновен Швајцарски војнички нож (модел Spartan)
 
Најсложениот Швајцарски војнички нож (модел SwissChamp)
 
SwissCard
 
SwissTool

Швајцарски војнички ножеви

уреди

Швајцарскиот војнички нож (Swiss Army knife) е најважниот производ на фирмата. Најпрвин Викторинокс бил единствениот застапник, но од 1908 до 2005 ова право го делел со Венгер. Во 2005 Викторинокс го купува Вегнер, но марките остануват посебни.

Познато е дека Швајцарскиот војнички нож се користи нашироко вон војската. Ова се корисни повеќенаменски алатки за секојдневна употреба во најразлични големини и функционални комбинации. Дури и космонаутите на НАСА користат нож од Викторинокс како дел од стандардната опрема[1]. Ножевите на Викторинокс имаат допатувано и до Монт Еверест како и на Арктикот.

Со намалената употреба на џебни ножеви во последниве години, Викторинокс го вовел производот SwissCard во формат сличен на кредитна картичка.

SwissTool е Викториноксовата верзија на ваквата алатка од Ледерман т.е. клешти и други алатки преклопени заедно. Меѓутоа Викториноксовата палета е многу помала од таа на Ледерман.

Рачни часовници

уреди

Марката има и рачни часовници, од оние на затворање, до сосема отворени. Можат да се гравираат.

Кујнски ножеви

уреди

Викторинокс има широк асортиман на кујнски ножеви, иако без штитот на крст. Покрај ова Викторинокс продава и кујнски ножеви под марката Forschner. Иако овие ножеви имаат стискана острица, а не се ковани, сепак добиваат високи оценки.

Проширување на марката

уреди

Во последно време марката Викторинокс се шири вон ножеви и часовници, и во инструменти за пишување, патни торби, па дури и облека. Ова проширување значи употреба на нивниот амблем, а не посебно производство.

Наводи

уреди
  1. НАСА. „НАСА ја потврдуваат употребата на Викторинокс ножеви“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2016-03-29. Посетено на 2007-03-27. (англиски)

Надворешни врски

уреди