VY Големо Куче

(Пренасочено од VY Канис Мајорис)

VY Големо Куче (латински: VY Canis Majoris) — црвена џиновска ѕвезда којашто се наоѓа во соѕвездието Големо Куче. VY Големо Куче е една од најголемите и една од најсјајните познати ѕвезди и е околу три милијарди пати поголема од нашето Сонце. Од Земјата е оддалечена 1,2 килопарсеци (околу 3.900 светлосни години). Ѕвездата VY Големо Куче е единечна ѕвезда и се вбројува во ѕвездите наречени полупериодично променливи, со период приближно еднаков на 2000 дена. Просечната густина се движи од 5 до 10 мг/м3.

VY Canis Majoris
Податоци од набљудување
Епоха J2000      Рамноденица J2000
Соѕвездие Големо Куче
Ректасцензија 07ч 22м 58,29с
Деклинација −25° 46′ 03.5″
Прив. величина (V) 9,527
Големнска споредба на VY Големо Куче со нашето Сонце.

Природа на ѕвездата Големо Куче

уреди

Првите записи од набљудувања на VY Големо Куче се во каталогот на Жером Лаланд, од 7 март 1801 г, во кој VY Големо Куче е сместена како ѕвезда од величина 5. Во подоцнежните набљудувања утврдено е дека сјајот на VY Големо Куче постепено се намалува. Со раните набљудувања забележани се повеќе аномалии во фотографиите кои довеле до мислењето дека VY Големо Куче е збир од повеќе ѕвезди, но во подоцнежниот период со појавата на снимки со подобри резолуции забележано е дека околу VY Големо Куче постои маглина, причина за таквите мислења. Во 1998 година со високо дефинирани снимања на VY Големо Куче утврдено е дека се работи за единечна ѕвезда, односно VY Големо Куче нема сопатничка ѕвезда.

VY Големо Куче е ѕвезда со висока сјајност и според спектарот се класифицира како М - ѕвезда со површинска температура од околу 3.500 К, со што истата се сместува во горниот десен агол на Херцшпрунг-Раселовиот дијаграм, со што се означува дека станува збор за ѕвезда во подоцнежна развојна фаза. Во временскиот период кога VY Големо Куче се наоѓала на главната низа на дијаграмот, ѕвездата според спектарот ќе се вбројувала во ѕвезди со спектар О и маса од 15 до 35 M.

Големина

уреди

Според некои научници, VY Големо Куче е со полупречник 1420 ± 120 пати поголем од оној на Сонцето. Доколку VY Големо Куче би се наоѓало во Сончевиот Систем, тогаш пречникот на истата ќе се протега до орбитата на планетата Сатурн.

VY Големо Куче е црвен хиперџин. Има пречник од скоро 1.975.000.000 км. Нашето Сонце е околу Засега таа е една од најпознатите најголеми ѕвезди во нашата галаксија, од оние кои му се познати на човекот.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди