VIII Конгрес - с. Тросково

VIII Конгрес - с. Тросково — конгрес на македонската револуционерна организација - ВМРО (Автономистичка), овој конгрес бил трет по ред на оваа организација меѓутоа бидејќи ВМРО (Автономистичка) се декларирала како наследник на Македонската револуционерна организација, затоа во историската науката се нарекува VIII Конгрес.

Заседание

уреди


Конгресот на ВМРО се одржал од 11 до 15 април 1932 година во с. Тросково, Горноџумајско.

За членови на новиот Централен комитет на ВМРО биле избрани: Иван Михајлов, Владимир Куртев и Георги Настев. За резервни членови се избираат: К. Дрангов, М. Монев и Ј. Чкатров.

На него е ислушан и одобрен рефератот за периодот од 1928 до 1932 г. Освен тоа хрватското и албанското националноослободително движење со ВМРО склучиле спогодба за заеднички дејствија против големосрбската освојувачка и асимилаторска политика.

На Конгресот со жалење е констатирано дека без резултат останале сите петиции испратени до Општеството на народите и до владите на големите сили испратени од страна на македонските легални организации, од протераното македонско свештенство и од специјалните делегати на поробеното македонско население.

Од конгресот се отфрлени балканските конференции, чијашто цел беше да го зацврсти дотогашното статускво на Балканскиот Полуостров. Обединувањето на балканските народи се смета за пожелно и полезно, но конгресот како услов за балканска федерација ја посочува независноста и целокупноста на Македонија.

И тој конгрес го задолжува Централниот комитет на ВМРО да продолжи докрај со пронаоѓањето на оние кои имаат вина за убиството на Тодор Александров [1][2].

Извори

уреди
  1. Енциклопедия „Пирински край“. Том 2, Благоевград, 1999, стр. 87.
  2. Информация за Осмия конгрес на ВМРО