The Flapper (филм од 1920)

The Flapper - американски филм од 1920 година, во режија на Ален Кросленд по сценариото на Френсис Мерион. Главните улоги ги играат: Олив Томас, Вилијам П. Карлтон, Ворен Кук, Теодор Вестман, Кетрин Џонстон, Артур Хаусман и Марсија Харис. Изразот Flapper означува слободоумна девојка во 1920-тите, која носи кратки фустани, слуша џез и им се спротивставува на конвенциите.

Синопсис

уреди

Џеневјев (Џинџер) Кинг (ја игра Томас) е шеснаесетгодишна девојка од малото место Оринџ Спрингс во Флорида. Таа е ќерка на сенаторот Кинг (го игра Кук) и не ѝ дозволена никаква слобода во однесувањето. За да стекне достојно воспитување, неа ја запишуваат во семинар за девојки во близината на Њујорк. Секој ден во близината на училиштето поминува убавиот господин Ричард Чанинг (го игра Карлтон) по кого лудуваат сите ученички, па така, во него се вљубува и Џинџер. Еден ден, таа го среќава младото момче Форбс (го игра Вестман) кое е вљубено во неа. Форбс ја кани на прошетка со санка, но тој не знае да управува, па санката се отпревртува. Додека тој го брка избеганиот коњ, тука поминува Чанинг кој ѝ помага на Џинџер при што таа го лаже дека има „околу 20 години“. Тој ја кани на забава и Џонџер следната вечер бега од пансионот. Додека таа се забавува, една од ученичките, Хортенс (ја игра Џонстон) ја пријавува кај раководителката на семинарот (ја игра Харис), која ја враќа Џинџер назад, а на заминување, Џинџер слуша дека Чанинг зборува со потсмев за неа. За време на нејзиното отсуство, Хортенс го краде накитот на ученичките и бега со своето момче, злосторникот Томас Моран (го игра Хаусман). Хортенс и Моран ја канат Џинџер во нивниот хотел во Њујорк, каде таа го среќава Чанинг, однесувајќи се студено кон него. Потоа, Моран ја принудува Џинџер да ги земе куферите со украдениот накит и да ги однесе во нејзиниот дом. Во хотелската соба, Џинџер ги наоѓа љубовните писма на Хортенс и самата си ги праќа на домашната адреса за да покаже дека им се допаѓа на мажите. Истовремено, таа доаѓа дома облечена како вамп-жена и на сите им кажува дека во Њујорк води двоен живот, исполнет со разврат. Таа ги испраќа куферите назад во Њујорк, но полицијата ја открива и доаѓа во нејзиниот дом, со налог за апсење. Токму тогаш пристигнуваат Хортенс и Моран по своите куфери, така што полицијата ги апси, а Џинџер признава дека цело време лажела со цел да покаже дека не е повеќе малечка девојка и да му се допадне на Чанинг. На крајот од филмот, таа е повторно во друштво со Форбс.[1]

Надворешни врски

уреди

Наводи

уреди