The Cardigans
The Cardigans (транскрипција: Кардиганс) ― шведска рок-група основана во 1992 година во Јеншепинг.[2] Најпозната е по албумите „Life“ и „Gran Turismo“ и исклучително популарната песна „Lovefool“.
The Cardigans | |
---|---|
The Cardigans на концерт во септември 2006 година | |
Животописни податоци | |
Потекло | Јеншепинг, Шведска |
Жанрови | |
Период на активност | 1992–2006, 2012–денес |
Издавачи | MCA, Mercury, Minty Fresh, Stockholm, Universal |
Мреж. место | cardigans.com |
Членови | |
Ларс-Олоф Јохансон Бенгт Лагерберг Нина Персон Магнус Свенингсон] | |
Поранешни членови | |
Петер Свенсон |
Имаат продадено над 15 милиони албуми во светски рамки.
Историја
уредиПочетоци: 1992–1994
уредиThe Cardigans била основана на 31 октомври 1992 година во Јеншепинг, Шведска. Ја основале хеви-метал музичарите Петер Свенсон и Магнус Свенингсон, тапанарот Бенгт Лагерберг, клавијатуристот Ларс-Олоф Јохансон и главната пејачка Нина Персон.[3] Живеејќи заедно во мал стан, The Cardigans снимиле демо-лента која била забележана од продуцентот Торе Јохансон, кој потоа им понудил да снимаат во студио во Малме.
Нивниот прв албум, Emmerdale, го издале во Шведска и во Јапонија во 1994 година; албумот бил реиздаден на светско ниво во 1997 година. Албумот го содржел шведскиот радио-хит „Rise & Shine“, кој во една анкета спроведена од списанието Slitz бил прогласен за најдобар хит за 1994 година.
Стекнување популарност: 1995–2000
уредиОстатокот од 1994 година го поминале на турнеја низ Европа и во снимање на албумот Life, кој бил објавен во 1995 година. Life забележал меѓународен успех, бил продаден во над милион примероци и достигнал платинест статус во Јапонија. Во 1996 година, Life бил издаден и за американскиот пазар, но во изменета верзија, како компилација на песни од двата дотогаш снимени албума.
По неочекуваниот успех на албумот „Life“, The Cardigans потпишале договор со издавачката куќа Mercury Records и со нив во 1996 година го издале албумот First Band on the Moon. На албумот се наоѓала песната „Lovefool" која станала светски хит и до денес е нивен најголем успех на топ-листите. Музичкиот спот за „Lovefool" содржел исечоци од хит-филмот од 1996 година, Ромео и Јулија, во кој главните улоги ги толкувале Леонардо ди Каприо и Клер Дејнс. Песната, исто така се нашла на саундтрак-албумот од филмот Сурови намери (англ. Cruel Intentions) (1999).
Во 1997 година, групата се појавила во една епизода од серијата Беверли Хилс, 90210. Нивната песна „Carnival“ била прикажана во филмот од 1997 година Остин Пауерс: Меѓународен човек на мистеријата. Групата, исто така, била замолена да достави тематска песна за филмот со Џејмс Бонд „Утрешнината никогаш не умира“, но членовите го одбиле барањето поради исцрпеност; Персон. нејзината одлука да ја одбие понудата, ја нарекла „една од моите најголеми грешки“.[4]
Во 1998 година го објавиле многу помрачниот албум Gran Turismo. По издавањето на албумот следела долга пауза за чие време членовите од групата работеле на своите соло-кариери. Спотот за песната „My Favourite Game“ бил цензуриран од MTV поради прикажување несовесно возење. И покрај ова, песната станала нивен втор светски хит. „My Favourite Game“ била вметната во саундтракот од видео играта на PlayStation Gran Turismo 2.
Подоцнежни изданија и активности: 2002–денес
уредиВо 2003 година, The Cardigans се вратиле со многу посмирениот албум „Long Gone Before Daylight" кој содржел примеси на американска кантри-музика. Од албумот биле издадени два умерено успешни сингла: „For What It's Worth" и "You're the Storm".
На 28 април 2005 година, групата преку iTunes го издала албумот iTunes Originals. На 19 октомври 2005 година, групата го издала шестиот албум Super Extra Gravity кој собрал претежно позитивни критики.[5] По завршувањето на турнејата за промоција на албумот, од есента 2006 година групата започнала подолга пауза.
Групата повторно се обединила за настап на фестивалот во Халтсфред каде требало да го изведат албумот Gran Turismo во целост.[6] Петер Свенсон одбил да учествува, но немал ништо против тоа групата да оди на турнеја без него. Тие го ангажирале кантавторот Оскар Хумлебо на местото од Свенсон.[6] Групата направила камбек со концерти во Лунд и Копенхаген пред да настапат во Халтсфред, а потоа имале концерти во Полска, Финска, Русија, Индонезија, Тајван и Јапонија; закажаниот концерт во Израел бил откажан од промоторот.[7]
Во мај 2023 година, Нина Персон потврдила дека Питер Свенсон никогаш повторно нема да се приклучи на групата и дека како резултат на тоа нема да има нови албуми од Кардиганс. Tие не сакале да снимаат нови песни без Свенсон.[8] Групата продолжува со повремени настапи и концерти.[9]
Членови на групата
уредиСегашни членови
- Ларс-Олоф Јохансон – клавијатури, гитара[10]
- Бенгт Лагерберг – тапани
- Нина Персон – пејачка, клавијатури
- Магнус Свенингсон – бас
Членови за турнеја
- Оскар Хумлебо – главна гитара (2012-денес)
Поранешни членови
- Петер Свенсон – главна гитара
Дискографија
уредиСтудиски албуми
- Emmerdale (1994)
- Life (1995)
- First Band on the Moon (1996)
- Gran Turismo (1998)
- Long Gone Before Daylight (2003)
- Super Extra Gravity (2005)
Наводи
уреди- ↑ The Cardigans — AllMusic (англиски)
- ↑ Strong, Martin C. (2000). The Great Rock Discography (5th. изд.). Edinburgh: Mojo Books. стр. 152–153. ISBN 1-84195-017-3.
- ↑ Sveningsson, Magnus. „The Cardigans official website: Ask the Band“. Посетено на 1 November 2007.
- ↑ Ryan, Gary (1 December 2018). „Does Rock 'N' Roll Kill Braincells? We put The Cardigans' Nina Persson to the test“. NME. Посетено на 5 December 2018.
- ↑ „The Cardigans: Super Extra Gravity (2006): Reviews“. Metacritic. 19 September 2006. Архивирано од изворникот на 2009-07-06. Посетено на 22 August 2012.
- ↑ 6,0 6,1 „Interview: Magnus Sveningsson, The Cardigans“. SmartBeijing.com. Архивирано од изворникот на 2017-07-01. Посетено на 29 December 2016.
- ↑ „Cardigans – MAYDAY MAYDAY! The Tel Aviv show on august 4...“. 18 July 2012. Архивирано од изворникот на 2024-12-07. Посетено на 29 December 2016.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
- ↑ „Hela The Cardigans kommer aldrig att återförenas“. Sydsvenskan. 23 May 2023. Посетено на 17 August 2023.
- ↑ „Search for setlists : The Cardigans“. setlist.fm. 17 August 2023. Посетено на 17 August 2023.
- ↑ „The Cardigans – the Vogue“. The Vogue. Посетено на 22 February 2024.