Styx
Styx (транскрипција: Стикс) ― американска рок-група основана во Чикаго во 1972 година. Познати по спојот на мелодичната хард-рок гитара со акустична гитара, спојот на синтисајзери со акустично пијано и по внесување на елементи од меѓународниот музички театар во нивната музика.[6] Групата стекнала популарност со прогресивна рок-музика во текот на 1970-тите, а во 1980-тите почнала да внесува поп-рок и софт-рок елементи.
Styx | |
---|---|
Styx во 2017. од лево кон десно: Лоренс Гоуан, Рики Филипс, Тод Сачерман, Џејмс Јанг и Томи Шо. | |
Животописни податоци | |
Потекло | Чикаго, Илиноис, САД |
Жанрови | |
Период на активност |
|
Издавачи | |
Соработници |
|
Мреж. место | styxworld.com |
Членови | |
| |
Поранешни членови | |
|
Оригиналната постава ја сочинувале Денис Дејанг, Џејмс Јанг, Џон Курулевски и браќата Чак и Џон Паноцо.
Историја
уредиВо август 1961 година, 12-годишните браќа-близнаци Чак (гитара) и Џон Паноцо (тапани) и нивниот 14-годишен сосед Денис Де Јанг, (хармоника и пејач) почнале да свират заедно во околината на Чикаго[7] и основале група под името The Tradewinds. Во 1965 година, името на Tradewinds било променето во TW4 (There Were 4)[8] затоа што имало друга група под тоа име. Во 1969 година им се придружил нивниот другар од факултет, фолк-гитаристот Џон Курулевски. Во 1970 им се придружил хард-рок гитаристот Џејмс „Џеј“ Јанг и TW4 станал квинтет.[8][9][10][11]
Во 1972 година, откако потпишале со Wooden Nickel Records членовите на групата решиле да изберат ново име. Од неколкуте предлози се одлучиле за името Стикс.[12]
Под оваа издавачка куќа биле издадени албумите: Styx (1972), Styx II (1973), The Serpent Is Rising (1973) и Man of Miracles (1974). Тие стекнале обожаватели во околината на Чикаго.[8] Моќната балада Lady (од албумот Styx II) наскоро се нашла на радио-плејлистите во САД. Во 1975 година песната станала топ-10 хит, а за кратко време Styx II станала златна плоча.[13]
По успехот со песната, Стикс потпишале договор со A&M Records и го издале Equinox (1975). Откако се преселиле во A&M, гитаристот Џон Курулевски ненадејно ја напуштил групата, а гитаристот Томи Шо бил доведен како негова замена во групата.[8] Првиот албумот со Шо, Crystal Ball (1976), имал умерен успех, но со албумот The Grand Illusion (1977) групата успеала да се пробие на музичката сцена. Албумот станал платинест, а топ-10 хитот Come Sail Away стигнал до радио-плејлистите низ светот.
Нивниот албум „Peces of Eight“ од 1978 година бил показател дека групата почнала да се движи во хард-рок насока. Следниот албум Cornerstone (1979) добил платинест статус. Двата сингла Babe и Boat on the River станале меѓународни хитови.
Во јануари 1981 година, Стикс го издале Paradise Theater, концептен албум кој станал нивен најголем хит и стигнал до прво место на топ-листата за поп-албуми од Билборд. Најголем хит од албумот бил синглот The Best of Times.
Kilroy Was Here (1983) бил уште еден целосно реализиран концептуален албум во форма на рок-опера. Дејството е сместено во иднина каде што пеењето и свирењето рок-музика е забрането. Иако песната Mr. Roboto била една од најголемите диско-хитови на годината (продадени биле над 1 000 000 синглови) албумот послабо се продавал во споредба со претходните албуми од групата и ја прекинал серијата мултиплатинести албуми (станал само платинест). Групата исто така ја откажала следната турнеја бидејќи била непрофитабилна.
Kilroy Was Here предизвикал креативни разлики во групата и имало кавги меѓу членовите; ова било дополнително влошено по настапот на целодневен рок-фестивал со други групи што се одржал во Далас. Театарската претстава Kilroy не била добро прифатена и групата била исвиркана од публиката. Разочараниот Шо ја напуштил групата и започнал соло-кариера.
Во 1984 година групата го издала првиот албум во живо, Caught in the Act. До моментот на објавувањето на албумот групата веќе била распадната.
Во 1990 година групата повторно се обединила и го објавила албумот Edge of the Century. Глен Буртник дошол во Стикс како замена за Томи Шо. Стикс повторно се распаднала во 1992 година.
Групата повторно се обединила во 1995 година и го објавиле албумот Styx Greatest Hits. Во групата имало неколку промени: сесискиот тапанарот Тод Сачерман го заменил Џон Паноцо, кој не можел да продолжи со групата поради проблеми со црниот дроб предизвикани од долгогодишно прекумерно пиење по што починал на 16 јули 1996 година;[14] Томи Шо се вратил, а Лоренс Гоуан (клавијатури, вокал) ѝ се приклучил на групата.
Групата потоа објавила уште неколку албуми, често била на турнеи и со одредени промени во составот е активна до денес.
Дискографија
уредиСтудиски албуми
- Styx (1972)
- Styx II (1973)
- The Serpent Is Rising (1973)
- Man of Miracles (1974)
- Equinox (1975)
- Crystal Ball (1976)
- The Grand Illusion (1977)
- Pieces of Eight (1978)
- Cornerstone (1979)
- Paradise Theatre (1981)
- Kilroy Was Here (1983)
- Edge of the Century (1990)
- Brave New World (1999)
- Cyclorama (2003)
- Big Bang Theory (2005)
- The Mission (2017)
- Crash of the Crown (2021)
Наводи
уреди- ↑ Cateforis, Theo (2011). Are We Not New Wave? : Modern Pop at the Turn of the 1980s. University of Michigan Press. стр. 159. ISBN 978-0-472-03470-3.
- ↑ Knowles, Christopher (2010). The Secret History of Rock 'n' Roll. Viva Editions. стр. 111. ISBN 978-1573444057.
- ↑ 3,0 3,1 Prato, Greg. „Styx – Artist Biography“. AllMusic. Посетено на September 15, 2017.
- ↑ Buckley, Peter (2003). The Rough Guide to Rock. Rough Guides. стр. 550. ISBN 9781843531050.
- ↑ Talevski, Nick (2006). Rock Obituaries - Knocking On Heaven's Door. Omnibus Press. стр. 482. ISBN 978-1846090912.
- ↑ „Home - Styx World“. Styx World.
- ↑ Dennis DeYoung interview on 'Behind the Vinyl' (boom 97.3 Toronto, uploaded Jun 7, 2016)
- ↑ 8,0 8,1 8,2 8,3 Clark, Dick (March 29, 1983). „Styx and stones...“. Times-News.
- ↑ Panozzo, Chuck (2007). The Grand Illusion: Love, Lies, and My Life With Styx. AMACOM. стр. 57. ISBN 978-0814409169.
- ↑ Whitaker, Sterling (2007). The Grand Delusion: The Unauthorized True Story of Styx. BookSurge Publishing. стр. 16. ISBN 978-1419653537.
- ↑ Mayne, Mya (April 22, 1986). „His band breaks up temporarily, but James Young 'Styx' to music career“. Observer-Reporter. Посетено на 14 July 2013.
- ↑ „In Sickness and in health, Styx take no prisoners on their romp to the top“. Circus (50). December 11, 1979.
- ↑ Childers, Scott (2008). Chicago's WLS Radio (Images of America: Illinois). Charleston, SC: Arcadia Publishing. стр. 87. ISBN 9780738561943.
- ↑ „John Panozzo - Styx Drummer“. Milwaukee Journal Sentinel. July 16, 1996.
Надворешни врски
уреди- Styx на Ризницата ?
- Мисли поврзани со Styx на Викицитат
- Матична страница
- Styx biography by Greg Prato, discography and album reviews, credits & releases at AllMusic.com