Семени растенија
Семени растенија Период: девон? (или порано) - денес | |
---|---|
Велвичија (Welwitschia mirabilis) - вид од класата гнетови | |
Научна класификација | |
Царство: | Растенија |
Оддели | |
Семените растенија (науч. Spermatophyta) или фанерогами се сите оние растенија што даваат семиња и претставуваат подргупа на копнените растенија (Embryophyta). Денешните семени растенија се делат на пет групи:
- цикасови (Cycadophyta) - група суптропски и тропски растенија со големи крошни од сложени листови и масивно стебло,
- гинкови (Ginkgophyta) - само само еден преостнат вид (дрво)
- четинари (Pinophyta) - дрва грмушки со шишарки
- гнетови (Gnetophyta) - дрвенести растенија од родовите Gnetum, Welwitschia и Ephedra and
- скриеносеменици (Magnoliophyta) - цветни растенија; голема група каде спаѓаат разни добро познати растенија застапени во најразлични живеалишта.
Покрај горенаведените таксони, фосилните наоди укажуваат на голем број на изумрени таксони на семени растенија. Меѓу првите успешни групи на конпени растенија се вбројуваат таканаречените „семени папрати“ (Pteridospermae), кои доминирале во доцниот палеозоик. Најзастапениот род на дрва на суперконтинентот Гондвана за време на периодот перм биле јазиколиснатите (Glossopteris). Веќе во тријасот, еколошкото значење на семените папрати опаднало, а кон крајот на кредата изобилувале и доминирале членовите на денешните голосемени групи, со распространувањето на скриеносемениците. Други веројатно семени растенија од доцнопалеозојската група биле џиновскoлиснатите (Gigantopteridales).
Врски и номенклатура
уредиголосеменици |
| |||||||||||||||||||||
Меѓутоа односот помеѓу овие групи не треба да се смета за конечно решен.[2]
Современата номенклатура ги дели групите на посебни оддели (збирно нарекувајќи ги „надоддел семени растенија“):
Наводи
уреди- ↑ Chung-Shien Wu, Ya-Nan Wang, Shu-Mei Liu and Shu-Miaw Chaw (2007). „Chloroplast Genome (cpDNA) of Cycas taitungensis and 56 cp Protein-Coding Genes of Gnetum parvifolium: Insights into cpDNA Evolution and Phylogeny of Extant Seed Plants“. Molecular Biology and Evolution. 24 (6): 1366–1379. doi:10.1093/molbev/msm059. PMID 17383970.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
- ↑ Won, Hyosig; Renner, Susanne (2006). „Dating Dispersal and Radiation in the Gymnosperm Gnetum (Gnetales)—Clock Calibration When Outgroup Relationships Are Uncertain“. Systematic Biology. 55 (4): 610–622. doi:10.1080/10635150600812619. PMID 16969937.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)