Space Exploration Technologies Corporation, попозната како SpaceX (се чита: Спејс екс) — американска вселенска компанија со седиште во Хоторн, Калифорнија. Компанијата е основана и финансирана од јужноафриканскиот милионер и претприемач Илон Маск — еден од соосновачите на платежниот систем „Пејпал“ и извршен директор на „Тесла“. Компанијата развива носечки ракети, ракетни мотори, вселенски летала и други вселенски системи. SpaceX е избрана од НАСА за нејзината програма за комерцијални логистички услуги на Меѓународната вселенска станица. На 8 април 2016 г., SpaceX го извршила првото успешно слетување на првата носечка ракета Фалкон-9 на морската платформа ASDS (Autonomous spaceport drone ship).

Спејс екс
Трговско име
SpaceX
Видприватна
Основано6 мај 2002[1]
ОсновачИлон Маск
Седиште
Хоторн, Калифорнија
,
Клучни личности
Илон Маск
Производивселенски технологии
Доход2 милијарди долари (2018)[2]
СопственикИлон Маск
Вработени
12.000[3] (април 2022)
ПодружнициSwarm Technologies
Мреж. местоspacex.com Уредете го ова на Википодатоците

Наводи

уреди
  1. „Delaware Business Search (File # 3500808 – Space Exploration Technologies Corp)“. Delaware Department of State: Division of Corporations. Архивирано од изворникот 20 September 2016. Посетено на 1 February 2022.
  2. „SpaceX is the No. 1 rocket company by revenue, with $2 billion last year, Jefferies estimates“. CNBC. 20 May 2019. Архивирано од изворникот 20 May 2019. Посетено на 20 May 2019.
  3. „[Exclusive] Elon Musk: A future worth getting excited about – TED – Tesla Gigafactory interview“. TED (conference). Архивирано од изворникот 19 April 2022. Посетено на 19 April 2022 – преку YouTube.

Надворешни врски

уреди