36-тата одаја на Шаолин

(Пренасочено од Shaolin Master Killer)

36-тата одаја на Шаолин (кинески: 少林三十六房, Ша̀о Ли́н сāн ше́ љу̀ фа́нг, англ. The 36th Chamber of Shaolin), познат и како Мајстор-убиец и Мајсторот-убиец од Шаолинкунг-фу филм во продукција на Браќата Шо, режиран од Љу Ѓаљанг, чија главна улога ја толкува Гордон Љу. Се смета за најлегендарниот и најдобриот кунг-фу филм на сите времиња.

„36-тата одаја на Шаолин
The 36th Chamber of Shaolin“
Постер за 36-тата одаја на Шаолин
РежисерЉу Ѓаљанг
ПродуцентМона Фонг
Жун Жун Шо
СценаристИ Куанг
Главни улогиГодрон Љу
Луо Лие
МузикаЧен Јунг-Ји
КинематографијаХуанг Је-тај
МонтажаГеунг Хинг Лунг
Ли Јен-Хаи
ДистрибутерБраќа Шо
(Хонгконг)
Ворлд Нортал (САД) (дублиран)
ПремиераХонгконг 1978
САД 1 јуни 1979
Времетраење115 минути
ЈазикМандарински
СледенВраќање во 36-тата одаја

Приказната во филмот е измислена, но заснована на живото и делото на Сан Те, легендарен ученик на боречки вештини кој вежбал под раководство на војсководецот Чи Шан, толкуван од Гордон Љу, посвоен брат на режисерот.

„36-тата одаја на Шаолин“ надекаде се смета за најдобриот кунг-фу филм на сите времиња и клучен момент во кариерата на режисерот и глумецот.[1][2][3] По овој филм следел продолжетокот под наслов Враќање во 36-тата одаја, кој бил покомичен, со Гордон Љу како главен лик и спореден глумец кој ја толкувал улогата на Сан Те, како и Учениците од 36-тата одаја.

Дејствие

уреди

Младиот ученик е поведен од неговиот наставник-активист во локалниот бунт против манџурска власт. Властите го задушуваат бунтот и го ликвидираат училиштето, со тоа што ги убиваат и нивните пријатели и семејства. The young man seeks vengeance. Повреден од нападот на манџурските активисти, главнот лик бега во Шаолинскиот храм и бара да го научат кунг-фу. Отпрвин будистичките монаси го одбиваат како , но главниот игуменот се смилостивува, па го задржува момчето. Една година подоцна, младичот започнува со боречките вежби во 35-те одаи на храмот и напредува подобро од било кој друг ученик.

Меѓутоа, како што се наближува крајот на учењето, храмот го „истерува“ како маска за да може да му помогне на народот против угнетувачите. Така младичот се враќа во неговото родно место, и му помага на народот со тоа што ги учи боречки вештини. Пред завршетокот на политичката револуција која тој ја поттикнува, принуден е да се бори против неговиот соперник - функционер. На крај тој победува и се враќа во шаолинскиот храм, каде отвора нова, 36-та одаја, во која обичниот народ може да учи кунг-фу без да треба да стане монах.

Дистрибуција

уреди

Филмот добил ДВД издание во азиската издавачка куќа на Вајнштајн Компани, Драгон Династи на 19 јуни 2007. ДВД-то содржи коментари од РЗА и филмскиот критичар Анди Клајн, како и интервју со Гордон Љу.

Прием

уреди

„36-тата одаја на Шаолин“ нашироко се смета за најдобриот кунг-фу филм во историјата и за високовлијателно дело во својот жанр.[1][2][3]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Pollard, Mark (2007-06-26). „Movie Reviews: 36th Chamber of Shaolin. Kung Fu Cinema. Архивирано од изворникот на 2012-12-10. Посетено на 2008-07-18.
  2. 2,0 2,1 Neveu, Janick (2003-08-27). 36th Chamber of Shaolin Review“. Kung Fu Cult Cinema. Архивирано од изворникот на 2008-05-14. Посетено на 2008-07-18.
  3. 3,0 3,1 Sanjuro (2003). „Reviews: The 36th Chamber of Shaolin. LoveHKFilm.com.