Samo navika
„Samo navika“ (македонски: Само навика) е песна од хрватскиот поп бенд Магазин. Издадена е во 1996 година, а се нашла на дванаесеттиот студиски албум на бендот, односно на првиот студиски албум на бендот со Јелена Розга како главен вокал, насловен Nebo boje moje ljubavi (Небо во бојата на мојата љубов). Како и најголемиот број песни на албумот, песната е напишана од страна на хрватскиот музичар и композитор Тончи Хуљиќ и поетесата и текстописец Вјекослава Хуљиќ. Арамжанот бил завршен од страна на Федор Боиќ. Песната го вклучува хрватскиот пејач Оливер Драгојевиќ како придружен артист. Со цел да се промовира песната, бендот има снимено музичко видео и ја има изведено во живо за време на концерти низ пост-југословенскиот регион. Откако ја започнала својата соло кариера, пејачката ја вклучила песната за време на некои настапи во живо.
„Samo navika“ | ||||
---|---|---|---|---|
сингл од Магазин | ||||
од албумот Nebo boje moje ljubavi | ||||
Пуштена | 1996 | |||
Снимена | 1996 | |||
Жанр | ||||
Должина | 4:12 | |||
Марка | Кроација Рекордс | |||
Песнописец | ||||
Продуцент(и) | ||||
Магазин ― синглова хронологија | ||||
| ||||
Музичко видео | ||||
„Samo navika“ (Официјално видео) на YouTube |
Музичко видео
уредиСо цел да ја промовира песната, групата снима музичко видео кое е излезено во истата година како песната. Тоа започнува со снимка од Тончи Хуљич пред виолетова позадина додека сини цветови паѓаат одозгора пред него. Ова е проследено со снимка од Јелена Розга која лежи на виолетова прекривка, има кармин на усните и златни прстени на прстите и лежи додека сините цветчиња паѓаат врз нејзиното лице. Нареден се појавува Оливер Драгојевиќ којшто носи темни очила за сонце и позира пред виолетовата позадина. Како што почнува песната, Розга, овојпат облечена во розева кошула, ја пее пред фонтана, додека во позадина може да се видат сини цветови како и бендот кој ја свири песната. Розга повторно е прикажана како лежи и ја пее песната со сините цветчиња, а за време на рефренот, снимки од неа и Оливер Драгојевиќ како ја пејат песната се прикажани. Во остатокот од видеото, овие сцени се прикажуваат наизменично. Во некои делови, исто така е прикажан и бендот зад Розга и Драгојевиќ, како ја пее песната пред фонтаната.[1]