„Nebo boje moje ljubavi“ (македонски: Небо во боја на мојата љубов) е песна од хрватскиот поп бенд Магазин. Издадена е во 1996 година, а се нашла на дванаесеттиот студиски албум на бендот, односно на првиот студиски албум на бендот со Јелена Розга како главен вокал, насловен Nebo boje moje ljubavi (Небо во бојата на мојата љубов). Како и најголемиот број песни на албумот, песната е напишана од страна на хрватскиот музичар и композитор Тончи Хуљиќ и поетесата и текстописец Вјекослава Хуљиќ. Арамжанот бил завршен од страна на Федор Боиќ. Со цел да се промовира песната, бендот ја има изведено во живо за време на концерти низ пост-југословенскиот регион. Откако ја започнала својата соло кариера, песната исто така била изведена за време на некои настапи во живо од пејачката. Така, при гостувањето во емисијата „Living room acoustic“ од радио станицата bravo! на 19 мај 2022, Розга ја извела песната во микс заедно со песните „Minut' srca tvog“ ( Минута на срцето твое) и „Ginem“ (Гинам).[1]