Пастрмка
Пастрмка Период: Миоцен - денес[1] | |
---|---|
Атлантски лосос (Salmo salar) | |
Научна класификација | |
Царство: | Животни |
Колено: | Хордати |
Класа: | Зракоперки |
Ред: | Пастрмковидни |
Семејство: | Пастрмки |
Потсемејство: | Пастрмки |
Род: | Пастрмка (Linnaeus, 1758) |
Видови | |
|
Пастрмка (науч. Salmo) — род на риби од семејството на пастрмките (Salmonidae) каде спаѓаат пастрмките и лососите, од кои најпознати се охридската пастрмка (Salmo letnica), речната пастрмка (Salmo trutta), атлантскиот лосос (Salmo salar) и други. Родот живее претежно во Европа. Само ареалот на атлантскиот лосос се протега до северните краишта на Северна Америка. Пастрмките и лососите од Тихиот Океан припаѓаат на друг род, наречен куконосни (Onchorhynchus).
Бројот на посебни видови и подвидови во родот Пастрмки е спорен. Атлантскиот лосос и речната пастрмка се широко распространети видови, но највеќето други таксони се ендемски на еден слив (тука спаѓаат охридската пастрмка со подвидовите летница, струшка пастрмка, охридска белвица итн).
Видови
уредиНа базата FishBase се наведени следниве признаени видови:[2]
- Salmo akairos
- Salmo aphelios
- Salmo balcanicus - балканска пастрмка
- Salmo carpio
- Salmo cettii
- Salmo dentex
- Salmo ezenami
- Salmo farioides - радичка пастрмка
- Salmo ferox
- Salmo fibreni
- Salmo ischchan – севанска пастрмка („ишхан“)
- Salmo labrax – црноморски лосос
- Salmo letnica – охридска пастрмка
- Salmo lumi
- Salmo macedonicus - македонска пастрмка
- Salmo marmoratus - главатица
- Salmo nigripinnis
- Salmo obtusirostris – гарска пастрмка
- Salmo pallaryi
- Salmo pelagonicus - пелагониска пастрмка
- Salmo peristericus - перистерска пастрмка
- Salmo platycephalus – турска пастрмка
- Salmo ohridanus
- Salmo rhodanensis
- Salmo rizeensis
- Salmo salar – атлантски лосос
- Salmo schiefermuelleri
- Salmo stomachicus – ирска пастрмка („гилару“)
- Salmo taleri
- Salmo trutta - речна пастрмка
- Salmo trutta aralensis – аралска пастрмка
- Salmo trutta fario
- Salmo trutta lacustris
- Salmo trutta macrostigma
- Salmo trutta oxianus – амударјанска пастрмка
- Salmo trutta trutta – морска пастрмка
- Salmo visovacensis
- Salmo zrmanjaensis
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Sepkoski, Jack (2002). „A compendium of fossil marine animal genera“. Bulletins of American Paleontology. 364: стр. 560. Архивирано од изворникот на 2011-07-23. Посетено на 8 јануари 2008.
- ↑ Признаени видови на Пастрмки (Salmo) - FishBase, проверено на 19 февруари 2011 (англиски)
- „Пастрмки (Salmo)“. Обединет таксономски информативен систем. Посетено на 12 декември 2004. (англиски)