Балканска пастрмка

видови риби
Балканска пастрмка
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордати
Класа: Зракоперки
Ред: Лососовидни
Семејство: Лососи
Род: Пастрмка
Вид: Балканска пастрмка
Научен назив
Salmo balcanicus
(Караман, 1927)

Балканска пастрмка (Salmo balcanicus) е вид на риба од фамилијата Salmonidae. Се наоѓа во Албанија и Македонија. Нејзиното природно живеалиште се езерата.

Според Караман, живее во Охридското Езеро и реката Дрим, а уште ја има и во Скадарското Езеро. Според него, видот е најверојатано преглацијален. Се одликува со големи заби, па тој во почетокот ја опишал како Salmo dentex, за после две години истиот вид да го опише како Salmo balcanicus. Бројот на пилорични израстоци е 49-74. Главата е релативно тесна, како и челото, кое е заоблено. Муцката е шилеста. Телото е покриено со црни и црвени флеки, но црвените често отсуствуваат, а кога се присутни, поредени се само по страничната линија. Достигнува до 2 кг маса.

Извор

уреди