Преспанска пастрмка

вид риба
(Пренасочено од Salmo peristericus)
Перистерска пастрмка
Научна класификација
Царство: Animalia
Колено: Chordata
Класа: Actinopterygii
Ред: Salmoniformes
Семејство: Salmonidae
Род: Salmo
Вид: S. peristericus
Научен назив
Salmo peristericus
S. L. Karaman, 1938

Перистерската пастрмка (брајчинска пастрмка)[1](Salmo peristericus) е риба од фамилијата Salmonidae која живее во Македонија и Грција. Во Македонија живее во Брајчинска Река (која се влева во Преспанско Езеро) и се одликува со мал број темни пеги на телото. Ретко достигнува повеќе од 1 кг. Моментално не е особено загрозена.

Опис и распространетост

уреди

Речната пастрмка е риба на ладните планински потоци и рекички, поретко на поголемите чисти, бистри, незагадени реки богати со кислород растворен во водата и со мали колебања на температурата. Во наведените водени биотопи се задржува поединечно претежно во тесно подрачје при дното на водотекот, во подлабоките вирови и тешко пристапните крајбражни делови. Многу ретко се среќава во водите на Преспанско Езеро. Честа е скоро во сите притоки а најзастапена е во Брајчинска Река.Телото е и збиено, вретенесто што и го олеснува движењето низ водата дури и во правец спротивен од водниот тек како и скокање преку високи препреки и брани. Бојата на телото варира во зависност од местото на нејзиното живеење, од бијата на подлогата (дното) проѕирноста на водата, староста, полот и др. Основната боја на пелистерската пастрмке е маслинесто сива до темносива, со посветли и жолтеникаво-сиви преливина бочните страни на телото. Жабрените капаци, грбот, бочните страни на телото како и грбната перка се испрскани со бројни црни и црвени дамки обрабени со посветли рабови. Целото тело на пелистерската пастрмка е покриено со ситни лушпи.[1]

Основни биолошки одлики

уреди

Полова зрелост единките на пелистерската пастрмка достигнуваат во текот на третата и четвртата година од животот. Релативната плодност на овој вид се движи од 1500 до 2500 зрна икра во однос на 1 кг телесна маса. Пречникот на икрата е во границите од 3.1 до 6.9 мм во зависност од големината на рибата и староста. Половиот диморфизам кај пелистерската пастрмка посебно е изразен во периодот на нејзино размножување. Во тој период полово зрелите женки имаат заоблен стомак, додека околу половиот отвор се забележува поголем зацрвенет оток. Мажјаците се интензивно обоени, стомакот им е тесен и заоблен, половиот отвор е без отоци и забележителни интензивни црвенила. Посебно кај постарите мажјаци се јавува изразена деформација на долната вилица која е продолжена со врвот завртен кон горе или назад во вид на клун. Мрестниот период на пелистерската пастрмка е обично во периодот ноември и декември, поретко во октомври и јануари, и е променлив во зависност од температурата на водата. Во текот на сезона за мрест пелистерската пастрмка мигрира кон изворишните делови на притоките на Преспанското Езеро каде се мрести. За природни мрестилишта таа избира делови кои се каменесто-песочни и плитки до 50 см. На мрестниот локалитет прво доаѓаат женките кои копаат мали јамички во кои ги полагаат икрите, а веднаш потоа мажјаците ги заливаат икрите со млеч. Откако икрата ќе биде оплодена со помош на ритмички движења со опашната перка и телото рибите ги покриваат оплодените икри со песок и ситни камчиња со што ги заштитуваат. Потоа, матиците го напуштаат мрестниот локалитет и се враќаат во местата на живеење. Периодот на развој на ембрионот од оплодена икра до излупување е различен и зависи од температурата на водата. Така на пример при температура на водата од 8 °C за излупување на личинките е потрбно 60 - 65 дена додека при пониски температури и подолго. При повисоки температури 10-11 °C излупувањето е за 40-45 дена. Личинките на пелистерската пастрмка обично се излупуваат во јануари и февруари. Во деловите на природните мрестилишта подмладокот останува до почетокот на есента. Во тој период достигнува големина од околу 10 см после што постепено се спушта во подлабоките делови на водотекот па и во Езерото. При спуштањето бара и одбира погодни станишта кои ги населува и во кои се здржува во подолг период од животот. Устата на пелистерската пастрмка е голема и полна со наназад свртени остри и јаки заби, а и желудникот е широк и слаб, па спрема тоа и пелистерската пастрмка како и осдтанатите пастрмки е изразит грабливец. Се храни претежно со фауна на дното, ларви на разни инсекти, инсекти, ракови како и со некои други без’рбетници, меѓутоа и со помали рипчиња од други видови, па и со сопствен подмладок.[1]

Значење

уреди

Има исклучително големо значење од аспект на рекреативен и спортски риболов. Основен објект на риболов е на високопланинските салмонидни потоци. Се лови на вештачки мамки (блинкер, воблер, мушица). Риболовот на пастрмка е исклучително привлечен и се одликува со специфики и особености. Пелистерската пастрмка е редок вид со многу мал ареал на распространување па затоа е ставен на црвениот список на МСЗП.[1]

Извори

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 Службен весник на Р.М. бр.145 2011 г.