SDEWES Центар
SDEWES (eng: Sustainable Development of Energy, Water and Environment Systems) e Центар за одржлив развој на енергетски, водни и околински системи и претставува меѓународна, невладина, научна организација со седиште при Универзитетот во Загреб, Хрватска.[1][2]
Мисија
уредиЦентарот SDEWES организира курсеви, летни школи, јавни предавања, семинари и работилници со цел да се промовира одржливиот развој на енергетските, водните и околинските системи и дава професионално мислење за одржливоста и метриката за одржливост. Центарот исто така организира серија на меѓународни SDEWES конференции за научниците да ги дискутираат прашањата за одржливост на енергетски, водни и околински системи. Преку овие активности, центарот SDEWES обезбедува широка платформа на делување со капацитет за комплетна самостојна изведба на научни проекти, како и проценка и консултација за истражувачки проблеми од областа на одржливиот развој.[3]
Историја
уредиSDEWES почна како проект кофинансиран од CORDIS во рамките на FP5-INCO 2 [4] програмата во 2002 година, кога во Дубровник се одржа првата конференција за одржлив развој на енергетските, водните и околинските системи. Партнери во овој проект беа Универзитетот од Загреб и Instituto Superior Técnico од Лисабон. По организирањето на уште три конференции (2003, 2005 и 2007), во 2009 година формиран е Центарот SDEWES. Оттогаш се организирани уште седум конференции, во 2009, 2011, 2012, 2013, 2014 и 2015 година.
Членство
уредиСогласно одредбите на статутот, секој може да стане член при еднакви услови за пријавување.
Конференции
уредиДо 2011 година SDEWES конференциите се одржуваа на секои две години во Дубровник. Од 2012 година SDEWES постанува годишна конференција, но со географско обележје – на секои две години се одржува во Дубровник, а годините измеѓу на други локации.
SDEWES 2012 се одржа во Охрид, а во 2014 година на брод помеѓу Венеција и Истанбул.[5]
Во 2014 година, првата регионална SEE SDEWES се одржа во Охрид, Македонија, и се однесуваше на Југоисточна Европа.[6]
Во 2015 година, 10-тата SDEWES конференција се одржа во Дубровник, со учество на 510 научници од преку 60 земји.[7]
Во 2016 година, втората регионална SEE SDEWES конференција ќе се одржи во Пиран, Словенија.[8]
Трудовите презентирани на конференциите се објавуваат во научни списанија, меѓу кои е и списанието SDEWES.[9]
Учество во проекти
уредиНаучно-истражувачките активности на центарот предвидуваат формирање на научни тимови за изведување на проекти. Во 2015 година, се работи на два проекти финансирани EU FP7 програмата [10][11], еден финансиран од Horizon 2020 програмата [12], и еден од фондот START во рамки на стратегијата од Европската унија за унапредување на дунавскиот регион.
SDEWES Index
уредиСогласно програмските одредници за работата на Центарот е развиен SDEWES индекс со цел да се оценуваат градови по параметри врзани со енергетиката, водата и животната средина. SDEWES индексот е моментално одреден кај 58 градови, а содржи 7 димензии, 35 индикатори и 20 суб-индикатори.[13]
SDEWES-Скопје
уредиМакедонскиот огранок од Центарот SDEWES привлекува научни и стручни кадри од висок ранг и широк опсег на дисциплини во областа на одржливиот развој на енергетските, водните и околинските системи. Целта е да се обезбеди научна поддршка при донесување одлуки и стратешкото планирање во следните области:
- Климатски промени (инвентаризација и проекциja за емисиите на стакленичките гасови и цели за нивно намалување)[14]
- Енергија (планирање, политики, цели)
- Одржлив развој (планирање, интра- и интер- секторско делување, метрика и индикатори, потенцијали, модели, трошоци и добивки)
- Стратегии за развој со ниски емисии (Low Emission Development Strategies, LEDS)
- Зелена економија и добро владеење
Наведените проблеми ќе бидат разработени преку планиран и балансиран опсег активности кои предвидуваат:
- Моделирање и интегративно проценување со цел да се обезбеди солидна основа за информирано донесување одлуки.
- Обука и градење на капацитети преку организација на работилници и конференции со цел да се профилираат стручни аналитичари и научно-потковани политичари.
- Поддршка за ангажирање на чинителите и социјален маркетинг, со цел да се овозможи и зајакне партиципативниот пристап во процесот на донесување одлуки и и да се мотивираат промените во однесувањето.
Споменатите активности на SDEWES-Скопје би можеле да бидат проширени и на регионално ниво со вклучување на соседни земји-членки како и земји со кандидатски статус за интеграција со Европската унија. Ова би било во склад со заложбите за координација и интеграција на заедничките предизвици и за посилни ефекти од заедничките напори во нивно решавање.
Проекти
уредиLOCSEE (Low Carbon South East Europe)[15]
Наводи
уреди- ↑ European Alliance for Innovation Архивирано на 18 јуни 2015 г., (retrieved 2015-06-18)
- ↑ Wisions of sustainability Архивирано на 12 февруари 2017 г., (retrieved 2015-06-18)
- ↑ World academy of art and science Архивирано на 18 јуни 2015 г., (retrieved 2015-05-05)
- ↑ SDEWES project funded by CORDIS (retrieved 2015-06-17)
- ↑ Global Conference Directory Архивирано на 17 јуни 2015 г., (retrieved 2015-05-15)
- ↑ LOCSEE on 1st South East European Conference on Sustainable Development of Energy, Water and Environment Systems - SEE SDEWES Ohrid 2014 Архивирано на 4 март 2016 г. (retrieved 2015-06-18)
- ↑ PREPARE - Network of experts in sustainable consumption and production Архивирано на 19 ноември 2015 г., (retrieved 2015-05-19)
- ↑ Piran conference announced by Escape Архивирано на 3 март 2016 г. (retrieved 2015-10-19)
- ↑ Elsevier, (retrieved 2015-06-18)
- ↑ S2Biom project, (retrieved 2015-05-05)
- ↑ INNOVER-EAST project Архивирано на 18 октомври 2015 г., (retrieved 2015-05-05)
- ↑ FosterREG project, (retrieved 2015-06-17)
- ↑ „SDEWES Centre - SDEWES Index“. www.sdewes.org. Посетено на 2015-10-17.
- ↑ Климатски промени - Македонија
- ↑ „LOCSEE project“. Архивирано од изворникот на 2015-09-13. Посетено на 2015-10-24.
Надворешни врски
уреди- Decarboni.se Архивирано на 17 март 2015 г.
- Managenergy about SDEWES2014 Conference Архивирано на 23 јули 2014 г.
- EcoIQ list of NGOs involved in sustainable development Архивирано на 3 март 2016 г.
- Regional portal for scientific organisations
- Net4society on SDEWES 2015