Ролс-Ројс Фантом III

(Пренасочено од Rolls-Royce Phantom III)

Фантом III (Phantom III) бил последниот голем предвоен Ролс-Ројс. Се појавил на пазарот во 1936 год, наместо неговиот претходник Фантом II.

Ролс-Ројс Фантом III
Лимузина од 1937 година направена од Артур Мулинер

Ова возило се раликувало од другите по својот целосно алуминиумски V12 мотор. Со 95.2 mm пречник и 114.3 mm клип, новите дванаесет цилиндри биле со зафатнина од 7.3 Л (7338 КС). Ова бил мотор со надвентили управувани од едно коленесто вратило помеѓу лежиштата на цилиндрите. Ова е последниот V12 Ролс-Ројс сѐ до 1998, со појавувањето на моделот Сребрен Серафим.

Друга важна одлика на автомобилот била самостојната амортизација напред, заснована на конструкција од Џенерал Моторс. Оваа амортизација на принцип на спирална пружина била дополнета со додатна полуелиптична пружина одзади.

И тука наоѓаме 4-брзински рачен менувач со синхронизиран пренос на 2-рата, 3-тата, и 4-тата брзина. Во 1938 била додадена и петта брзина (овердрајв). Возилото имало и серво-кочници на сите четири тркала.

Надворешни врски

уреди