R. E. M. (музички албум)

музички албум

R. E. M. — музички албум на македонската рок-група „Funk Shui“.

Содржина

уреди

Албумот содржи 10 песни:[1]

  1. Огледала
  2. Дом
  3. Little wing
  4. No esé
  5. Грла јарци
  6. Деца
  7. Одење по жица над поле полно памук
  8. Ме газат
  9. Touch and go
  10. Огледала II

Опис на албумот

уреди

Музиката за сите песни (освен третата која е компонирана од Џими Хендрикс) е дело на групата, а текстовите ги напишал Лука Ѓоргиевски, освен третата (дело на Хендиркс) и осмата (дело на Ристо Солунчев). Песните се снимени од Ристо Намичев во „22 Студио“; песните се миксирани и мастерирани од Драган Гиновски - Гино, освен првата и четвртата за кои миксот и мастерингот ги направил Намичев; албумот го дизајнирал Намичев. Покрај членовите на групата: Лука Ѓоргиевски (гитара, пијано и вокал), Давид Николовски (тапани) и Михаил Намичев (бас-гитара), на албумот настапуваат и: Ристо Солунчев (вокал на осмата песна) и Ема Јовановиќ и Мона Јовческа (придружни вокали на десеттата песна). На албумот е наведена следнава порака од челновите на групата: „Кога во една заедница спортот е кислород, науката е мозокот, музиката е духот а ликовноста фиктивниот корпус, не би сакале да ѝ попуштиме на апатијата пред духовната живост. Звуците на овој албум се вознемирувачки, повремено непожелни, скоро никогаш афирмативни кон индиферентноста. Пеењата врз овие звуци се најдобро изведени во однос на способноста и можностите на изведувачот и тежнеат да бидат искрени и поттикнувачки пред совршени и лесно восприемливи. Текстуалниот израз од пеењата е ненамерно создаден, е цврсто втемелен со вистинитоста на доживувањата и чувствата за идеите од каде што и во целост потекнува. Формите на „поезијата“ се најчесто асоцијативни, додека користењето на симболи го оформува нејасниот изглед на истите. Темите во целост се тек на мисла наместо отсликување на секојдневни појави, луѓе, случувања и сл. Сигурни сме дека сликите од овој албум ќе ви ја растреперат главата и рашират духот, најмалку додека ги создавате, повеќе кога ќе допрат, најмногу кога ќе дозволите.“.[2]

Наводи

уреди
  1. Funk Shui, R.E.M., TR003, 22 Records.
  2. Funk Shui, R.E.M., TR003, 22 Records.