Pismo-glava“ (македонски: Писмо или глава) е песна од хрватската поп пејачка Јелена Розга од нејзиниот трет студиски албум Moderna žena (2016). „Pismo-glava“ е напишана од хрватската поетеса и текстописец Вјекослава Хуљиќ, а во аранжман и продукција е на Тончи Хуљиќ. „Pismo-glava“ е премиерно прикажана на Накси радио во Белград, Србија на 2 декември 2016 година. Издадена е како сингл преку Кроација рекордс на 8 декември 2016 година. „Pismo-glava“ е емотивна балада со бавно темпо, која ги изразува љубовните чувства на главниот женски лик кон нејзиниот машки партнер којшто се сомнева. Неколку музички критичари го пофалуваат звукот на песната, кој го препознаваат како типичен за пејачката. „Pismo-glava“ е комерцијално успешен во Хрватска каде што успева да дебитира и да се искачи на петтото место на HR Топ 40 за неделата која завршува на 8 декември 2016 година.

„Pismo-glava“
сингл од Јелена Розга
од албумот Moderna žena
Пуштена8 декември 2016 (2016-12-08)
Снимена2016
Жанр
Должина4:16
МаркаКроација Рекордс
Песнописец
Продуцент(и)
Јелена Розга ― синглова хронологија
"Nasljednik"
(2016)
"Pismo-glava"
(2016)
"Moderna žena"
(2016)
Музичко видео
"Pismo-Glava" на YouTube

Придружното музичко видео за „Pismo-glava“ во режија на Дарко Дриновац е премиерно прикажано на официјалниот Јутјуб канал на пејачката на 8 декември 2016 година. На видеото, снимено во есенски амбиент и во близина на замок, се гледа како Розга ја изведува песната, додека се појавува облечена во неколку фустани, позирајќи пред филмските камери. Модниот стил, целокупниот изглед и сексапилот на пејачката во клипот добиваат пофалби од критичарите. Од 2022 година, видеото е гледано повеќе од 10 милиони пати на Јутјуб. „Pismo-glava“ е изведена во живо за време на телевизискиот настап на 18. Вечерњаков печат кој се одржува на 18 мај 2018 година во Мостар, Босна и Херцеговина. Песната е подоцна вклучена во сетот на концертите и свирките во живо на Розга.

Заднина

уреди

„Pismo-glava“ првпат е најавена како водечки сингл од третиот студиски албум на Јелена Розга „Moderna zena“ на крајот на ноември 2016 година на Народни радио . Песната има ексклузивно еднократно емитување на 2 декември на Накси радио во Белград, Србија.[1] На 8 декември 2016 година, „Pismo-glava“ е издаден како сингл, 8 дена пред објавувањето на албумот.[2] Како и со сите други песни на албумот, „Pismo-glava“ е напишана од хрватската поетеса и текстописец Вјекослава Хуљиќ, а аранжманот и продукцијата се на Тончи Хуљиќ . Аранжманот на песната е од Душан Васиќ и Лео Шкаро.[3]

Музички, песната е емотивна балада која зборува за љубовта на женскиот лик кон нејзиниот машки партнер, кој многу се сомнева и „малку ја сака, па повторно не ја сака“.[4][5] За време на рефренот, протагонистката одлучува да фрли паричка, оставајќи писмото или главата да одлучуваат додека таа ги држи очите затворени и покрај тоа што знае дека без разлика на која страна паѓа паричката, таа сепак ќе го избере истиот партнер за кој пеела претходно.[5] За време на интервју пред нејзиното објавување, Розга ја опишува концепцијата и текстот на песната: „'Pismo-glava' е песна што ми ја допре душата. Кога го читав само текстот на песната додека мелодијата сè уште не беше готова, заплакав и знаев... Имам песна за себе и за сите жени“.[2][6] Новинар од хрватскиот весник „Јутарњи лист“ и писателот на словенечката веб-страница si21.com ја опишуваат песната како „прекрасна“.[5][7] Писател на Телеграф.рс сметал дека „Pismo-glava“ е во „препознатливиот поп звук на пејачката, кој според мислењето на многумина е насоката која најмногу ѝ одговара“.[8] Сличен опис понудува и новинар на Story.hr, кој во рецензијата за албумот Moderna žena ја опишува како „класична поп балада“ заедно со „Cirkus“ („Циркус“).[9]

На 21 март 2018 година, Розга снима тамбурашки акустични обработки на „Pismo-Glava“ и „Bižuterija“ („Бижутерија“) за албумот Prijatelji Tamburice. Оваа верзија на песната ја аранжирал Ервин Малина.[10]

Музичко видео

уреди

На 2 декември 2016, за време на радио премиерата на песната, Розга споделила промотивна фотографија на нејзиниот официјален профил на Инстаграм земен од придружното музичко видео којшто ја прикажал облечена во златен фустан. На 8 декември, клипот за песната, режирана од Дарко Дриновац, бил издаден на официјалната Фејсбук страница на пејачката и на нејзиниот канал на Јутјуб на 8 декември 2016.[2] Џон Павлиш служел како режисер на фотографија.[11] Изгледите на Розга биле финализирани од Саша Ковковиќ кој се погрижил за нејзината шминка, Антонија Николиќ која се погрижила за фризурата и Мате Рончевиќ за нејзиниот целосен стил. Во една од сцените, пејачката е облечена во елегантен црвен ноќен фустан дизајниран од Дијана Виљевац.[4]

Музичкото видео започнува со Розга која бавно чекори кон камерата и го пее текстот на песната, а е опкружена од голи дрвја во есенска идила. За почетните сцени таа е облечена во златен фустан и има кружни бели и жолти обетки. Наскоро, таа зачекорува на црвена платформа додека има камери кои ја опкружуваат. Видеото потоа ја прикажува во внатрешноста на зграда, облечена во црвен фустан и златни обетки додека го пее текстот од песната. По ова следи промена на нејзиниот изглед и сега се појавува во бел фустан во наредната сцена и во светлокафеав костум во наредната. Кон ова се појавуваат сцени од пејачката како трча во ходник, како позира за камерата и пее покрај дрвјата. Во втората половина од песната, Розга се појавува облечена во розов фустан и видеото ги прикажува сите нејзини изгледи. Фотограф којшто носи очила исто така се појавува покрај Розга и ѝ прави неколку слики во различни сцени од видеото.

Модниот стил на пејачката во видеото бил пофален од страна на новинар за порталот Net.hr според кого таа блескала во музичкото видео.[4] Друг пишувач за српскиот Telegraf.rs го пофалил нејзиниот изглед како „посексапилен од кога било“.[8] На сличен начин, новинар од македонскиот весник Република споделил дека „никогаш не изгледала поатрактивно“ во видеото коешто било преполно со сцени кои го доведуваат „нејзиниот сексапил во преден план“.[12] Исто така, фотографската работа на Павлиш била опишана како „супер“ од страна на Тена Брнад за порталот Lika Club EU.[13] Во првата недела од издавањето, музичкото видео било прегледано повеќе од 1 милион пати на Јутјуб.[14] Од октомври 2022, видеото имало повеќе од 10 милиони прегледи на платформата.[15]

Настапи во живо

уреди

Пејачката ја изведува „Pismo-glava“ за време на телевизискиот настап на 18. Вечерњаков печат одржан во Мостар, Босна и Херцеговина на 18 мај.[16] Песната е вклучена и на сет листата за време на многу концерти на пејачката во постјугословенскиот регион. На 3 мај 2020 година, таа изведува акустична верзија од песната, заедно со Милан Терзе на гитара, за време на еден од нејзините домашни концерти во живо на Инстаграм одржан среде пандемијата на КОВИД-19.[17]

Табели

уреди

Во неделата по нејзината премиера на радио, „Pismo-glava“ дебитира на петтото место на топ 40 топ листите на ХР во Хрватска за неделата што завршува на 8 декември 2016 година [18] Во следните две недели, синглот падна на позиции број 13 и 15 на табелата.[19][20] Последен пат е виден на табелата за неделата што завршува на 16 февруари 2017 година на број 39, откако поминува вкупно 11 недели во првите 40 места.[21]

Изведба на топ листи за „Писмо-глава“
Табела (2016) Највисока позиција
Хрватска ( HR Топ 40 ) [18] 5

Кредити

уреди

Информациите за кредитите и персоналот на „Pismo-glava“ се преземени од изданието на синглот на Discogs .[3]

  • Јелена Розга – вокал
  • Вјекослава Хуљиќ – текстописец
  • Тончи Хуљиќ – музика, аранжман
  • Душан Васиќ – аранжман
  • Лео Шкаро – аранжман

Наводи

уреди
  1. „Jelena Rozga: Pismo glava pretpremijerno na Naxiju“ [Jelena Rozga: Pismo glava Exclusively on Naxi] (српски). Naxi Radio. 2 December 2016. Посетено на 15 November 2022.
  2. 2,0 2,1 2,2 „Jelena Rozga ima novi hit: Zaplakala sam kad sam pročitala stihove“ [Jelena Rozga has a new hit: I cried when I read the lyrics]. Večernji list (хрватски). 8 December 2016. Посетено на 12 September 2021.
  3. 3,0 3,1 „Jelena Rozga – Pismo - Glava“. Discogs. 8 December 2016. Посетено на 15 November 2022."Jelena Rozga – Pismo - Glava". Discogs. 8 December 2016. Retrieved 15 November 2022.
  4. 4,0 4,1 4,2 „Rozga Zablistala U Haljini Diane Viljevac i Otkrila na Koga Je Slaba: /Evo zašto joj dođe da vrisne!“ [Розга заблеска во фустан на Дијана Виљевац и откри на кого е слаба: /Еве зошто ѝ доаѓа да врисне] (хрватски). Net.hr. 8 декември 2016. Посетено на 13 април 2024.
  5. 5,0 5,1 5,2 „Jelena Rozga Predstavlja Novo Pesem in Spit za Balado "Pismo Glava" [Jelena Rozga Presents New Song and Music Video for the Ballad "Pismo Glava"] (словенечки). Si21.com. 9 December 2016. Посетено на 16 November 2022.
  6. Volarić, Toni (8 December 2016). „Singlom i spotom 'Pismo glava' Jelena Rozga najavljuje album“ [With the single and the clip 'Pismo glava' Jelena Rozga Announces Album] (хрватски). 24sata.hr. Посетено на 26 May 2022.
  7. „Video: 'Žena Koja Još Umije i Zna Da Zavede Mlađeg, Neću Da Me Jadnice Žale' Jelena Rozga predstavila pjesmu o kojoj priča cijela regija“ [Video: 'A Woman Who Still Can and Knows How to Seduce a Younger One, I Do Not Want to Be Pitied by Poor Women' Jelena Rozga Presents Song Which is Talked About by the Whole Region]. Jutarnji list (хрватски). 16 December 2016. Посетено на 15 November 2022.
  8. 8,0 8,1 „Jaka Sam za Sve, Ali Slaba na Tebe: Sa seksi Jelene Rozge pogled nećete skidati Satima! (Video)“ [I am Strong for Everything, but Weak for You: You Will Not Be Able to Look Away from Sexy Jelena Rozga for Hours! (Video)]. Telegraf.rs (српски). 8 December 2016. Посетено на 16 November 2022.
  9. G., A. (24 November 2017). „BRAVO Jelena Rozga najtiražnija glazbenica godine“ [Well-done Jelena Rozga is the most sold artist of the year] (хрватски). Story. Посетено на 16 November 2022.
  10. Pismo - Glava. 11 February 2020. https://www.youtube.com/watch?v=77rpvr7lLyM. Retrieved 15 November 2022. 
  11. „Powerplay 9.12. Jelena Rozga – Pismo-glava“ (хрватски). Croatian Music Channel. 9 декември 2016. Посетено на 13 април 2024.
  12. „Јелена Розга никогаш позгодна (Видео)“. Republika. 8 декември 2016. Архивирано од изворникот на 2022-11-15. Посетено на 13 април 2024.
  13. „Pismo – glava je nova pjesma Jelene Rozge“ [Pismo - glava е новата песна на Јелена Розга]. Lika Club. 9 декември 2016. Посетено на 13 април 2024.
  14. Мориќ, Данијела-Ана (20 декември 2016). „Rozga i Hauser otkrili planove za blagdane“ [Розга и Хаусер ги открија плановите за празницците] (хрватски). T-portal. Посетено на 13 април 2024.
  15. Jelena Rozga - Pismo-Glava (Official Video 2016) HD. Јелена Розга. 8 декември 2016. https://www.youtube.com/watch?v=PLCgXMUa-5E. Retrieved 13 април 2024. 
  16. Jelena Rozga - Pismo-glava (Live - Vecernjakov pecat '18). Jelena Rozga's official channel. 18 May 2018. https://www.youtube.com/watch?v=QiyR1rc3Dwg&ab_channel=JelenaRozga. Retrieved 26 May 2022. 
  17. Jelena Rozga - Live IG mini koncert - 03/05/20. Jelena Rozga's official channel. 3 May 2020. https://www.youtube.com/watch?v=l4GnXthG9m4&t=2975s&ab_channel=JelenaRozga. Retrieved 15 November 2022. 
  18. 18,0 18,1 „HRtop40 50. tjedan 2016. (08.12.2016. – 14.12.2016.)“ [HRtop40 Week 50 2016 (08.12.2016. – 14.12.2016.)] (хрватски). top-lista. 16 December 2016. Архивирано од изворникот на 27 January 2021. Посетено на 26 May 2022.
  19. „HRtop40 51. tjedan 2016. (15.12.2016. – 21.12.2016.)“ [HRtop40 Week 51 2016 (15.12.2016. – 21.12.2016.)] (хрватски). top-lista. 23 December 2016. Посетено на 15 November 2022.
  20. „HRtop40 52. tjedan 2016. (22.12.2016. – 28.12.2016.)“ [HRtop40 Week 52 2016 (22.12.2016. – 28.12.2016.)] (хрватски). top-lista. 30 December 2016. Посетено на 15 November 2022.
  21. „HRtop40 8. tjedan 2017. (16.02.2017. – 22.02.2017.)“ [HRtop40 Week 8 2017 (16.02.2017. – 22.02.2017.)] (хрватски). top-lista. 27 February 2017. Посетено на 15 November 2022.

Надворешни врски

уреди