„Moderna žena“ е песна на хрватскаѕа поп пејачка Јелена Розга од нејзиниот трет истоимен студиски албум (2016). Издадена е како вториот сингл од албумот на 16 декември 2016. Песната е напишана од Вјекослава Хуљиќ, а продукцијата е на Тончи Хуљиќ. Инспирацијата зад песната дошла од вистински случај на жена којашто Тончи Хуљиќ го прочитал во списание и ѝ го раскажал на Вјекослава Хуљиќ. Самата пејачка ја опишала, „Moderna žena“ како женска химна којашто им ја посветува на силните жени кои живеат во модерниот свет.
Синглот постигнува комерцијален успех, искачувајќи се на 20-то место на хрватската HR Top 40 табела на синглови. Придружно музичко видео режирано од Дарио Радусин е издадено на 16 декември 2016. Видеото ја претставува Розга како позира и оди во фустани дизајнирани од Јурај Зигман, додека ја придружува машки актер. Од декември 2022 година, видеото има повеќе од 18.6 милиони прегледи на платформата. Розга ја извела „Moderna žena“ во живо за време на нејзините концерти и свирки.