Benz Patent-Motorwagen
По конструирањето на успешен гасен двотактен клипен мотор во 1873, Карл Бенц се задржал на кокнструкцијата на моторизирано возило. Резултатот од тие напори бил т.н. Patent Motorwagen (патент-моторно возило) во 1886, изум кој се смета за првиот наменски автомобил, т.е. возило целосно конструирано за моторизација. Бенц официјално го претставил возилото на 3 јули 1886 г. на улицата Рингштрасе во Манхајм, Германија. На него стоел германскиот патентен број 37435, за кој Бенц се пријавил на 29 јануари, 1886.
Производител | Рајнска фабрика за гасни мотори Бенц и Др. |
---|---|
Период | 1886–1893 |
Наследник | Бенц Фело |
Особености
уредиПатент-Моторното возило било возило на три тркала со заден погон, каде бил и самиот мотор. Направена е од челични цевки со дрвеи плочи, и тркала со челични жици и полни гуми (Бенцов изум). Возилото се управувало по пат на кремалера која го вртела неамортизираното предно тркало. Одзади имало (наполно) елиптични пружини заедно со прицврстена оска и ланчен пренос на обете страни. Автомобилот имал еднобрзински пренос преку едноставен ремен, и момент насила кој варирал меѓу отворен и погонски диск.
Првото Патент-Моторно возило била придвижувана од едноцилиндричен четворотактен мотор со зафатнина од 954см³. Овој погон давал сила од 2⁄3 КС (1⁄2 kW) при 250 врт/мин. на самото возило, иако според подоцнежните тестови на Манхајмскиот универзитет покажале дека моторот може да даде 0.9 КС (0.7 kW) при 400 об./мин. Овој мотор бил многу лесен за своето време со своите ~100 кг. Иако отворениот картер и системот на подмачкување со капење се страни за денешниот механичар, погонските механизми и вентили за издув би биле прилично познати. Голем хоризонтален замаец ја стабилизирал изелзната сила на едноцилиндричниот мотор, а карбураторот на испаренија бил контролиран од џебен вентил за регулирање на силата и брзината на моторот.
Бенц подоцна направил и други модели на ова возило, број 2 со 1.5 КС (1.1 kW) и број 3 со 2 КС (1.5 kW), давајќи му на возилото можност за маскимална брзина од 4 км/ч. Шасијата била подобрена во 1887 со дрвени спици, резервоар и рачна сопирачка на задните тркала.
Надворешни врски
уреди- Автомузеј Д-р Карл Бенц во Ладенбург, Германија (германски)
- Спомен-маршрута „Берта Бенц“