Ordo Templi Orientis
Ordo Templi Orientis (O.T.O.) (Ред на источниот храм, или Ред на источните Темплари) е меѓународна организација, братство и религиозна организација основана на почетокот на 20 век. На почеток било планирано да се угледа на масоните и да се здружи со нив,[1] но кога Алистер Кроули бил водач на оваа организација, ја реорганизирал врз основа на Законот на Телема како нејзин централен филозофско-религиозен принцип.
Овој Закон—изразен како „Прави што ти е волја, и тоа нека биде цел Закон“[2] и „Љубов е законот, љубов под волја”[3]—е воспоставен во 1904 година преку диктат на Liber אל vel legis svb figura CCXX Архивирано на 5 ноември 2013 г. од страна на Аиваз, пратеник на Тајните Мајстори, кои владеат во моментот со човештвото. Налик на повеќето тајни здруженија, членството во O.T.O. се заснова на систем на иницијација со серија од церемонии за стекнување степени, кои користат ритуали со кои се воспоставува братската врска и се пренесуваат духовните и филозофските учења.
O.T.O. исто така ја вклучува Ecclesia Gnostica Catholica (EGC) или Гностичката католичка црква, која е свештеничка рака на Редот. Централниот ритуал, кој е јавен (и кој содржи приватен дел), се нарекува Liber XV, или Гностичка Миса.
Историја
уредиПочетоци
уредиНајраната историја на O.T.O. е тешко да се утврди со сигурност. Се знае дека редот е основан во Германија или Австрија, во периодот меѓу 1895 и 1906 година.[4] Како основач се смета Карл Келнер, богат австриски индустријалец, во 1895 (иако ништо не се знае за Редот пред 1904 година).[5]
Теодор Ројс (1855-1923) соработувал со Келнер во создавањето на O.T.O., и го наследил како водач на O.T.O. после смртта на Келнер. Под водство на Ројс, дадена е повелба на братствата во Франција, Данска, Швајцарија, САД и Австрија. Постоеле девет степени, од кои првите шест биле масонски.[5]
Во 1902 година, Ројс заедно со Франц Хартман и Хенри Клеин, ги откупиле правата за обредот на Мемфис и Мизраим од масоните, а правото на нив е потврдено во 1904 година, и уште еднаш во 1905 година. Иако овие обреди се сметаат за неправилни, тие заедно со обредот на Сведенборг го сочинуваат јадрото на ново формираниот Ред.
O.T.O. и Алистер Кроули
уредиРојс се сретнал со Алистер Кроули и во 1910 година му доделил трет степен во O.T.O. Само две години подоцна, Кроули е поставен за главен во Велика Британија и Ирска, и унапреден е во степенот X°. Поставувањето вклучувало отворање на британска секција на O.T.O., која ја нарекле Мистерија Мистика Максима (Mysteria Mystica Maxima).[5] Потоа Кроули заминал за Берлин за да го добие ракописот со инструкции.[5] Во текот на таа година, Кроули го напишал Манифестот на M∴M∴M∴ во кој се објаснува системот на основните десет степени заедно со трите степени на Келнер преземени од масоните.
Во 1913 година, за време на престојот во Москва, Кроули ја составил гностичката миса, за која изјавил дека е “централна церемонија” на Редот. Во 1914 година, набрзо после Првата светска војна заминал за Америка. Некаде во тоа време одлучил да ја вметне Телема во системот на O.T.O., а во 1915 година ги преработил ритуалите кои се користеле во неговата M∴M∴M∴
Во 1917 година, Ројс го напишал Синопсисот за степените на O.T.O. во кој третиот степен бил сместен како "вештина на масоните", и детално објаснет со "Целосни инструкции за вештината на масоните, вклучувајќи ги катехизмот на првите три степени, како и објаснување на сите разлики во масонските системи". Истиот документ покажува дека четвртиот степен на O.T.O. е исто така познат како "Светиот кралски лак" на Енох. Ројс накратко го изложил како степен на "шкотската масонерија", и го опишал како "Целосна инструкција за шкотските степени на древната и применетата масонерија".[6][7]
Во 1919 година, во Детроит, Мичиген Кроули се обидува да ја разработи О.Т.О. вака масонски конципирана. Бил одбиен од Советот на шкотскиот обред со образложение дека ритуалите на O.T.O се премногу слични на ортодоксната масонерија. Ова го опишува во писмо до Арнолд Крум-Хелер од 1930 година.[8]
Потоа Кроули ги препишал ритуалите на првите три степена, и при тоа исфрлил голем дел од ритуалите поврзани со масоните. Но, не го препишал ритуалот за четвртиот степен, кој според формата и структурата потсетува на различни кралски највисоки ритуали на масоните.
Кроули запишал дека Теодор Ројс доживеал мозочен удар во 1920 година. Во преписката со еден од своите членови, Кроули изразил сомневање дека Ројс е способен да ја води канцеларијата. Односите меѓу Ројс и Кроули почнале да се влошуваат — размениле две писма исполнети со лутина во ноември 1921 година. Кроули го известил Ројс дека го отстранува од канцеларијата и себеси се прогласува за главен водач на редот. Ројс умрел на 28 октомври 1923 година, а Кроули тврдел во подоцнежна преписка дека Ројс го назначил него за наследник. Лоренс Сутин, меѓу другите, кажал дека се сомнева во тоа, иако не постоел доказ ни за ни потив тврдењето на Кроули, а ниеден кандидат не истапил пред Кроули за да го побие. Во 1925 година, за време на бурната Конференција на Големите Мајстори, Кроули официјално бил избран за главен во O.T.O.[9]
За време на Втората светска војна, европскиот огранок на O.T.O. бил уништен или работел нелегално. До крајот на војната, единствениот преживеан од O.T.O. бил Агапе Лоџ (en: Agapé Lodge) во Калифорнија, и неколкумина иницијанти во различни држави. Во тоа време, Карл Гермер, кој бил претставник на Кроули во Германија, дошол во Америка откако бил ослободен од нацистичкиот затвор. Во 1942 година, Кроули го одредил него за свој наследник, што се исполнило по смртта на Кроули во 1947 година.
O.T.O. после Кроули
уредиСо Гермер, активностите на O.T.O. опаднале до угаснување. Умрел во 1962 година без да назначи наследник. Во1969 година Грејди МекМартри (Grady McMurtry) се повикал на авторизацијата од Кроули и ја презел титулата Калиф (X°). Греди не ја барал титулата водач, а во 1974 година изјавил дека "Во моментов не постои Водач на Редот на Алистер Кроули - Ordo Templi Orientis. "[10] Тој започнал да прави иницијации во 1970 година, а O.T.O. е законски формирана според законите во Калифорнија, на 26 март 1979 година. Корпорацијата плаќа федерални даноци како религиозен субјект со код IRS Code 501(c)3 од 1982 година. Греди МекМертри умрел во 1985 година, откако успешно ја спасил O.T.O. од угаснување.
МекМертри барал членовите од деветтиот степен да го изберат наредниот Калиф, а тие тоа и го направиле во 1985 година. Вилијам Бриз (William Breeze) е избран за нареден Калиф (X°),[11] и го зел името Hymenaeus Beta X°.
Во периодот меѓу 1995 и 2005 година Бриз ја зел титулата Водач (OHO). Во есенското издание од 1995 година на списанието „Магична врска“ (The Magical Link), тој е назначен како "Hymenaeus Beta X°"; во есенското издание од 1997 година на списанието „Магична врска“ (The Magical Link), тој е назначен како "Hymenaeus Beta XI°"; веќе во мај 2005 година, тој е назначен како "O.H.O. Hymenaeus Beta XII°" на мрежното место на O.T.O.[12] Во 1996 година, Sabazius X° Дејвид Скрајвен (David Scriven) е назначен за Национален Генерален Голем Мајстор (National Grand Master General) за Големата ложа во САД. Во 2005 година, Fr. Hyperion X° е назначен за Национален Генерален Голем Мајстор на новоформираната ложа во Велика Британија. Fr. Shiva X° е назначен за Национален Генерален Голем Мајстор на ложата во Австралија во 2006 година.
Филозофијата на O.T.O.
уредиКроули го опишува O.T.O. како „прв од големите редови на Стариот Еон кој ја прифатил Книгата на Законот“. На почеток, O.T.O. позајмил ритуали од постоечките масонски организации,[6] и иако симболизмот и јазикот што се користат се слични, за содржина е земена Телема и нејзините принципи. „Редот нуди езотерички инструкции преку драматични ритуали, советување во системот на расветлената етика, и другарство меѓу аспирантите на Големото Дело за реализирање на божественото во луѓето“[13]
O.T.O. има две главни области на ритуална активност: иницијација во мистериите и чествување на Liber XV. Дополнително, Редот организира предавања, часови, настани, театарски игри и уметнички изложби, печати книги и списанија; а обезбедува и инструкции за херметичките науки, за јога, и магика.
Кроули запишал во своите „Исповеди“:
„O.T.O. е во процес да ја достигне највисоката тајна. Целиот негов систем е насочен кон пренесување на сето ова на неговите членови, преку постепени јасни навестувања.“ На првата иницијација „има две главни теми на инструкциите. Прво е неопходно да се објасни универзумот и со тоа односите на човечкиот живот. Второ, се објаснува на секој маж (и секоја жена) како најдобро да го прилагоди својот живот во вселената и како да ги развие способностите до највисока предност. Според тоа, јас составив серија на ритуали, кои го илустрираат правецот на човечкиот живот во најширок филозофски аспект.“ Ритуалите за иницијација после степенот V° се такви што „кандидатот се подучува на вредноста на одлуките, лојалноста, независноста, вистинољубивоста, храброста, самоконтролата, рамнодушноста кон околностите, непристрасноста, скептицизмот, како и други доблести, а истовремено му се помага да ја открие сам за себе природата на највисоката тајна, соодветниот предмет на неговата употреба и најдобрите начини како да си осигура успех во животот.“ (p.701).[14]
За целиот систем на O.T.O., Кроули запишал во „Исповедите“:
Нуди рационална основа за универзално братство и за универзална религија. Ја истакнува научната изјава која е збир на сè што во моментов се знае за универзумот со помош на едноставен, но возвишен симболизам, уметнички преработен. Исто така му овозможува на секој човек за себе да ја открие својата лична судбина, укажувајќи на моралните и интелектуалните квалитети кои му се потребни за да ја исполни слободно, и на крај, во негови раце поставува незамисливо моќно оружје кое тој може да го користи за да развива кај себеси билокаква способност која му е потребна за работа. (p.703).[14]
Иницијација и учење
уредиЧленството во O.T.O. е засновано врз систем на церемонија за иницијација (или „степени“), употребува ритуална драма за да ги воспостави братските врски меѓу членовите, како и преносот на спиритуалните и филозофските знаења.
Постојат тринаесет нумерирани степени и дванаесет ненумерирани кои се поделени на „триади“— Пустиник, Љубовник, Човек на Земјата (en: the Hermit, the Lover, and the Man of Earth). Дозволата за влегување во секој степен на O.T.O. вклучува иницијација и заколнување со заклетва која во O.T.O е слична на онаа што се користи во масонеријата.[15][16] За напредување низ триадата Човек на Земјата се бара спонзорство од двајца членови. За напредување во степенот Витез на Исток и Запад (en: Knight of the East and West) и натаму, се напредува по повик.
Целиот систем е следниот:
преведени имиња на степените: | оригинални имиња на степените: |
---|---|
*Тријада – Човекот на Земјата
|
*The Man of Earth Triad
|
*Надвор од сите тријади
|
*Outside all Triads
|
*Тријада - Љубовникот
|
*The Lover Triad
|
*Тријада - Пустиник
|
*The Hermit Triad
|
Структура
уредиПостојат повеќе управувачки тела на O.T.O., а тука спаѓаат разни штабови, совети, изборни заедници. Интернационалните тела се групираат според степенот на членовите, а постои еден „Интернационален штаб“ кој ги покрива сите ложи на O.T.O. во светот. Највисоко тело на национално ниво е „Големата ложа“ која ја води „Националниот Голем Мајстор“.
Актуелни Големи Ложи
уредиСАД, Национален Голем Мајстор е Fr. Sabazius X°, назначен во 1996 година.
Велика Британија, Национален Голем Мајстор е Fr. Hyperion X°, назначен во 2005 година.
Австралија, основана во април 2006 година. Национален Голем Мајстор е Fr. Shiva X°.
Прашањето за наследство
уредиНеколку конкурентски фракции тврдат дека се законски наследници на Алистер Кроули. Дејв Еванс (Dave Evans) пишува дека Кроули го назначил Карл Гермер за „водач на О.Т.О. во Америка“[17] или X° на Америка, но Кенет Грант тврди дека „Кроули го задолжил него да го води O.T.O.“[18]
Херман Мецгер (Hermann Metzger), е уште еден побарувач на праватa, бидејќи бил член на швајцарскиот огранок на O.T.O. под водство на Ројс (Reuss). Но, неговото барање е игнорирано од сите. Умрел во 1990 година.
Марсело Рамос Мота (Marcelo Ramos Motta) (1931-1987), третиот побарувач, никогаш не бил инициран во O.T.O., но тврдел дека сопругата на Гермер му кажала дека неговите последни зборови биле дека Мота е „наследникот“. Тој повел судски спор за авторските права на Кроули, и изгубил на судот во Меин, САД.
Судски спорови
уреди- 1976: Судот во Калифорнија го прогласува Греди МекМертри (Grady McMurtry) за ополномошен претставник на O.T.O.
- 1985: Судот во Сан Франциско го прогласува МекМертри за законски водач на O.T.O. во САД, и продолжение на O.T.O. на Алистер Кроули, како и ексклузивен сопственик на името, знакот, авторските права и другите активи на O.T.O.
Неколку интересни судски спорови, иако не се поврзани со законското наследство:
- 2002: Судот во Велика Британија, О.Т.О. против Џон Симондс (John Symonds), Ентони Нејлор (Anthony Naylor) и Мандрак Прес (Mandrake Press), досудува дека O.T.O. оживеана од МекМертри е единствениот сопственик на авторските права за сите дела на Алистер Кроули.
Во Австралија, во 2005 година, O.T.O. покренува постапка за клевета против мрежното место ГаиаГајс (GaiaGuys) заради материјалот ставен на нивното мрежно место во кој директно се обвинува O.T.O., посебно во Австралија, дека учествува во злоупотреба на деца и нивно жртвување. Судот пресудува во корист на O.T.O.[19]
Критика
уредиАлистер Кроули и O.T.O. често се означуваат како „ѓаволски“. Неколку христијански цркви O.T.O. го сметаат за сатанска организација, иако членовите на O.T.O. тврдат дека принципите на Телема не го вклучуваат Сатаната, ниту негово обожување.
Постојат окултисти и следбеници на Телема кои не се согласуваат дека O.T.O. оживеана од МекМертри е единствениот законски наследник на Редот што го воспоставил Алистер Кроули. Останати организации кои го користат името O.T.O. и се сметаат себеси за законски продолжувачи на O.T.O. се: Фондација O.T.O., Албион O.T.O., Парзивал XI° O.T.O. фондација.
Во 2002 година, член на O.T.O., на интернет пишувајќи под псевдонимот „Сатир“ (Satyr), известувал за „Црната ложа на Санта Крус“.[20] Детално го опишал своето членување во O.T.O.
Во февруари 2006 година, долгогодишен член со висок степен и окултен автор, Ален Гринфилд (Allen Greenfield), побарал оставка на менаџментот и протестно се откажал од сите менаџерски должности.[21]
Поврзано
уредиБелешки
уреди- ↑ Sabazius X° and AMT IX°. History of Ordo Templi Orientis. Retrieved 13 јуни, 2006.
- ↑ Crowley, Aleister. Liber AL vel Legis, I:40
- ↑ Crowley, Aleister. Liber AL vel Legis, I:57
- ↑ Nicholas Goodrick-Clarke, The Occult Roots of Nazism, p. 61. Goodrick-Clarke touches this topic as he gives some general remarks on the occultism of that time.
- ↑ 5,0 5,1 5,2 5,3 King, Francis. The Magical World of Aleister Crowley, pp. 78–81
- ↑ 6,00 6,01 6,02 6,03 6,04 6,05 6,06 6,07 6,08 6,09 King, Francis (1973). The Secret Rituals of the O.T.O. Samuel Weiser, Inc. ISBN 0-87728-144-0
- ↑ Free Encyclopedia of Thelema. Fourth Degree Архивирано на 7 јануари 2009 г.. Retrieved 17 јуни, 2006.
- ↑ Starr, Martin. Aleister Crowley: Freemason!. Retrieved 17 јуни, 2006.
- ↑ Kaczynski (2002), p.332)
- ↑ Koenig, Peter. All we want is a 'Caliph', The Ordo Templi Orientis Phenomenon. Retrieved 13 февруари, 2008
- ↑ Koenig, Peter. Minutes of the Special Ninth Degree Caliphate Election, The Ordo Templi Orientis Phenomenon. Retrieved 13 февруари, 2008
- ↑ US Grand Lodge, OTO: OTO News, 2 мај, 2005 entry. Retrieved 13 февруари, 2008
- ↑ O.T.O. About OTO.
- ↑ 14,0 14,1 Crowley, Aleister. The Confessions of Aliester Crowley, ch. 72.
- ↑ O.T.O. Initiation.
- ↑ Free Encyclopedia of Thelema (2005). Oath Архивирано на 21 ноември 2008 г.. Retrieved 17 ноември, 2005.
- ↑ Evans (2007), p. 71
- ↑ Evans (2007), p. 66
- ↑ Boswell, Alex. Pro bono effort muzzles religion slur Архивирано на 11 јули 2007 г. in Lawyers Weekly, 6 декември 2006
- ↑ Satyr (2002). The Black Lodge of Santa Cruz (PDF).
- ↑ Greenfield, T. Allen (2006). [1] Архивирано на 21 април 2019 г.
Наводи
уреди- Crowley, Aleister (1979). The Confessions of Aleister Crowley. London; Boston : Routledge & Kegan Paul.
- Evans, Dave (2007). Aleister Crowley and the 20th Century Synthesis of Magick. Hidden Press, Second Revised Edition. ISBN 978-0-9555237-2-4
- Free Encyclopedia of Thelema (2005). Oath Архивирано на 21 ноември 2008 г.. Retrieved 17 ноември, 2005.
- Kaczynski, Richard. (2002). Perdurabo, The Life of Aleister Crowley. New Falcon Publications ISBN 1-56184-170-6
- King, Francis (1973). The Secret Rituals of the O.T.O. Samuel Weiser, Inc. ISBN 0-87728-144-0
- King, Francis (1978). The Magical World of Aleister Crowley. Coward, McCann & Geoghegan. ISBN 0-698-10884-1
- del Campo, Gerald. (1994). New Aeon Magick: Thelema Without Tears. St. Paul, Minnesota : Llewellyn Publications.
- Satyr (2002). The Black Lodge of Santa Cruz. Retrieved 7 април, 2005.
- Thelemapedia (2005). Ordo Templi Orientis. Retrieved 11 јануари, 2005.
Надворешни врски
уредиO.T.O.
уреди- О.Т.О. Македонија
- U.S. Grand Lodge, O.T.O.
- U.K. Grand Lodge, O.T.O.
- Australia Grand Lodge, O.T.O.
- The Canadian O.T.O. Архивирано на 30 јануари 2009 г.
- The Norwegian O.T.O
- The German O.T.O
- The Swedish O.T.O
Други организации
уреди- The Typhonian O.T.O.
- Societas O.T.O. Архивирано на 10 јуни 2021 г.
- O.T.O Foundation Архивирано на 18 јануари 2010 г.
Препорака
уреди- Free Encyclopedia of Thelema Архивирано на 14 ноември 2007 г. - a project of Ecclesia Gnostica Universalis Архивирано на 22 јануари 2009 г.
- Thelemapedia, the Encyclopedia of Thelema & Magick
- Survey of O.T.O. History Архивирано на 1 декември 2008 г., with an Emphasis on Marin County, CA
- The Invisible Basilica of Sabazius X°
- Heptagram XI - Прв македонски телемитски блог
- Liber אל vel legis svb figura CCXX (Книга на Законот) на македонски
Врски со критика
уреди- A Statement Regarding the Ordo Templi Orientis Архивирано на 19 февруари 2020 г. by Sovereign Grand Inspector General Bishop T. Allen Greenfield
- Graph of O.T.O. membership 1988–2005 Архивирано на 2 мај 2009 г.
- The Ordo Templi Orientis Phenomenon comprehensive background information about O.T.O.