„Oprosti mala“ (македонски: Прости малечка) е песна од хрватската поп пејачка Јелена Розга од нејзиниот дебитантски соло албум Oprosti mala (2006). Песната е издадена како сингл од албумот истата година. Напишана е од парот Хуљиќ, односно музичарот и продуцент Тончи Хуљиќ и неговата сопруга, поетесата и текстописец Вјекослава Хуљиќ. Аранжманот е завршен од Реми Казиноти. Со цел да ја промовира песната, Розга ја додала на сет листите од нејзините настапи во живо. Во 2022, песната е преработена за акустичниот компилациски албум на пејачката насловен Minut srca mog во којшто аранжманот е променет.