„Ne zovi me Marija“ (македонски: Не ме викај Марија) е песна од хрватската поп пејачка Јелена Розга од нејзиниот дебитантски соло студиски албум Oprosti mala (2006). Песната е издадена како вториот сингл од албумот истата година. Напишана е од парот Хуљиќ, односно музичарот и продуцент Тончи Хуљиќ и неговата сопруга, поетесата и текстописец Вјекослава Хуљиќ. Аранжманот е завршен од Реми Казиноти. Со цел да ја промовира песната, Розга ја додала на сет листите од нејзините настапи во живо. Песната исто така била изведена на хрватскиот фестивал за избор на Евровизија, насловен Дора.