„Lepoglava“ (македонски: Лепоглава) е песна од хрватскиот поп бенд Магазин, од нивниот шеснаесетти целокупен и петти студиски албум со Јелена Розга како главен вокал, насловен Paaa..? (Пааа..?). Мирослав Шкоро и Ѓорѓе Новковиќ се појавуваат како придружни артисти. Како најголемиот број песни, напишана е од страна на хрватскиот музичар и продуцент Тончи Хуљиќ и неговата сопруга, хрватската поетеса и текстописец Вјекослава Хуљиќ. Промовирана е со музичко видео коешто ја прикажува Розга и бендот како затвореници и полициски службеници.