Нордиска семејна книга

шведска енциклопедија
(Пренасочено од Nordisk familjebok)

Нордиската семејна книга (шведски: Nordisk familjebok) — шведска енциклопедија во печат во периодот од 1876 до 1957 г.

‘Рбетот на второто издание

Историја

уреди

Првото издание е објавено во 20 тома помеѓу 1876 и 1899 г. Наречено е „Идунино издание“ поради сликата на божицата Идуна на корицата. Второто издание што одело од 1904 до 1926 г. во 38 тома е најопфатната енциклопедија на шведски јазик. Популаро е наречена „Бувје издание“ (Uggleupplagan) бидејќи на корицата има був. До 1957 следеле уште две изданија. Авторските права на првите две изданија се истечени, и затоа денес тие се во јавна сопственост.

Во 1990-тите, службени лица од Линшепиншкиот универзитет го започнале проектот „Рунеберг“ со цел да направат дигитални примероци од стари печатени книги од нордиските земји, исто како проектот „Гутенберг“ со англиската книжевност. Со напреднатата технологија, во 2001 е започната наполна дигитализација на целата енциклопедија, користејќи отсликување и оптичко препознавање на знаци. Денес се отсликани и вчитани сите 45.000 страници (од двете изданија), и се ставени на располагање на јавноста на мрежното место на проектот „Рунеберг“.[1] Преостанува да се изврши коректура на голем дел од текстовите.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди

Надворешни врски

уреди