Њутнметар
Њутнметар (симб. N m, N·m, Њ м, Њ·м)[1] е единица за момент на сила од SI системот. Еден њутнментар е еднаков на моментот добиен од сила од еден њутн применета вертикално врз моментен лост со должина од еден метар.
Поретко се користи и како единица за енергија, и како таква е еквивалентна на позастапената стандардна SI-единица - џулот. Во овој мошне поинаков случај на употреба, метарот го претставува изминатото растојание или поместувањето во насока на силата, а не нормалното растојание од ослонецот како кога единицата се користи за момент на сила. МБТМ препорачува њутнметарот да не се користи за енергија, бидејќи ова доведува до забуна, т.е. не е јасно дали единицата изразува момент на сила или количество енергија.[2]
Њутнметарот (како единица за момент) се користи за пресметка на потрошени џули кога ќе го помножиме со аголот (во радијани) низ кој се врти телото во насока на силата. Единицата може да се користи и во пресметка на произведена моќ во вати ако ја помножиме со брзината на вртење (во радијани во секунда), вака:[3]
Во други единици
уреди- 1 њутнметар = 0,7375621 стапки-фунти
- 1 килопондметар = 9,80665 N·m[4][5]
- 1 стапки-фунти = 1k фунта-стапка-сила ≈ 1,3558 N·m
- 1 инч-унца-сила = 7,0615518 N·m
- 1 дин-сантиметар = 10−7 N·m
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Симболи на единиците - МБТМ (англиски)
- ↑ Посебни називи - МБТМ (англиски)
- ↑ Ferdinand Beer et al., Vector Mechanics for Engineers, стр. 1084
- ↑ Mechanical Engineering Formulas Pocket Guide, стр. 6
- ↑ Concise encyclopedia of plastics, Donald V. Rosato, Marlene G. Rosato, Dominick V. Rosato, стр. 621