Килопонд
Килопонд (од лат. pondus = „тежина“, симб. кп или kp[1]) или килограм-сила (симб. кгс или kgF) е гравитациска метричка единица за сила. Единицата ја изразува силата на килограм маса во гравитациско поле од 9,80665 м/с2 (стандардна гравитација, т.е. вопросечена вредност на Земјината тежа).[2] Затоа, еден килопонд по дефиниција е еднаков на 9,80665 N.[3][4] Сразмерно на тоа, еден грам-сила (гс) изнесува 9,80665 мN, а еден милиграм-сила изнесува 9,80665 uN.
Покрај науката, единицата се користи и за изразување на напрегањето на велосипедските жици, за вртежен момент што се изразува во килопондметри (кмп)[5] за неформално изразување на притисок во килограми по сантиметар квадратен (1 кп/см2 = 1 ат ≈ 1 бар ≈ 1 атм), за повлечокот на лакот во стреличарството, и за дефинирање на „метричка коњска сила“ како 75 килопондметри во секунда[3] и техничката атмосфера (ат) како 1 килопонд на сантиметар квадратен.
Сродни единици
уредиВо разни полиња присутни се и единиците тон-сила, мегаграм-сила и мегапонд (Мп), кои изнесуваат 1000 килопонди.
Во некои полиња се користи единицата декањутн (daN) како приближна на килопондот, со тоа што декањутнот има точно (наместо приближно) 10 њутни.
њутн (SI) | дин | килопонд | фунта-сила | фунтал | |
---|---|---|---|---|---|
1 N | ≡ 1 kg·m/s² | = 105 dyn | ≈ 0,10197 kp | ≈ 0,22481 lbF | ≈ 7,2330 pdl |
1 dyn | = 10−5 N | ≡ 1 g·cm/s² | ≈ 1,0197×10−6 kp | ≈ 2,2481×10−6 lbF | ≈ 7,2330×10−5 pdl |
1 kp | = 9,80665 N | = 980665 dyn | ≡ gn·(1 kg) | ≈ 2,2046 lbF | ≈ 70,932 pdl |
1 lbF | ≈ 4,448222 N | ≈ 444822 dyn | ≈ 0,45359 kp | ≡ gn·(1 lb) | ≈ 32,174 pdl |
1 pdl | ≈ 0,138255 N | ≈ 13825 dyn | ≈ 0,014098 kp | ≈ 0,031081 lbF | ≡ 1 lb·ft/s² |
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „килопонд“ Архивирано на 17 декември 2013 г. - Лексикон на македонскиот јазик, он.нет
- ↑ „Меѓународен систем на мерни единици (SI)“ Архивирано на 3 јуни 2016 г. – NIST (англиски)
- ↑ 3,0 3,1 „Водич за употреба на Меѓународниот систем на единици (SI)“ - NIST (англиски)
- ↑ SI - Брошура, гл. 2.2.2. - МБТМ (англиски)
- ↑ „Работа што ја извршува сила од 1 килопонд на пат од 1 м“ („килопондметар“ Архивирано на 17 декември 2013 г.) - Лексикон на македонскиот јазик, он.нет