Марвин Фридрих

(Пренасочено од Marvin Марвин Фридрих)

Марвин Фридрих (германски: Marvin Friedrich, роден на 3 декември 1995 во Касел) — германски фудбалер, играч од одбраната на Унион Берлин.[1]

Марвин Фридрих
Лични податоци
Роден на 13 декември 1995(1995-12-13)(29 г.)
Роден во Касел, Германија
Држава Германија Германија
Висина &100000000000001900000001,90 м
Позиција одбрана
Клупски податоци
Сегашен клуб Унион Берлин Унион Берлин
Број 5
Младинска кариера
Гуксхаген
Велмар
Падерборн 07 Падерборн 07
Шалке 04 Шалке 04
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2014-2016 Шалке 04 II Шалке 04 II 30 (4)
2014-2016 Шалке 04 Шалке 04 7 (0)
2016-2018 Аугсбург II Аугсбург II 25 (0)
2016-2018 Аугсбург Аугсбург 0 (0)
2018- Унион Берлин Унион Берлин 47 (1)
Репрезентација
2014 Германија Германија 18 3 (1)
2015-2016 Германија Германија 20 4 (0)
* Ажурирано на: 17 јануари 2012
** Ажурирано на: 17 јануари 2012

Технички одлики

уреди

Фридрих е разновиден играч од одбраната, кој најчесто игра како централен дефанзивец но може да игра и на десната и левата бековска позиција. По овие технички одлики тој е доста сличен на својот поранешен соиграч од Шалке 04, Бенедикт Хеведес.[2] Силата, трчањето и тактичката интелигенција на фудбалскиот терен, се само некои од неговите најголеми квалитети.[2]

Клупска кариера

уреди

Во 2011 година, Фридрих се приклучил на младинската академија на Шалке 04 . Тој го направил своето деби на Бундеслигата на 13 септември 2014 година против Борусија Менхенгладбах во поразот од 4-1.[3]

На 17 јуни 2016 година, било објавено дека Фридрих му се придружил на Аугсбург на тригодишен договор.[4]

Во јануари 2018 година, Фридрих се преселил во Втората Бундеслигата, во редот на Унион Берлин на 2½ годишен договор до лето 2021 година. Аугсбург обезбедил опција повторно да го потпише Фридрих.[5]

Репрезентативна кариера

уреди

Фридрих го имал своето деби за германската национална екипа под-19 фудбалска 16 април 2014 година со победа од 5-2 над белгиската фудбалска репрезентација под 19 години во кој Фридрих влегол на 60-тата минута.[6][7] Фридрих бил во репрезентативниот тим на Германија под 19 на Европското првенство на 19 јуни во Унгарија и имал два кратки настапи.[7]

Наводи

уреди
  1. „Germany - M. Friedrich - Profile with news, career statistics and history - Soccerway“. soccerway.com. Посетено на 13 September 2014.
  2. 2,0 2,1 „Marvin Friedrich“. talentshunter.net. Архивирано од изворникот на 2015-02-07. Посетено на 17 September 2014.
  3. „Mönchengladbach vs. Schalke 04 - Soccerway“. soccerway.com. Посетено на 13 September 2014.
  4. „Marvin Friedrich joins FC Augsburg“. FC Schalke 04. 17 June 2016. Архивирано од изворникот на 2016-06-20. Посетено на 5 мај 2019.
  5. „Friedrich verstärkt Union - Rückkaufoption für den FCA“. kicker Online (германски). 27 January 2018. Посетено на 27 January 2018.
  6. Jonathan Walsh (16 September 2014). „Germany under 19 squad aim to replicate World Cup success in European Championshiph“. vavel.com. Посетено на 17 September 2014.
  7. 7,0 7,1 Марвин Фридрих на soccerway