Мартин Скорсезе

(Пренасочено од Martin Scorsese)

Мартин Чарлс Скорсезе (роден 17 ноември, 1942) — американски филмски режисер, сценарист, продуцент, глумец и филмски историчар. Тој нашироко се смета како еден од најзначајните и највлијателните филмаџии во историјата на кинематографијата. Тој беше дел од новиот холивудски бран на филмови . Во 1990 година тој ја основал филмската фондација, непрофитна организација посветена на зачувување на филмови, а во 2007 година тој ја основал Светската Кинематографска Фондација. Добитник е на АФИ Наградата за животно дело за неговиот придонес во филмот, а и е добитник на „Оскар“, „Златната палма“, награда за најдобар режисер на Канскиот фестивал, „Сребрен Лав“, „Греми“, „Еми“, „Златен глобус“, БАФТА (Британски филмски награди) и награда од Здружението на режисери на Америка.

Мартин Чарлс Скорсезе, фотографија од 1995

Структурата на делата на Скорсезе даваат акцент на италијанско-американскиот идентитет, римокатоличките концепти за вината и искупувањето, мачоизмот , модерениот криминал и конфликтите помеѓу бандите. Многу од неговите филмови се исто така познати по нивниот опис на насилството и слободната употреба на вулгарности. Скорсезе е режисер на многу значајни филмови, меѓу кои и „Злобни улици“ (1973), „Таксист“ (1976), „Разгневениот бик“ ( 1980), „Кралот на комедијата“ (1983), и „Добри момци“ (1990) – од кои во сите соработувал со глумецот, воедно и добар пријател, Роберт Де Ниро. Тој освојува Оскар за најдобра режија за филмот „Починатите“ (2006). Со осум номинации за најдобар режисер, тој е најмногу номинираниот жив режисер и го дели првото место со Били Вилдер за вкупно најмногу номинации. Од „Бандите на Њујорк“ (2002), Скорсезе исто така е познат по неговата соработка со Леонардо ди Каприо.

Ран живот

уреди

Мартин Скорсезе е роден на 17 ноември 1942 година и израсна во Квинс, Њујорк. Неговото семејство се преселило во Мала Италија, кварт во Менхетен, пред да започне да оди на училиште. Неговиот татко, Чарлс Скорсезе (1913-1993) и неговата мајка, Кетрин Скорсезе (родена Капа ; 1912-1997 ) заедно работеле во реонот за облека во Њујорк. Неговиот татко работел како печатач на облека и глумец, а неговата мајка била шивачка и глумица. Родители на неговиот татко емигрирале од Полици Џенероса, Палермо, Сицилија. Мајка му, исто така била со италијанско потекло. Нејзините родители, како и родителите на Чарлс, потекнуваат од Палермо. Скорсезе бил израснат во богоугодно Католичката животната средина. Како момче, тој имал астма поради што не можел да спортува или пак да прави какви било активности со другите деца, па така неговите родители и неговиот постар брат често го носеле на кино. Во оваа фаза од животот Мартин ја добива страста за филмовите и киното. Скорсезе ги издвојува Сабу и Виктор Мачур како неговите омилени глумци за време на неговата младост и зборува за влијанието на филмот на Пауел и Пресбургер, „Црн Нарцизам“ од 1947, чии иновативни техники подоцна влијаелеле врз начинот на снимањето на неговите филмови. Вљубени во историските епови во неговата адолесценција, најмалку два филма од овој жанр, „Земјата на Фараоните“ и „Ел Сид“ оставаат длабоко и трајно влијание врз неговата филмски психа. Скорсезе исто така развива восхит за нео- реалистичката киноматографија во тоа време. Тој раскажува за нео-реалистичкото влијание во документариот филм за италијанскиот неореализам, и истакнува како „Крадци на Велосипеди“ како и „Паиса“ и „Рим, Отворен Град“ го инспирирале и влијаеле врз неговиот поглед и портрет на неговите Сицилиски корења. Во својот документарен филм „Моето патување до Италија“, Мартин истакнува дека епизодата за Сицилија во филмот „Паиса“ на Роберто Роселини, која ја гледал заедно со своите роднини на телевизија, кои исто така се имигранти од Сицилија, имало големо влијание врз неговиот живот. Мартин истакнува дека е должен на Францускиот Нов Бран на фолмови и тврди дека дека „Францускиот Нов Бран на филмови влијаело врз сите филмаџии кои работеле тогаш, без разлика дали ги гледале тие филмови или не“. Тој исто така ги наведува филмските режисери Сатјаџит Реј, Ингмар Бергман, Микеланџело Антониони и Фредерико Фелини како огромно влијание врз неговата кариера. Неговара првична желба да стане свештеник, за време на неговите училишни денови во Средното Училиште Кардинал Хејс, му овозможиле пристап до киното и последично, да оди на Њујоршкиот Факултет за Уметност и Наука (Сега познат како Колеџ за Уметност и Наука) каде што дипломира на насока Англиска книжевност. Тој продолжува на пост-дипломски студии и магистрира на Њујоршката Школа за Уметност, една година по нејзиното основање.

Творештво

уреди

Рана кариера

уреди

Скорсезе оди на филмската школа на Њујоршкиот Универзитет (дипломира за англиски јазик и пост-дипломски за ликовна уметност) каде што ги изработува кратките филмови „Што Бара Мила Девојка како Тебе на Место Како Ова?“ (1963) и „Не си само ти, Муреј“ (1964). Неговиот најпознат краток филм е темната комедија „Големото Бричење„ (1967) во кој глуми Питер Бернут. Филмот е обвинение за вмешаност на Америка во Виетнам, тоа го кажува и неговиот алтернативен наслов Виет '67. На многу наврати, Скорсезе, има кажано дека во своите рани денови бил многу инспириран од својот филмски професор Хеиг П. Манугиан. Во 1967-та Скорсезе го снима својот прв долго метражен филм, кој е црно бел, „Викни Прв“ кој подоцна е преименуван во „Кој е Тој Што Тропа на Мојата Врата“, заедно со својот колега студент глумец Харви Кител и монтажерката Телма Шунмејкер, со кои ќе има догло годишна соработка. Овој филм бил наменет да биде првиот од полуавтобиогравската Џ.Р. Трилогија, која ќе подоцна ќе биде вметнета во филмот „Злобни Улици“.

1970-тите

уреди

Скорсезе станува пријател со влијателни „разгалени филмаџии*“ на 70-тите како Брајан Де Палма, Франсис Форд Копола, Џорџ Лукас и Стивен Спилберг. Брајан Де Палма беше оној кој го запозна Мартин со Роберт Де Ниро. За време на овој период Мартин работи како помошен режисер и едитор на еден од монтажерите на документарецот „Вудсток“ (1970) и се запознава со режисерот Џон Касаветес, кој ќе му стане добар пријател и ментор.

Во 1972 Скорсезе го направил „Вагонот Берта“, ниско буџетен филм за процуцентот Роџер Корман, кој има помогнато на режисери како Франсис Форд Копола, Џејмс Камерун и Џони Сајлс да ја започнат кариерата. Токму Корман го научи Скорсезе дека забавни филмови можат да се снимаат со многу малку пари и време, добро спремајќи го младиот режисер за предизвиците кои доаѓаа со „Злобни Улици“. Последично на издавањето на филмот, Касаветес го охрабри Скорсезе да прави филмови кои тој сака да ги прави а не нечии други проекти.

Победен од филмска критичарка Паулин Каел, „Злобни Улици“ е пробив за Скорсезе, Де Ниро и Кител. Веќе карактеристичниот стил на Скорсезе беше оформен: мачо ставови, крваво насилство, католичка вина и искупување, распаднати Њујоркшки локации (иако поголемиот дел од филмот бепе всушност снимен во Лос Анџелес), брза монтажа и фимска современа музика. Иако фиолмот беше иновативен, чудната атмосфера, напнатиот документарен стил и распаднатите улици се должат на режисерите Касаветес, Самуел Фулер и раните дела на Жан-Лик Годар.

Во 1947, глумицата Елен Бурстин го одбра Скорсезе да го режира нејзиниот филм „Алиса Повеќе Не Живее Тука“ за кој она добива Оскар за Најдобра Глумица. Иако се смета за добар филм, тој останува аномалија на раната кариера на Скорсезе бидејќи се фокусира на главен женски лик. Тој се вратил во Мала Италија каде што ги истражува своите корења и го смислува „Италијанскиамериканец“, документарен филм со неговите родители Чарлс и Катрин.

Таксист

уреди

Таксист следи во 1976. Темниот урбан кошмар на Скорсезе за еден осамен човек кои споро паѓа во лудило. Филмот го назначи Скорсезе како готов режисер, и исто така обврна внимание на киноматографот Мајлк Чапмен, чиј стил се заснова на високо контрастни, силни бои и комплексни движења на камера. Главната улога во филмот ја толкуваше Роберт Де Ниро како измачениот и психопатичниот Травис Бикл. Во многу контровезна споредна улога се појави и Џуди Фостер како малолетна проститутка, како и Харви Кител како нејзининиот макро Метју Спорт. Таксист ги означи и многуте соработки на Скосрсезе со сценаристот Пол Шредер, кој црпи влијание од дневникот на Рартир Бремен и филмот „Џебен Крадец“ на фрацускиот режисер Роберт Бренсон. Шредер често се ослонува на делата на Бренсон како што се „Американски Џигало“, „Спијачот на Светло“ како и понатамошниот филм на Скорсезе, „Извади ги Мртвите“. Веќе контровезен по издавањето, Таксист, се вратил на ударните висти пет години подоцна кога Џон Хинклер Џуниор, пробал да изврши атентат врз тогашниот претседател на САД, Роналд Реган. Тој ја обвини обсесијата со ликот на Џуди Фостер како причина за својот чин. (во филмот ликот на Роберт Де Ниро, Травис Бикл, пробува да изврши атентат врз сенатор). Таксист добил Златна Палма на Канскиот Фестивал, исто така и четири номинации за Оскар, меѓу кои и за Најдобар Филм, но не успева да освои ниту еден. На Скорсезе му беше понудена улогата на Чарлс Менсон во филмот „Хелтер Скелтер“ и улога воениот филм на Сем Фулер „Големиот Црвен“, но двете ги одби. Но, сепак ја прифаќа улогата на гангстер во филмот „Кенонбол“ рижиран од Пол Бартел. Во овој период има неколку режисерски проекти кои нема да се оствараат меѓу кои „Опседнато Лето“ за Мери Шели и филм со Марлон Брандо за Индијанскиот масакар во Вунден Нии.

Њујорк, Нујорк и Последниот валцер

уреди

Критичкиот успех на „Таксист“ го охрабри Скорсезе да го сними првиот високо буџетен филм, високо стилискиот мјузикал „Њујорк, Њујорк.“ Овој филм во чест на родниот град на Скорсезе беше неуспех на Бокс Офисот. „Њујорк, Њујорк“ беше трета соработка со Роберт Де Ниро и во споредна улога играше Лиза Минели. Филмот е најдобро запаметен по насловната тема која ја популаризираше Франк Синатра. Разочаривачката приемност на филмот го депресираше Скорсезе. Во овој период тој е и зависен од кокаин. Сепак, тој успеа да најде креативна инспирација за високо признатиот „Последнит Валцер“ снимајќи го последниот концерт на групата „Групата (The Band). Концертот беше одржан во Винтерленд Болрум во Сан Франциско и имаше огромен број на гости меѓу кои Боб Дилан, Ниел Јанг, Ринго Стар, Мади Вотерс, Џони Мичел, Ван Морисон, Пол Бутерфилд, Ниел Дајмонд, Рони Вуд и Ерик Клептон. Сепак, посветеноста на Скорсезе на други проекти го одложи издавањето на филмот до 1978мата година.

1980-тите

уреди

Разгневениот бик

уреди

Според многу, меѓу кои и Скорсезе, Роберт Де Ниро му го спасил животот на Мартин со тоа што го убедил да ја отфрли зависоста од кокаин и да го направи овој високо признат филм. Убеден дека никогаш нема да снима друг филм, Скорсезе со сета енергија започна со снимање на овој насилен биографски филм за боксерот Џејк ЛаМота, шампион во средна категорија. Филмот е широко сметан за ремек дело и е изгласан за најдобар филм на 80-тите од страна на британското списание Sight and Sound. Филмот доби осум номинации за Оскар меѓу кои и за најдобра главна улога за Де Ниро и прва номинација на Скорсезе за најдобар режисер. Де Ниро го добива оскарот, како и Телма Шунмејкер за најдобра Монтажа, но Оскарот за најдобра режија оди кај Роберт Редфорд за филмот „Обични Луѓе“. „Разгневениот Бик“ е сниман на високо контрастен црно бел филм. Тука стилот на Скорсезе го достигнува својот врв. „Таксист“ и „Њујорк, Њујорк“ користи елементи на експресионизам да ги реплицира психолошките погледи, но тука, стилот оди во екстреми. Иако сценариото за филмот беше напишано дека е на Пол Шредер и Мардук Мартин, финалната верзија е најголем дел од првата верзија на Шредер. Сценариото беше менувано од многу сценаристи, а финалното беше напишано од Скорсезе и Де Ниро.

Кралот на комедијата

уреди

Следниот проект на Скорсезе, како и петтата соработка со Де Ниро, е „Кралот на Комедијата“. Овој филм е сатира на светот на медиумите и познатите личности. Визуелно, овој филм, е помалку кинетички од стилот кој Скорсезе го разви до овој период и често користи статичка камера и долги карди. Сепак, филмот го има главниот стил на Скорсезе, како што е фокусот на измачениот самотник кој иронично станува пшознат преку криминален чин. (убиство и киднапирање). Филмот беше неуспешен на бокс офисот, но стана значително добро прифатен од страна на критичари низ годините.

1990-тите

уреди

Добри момци

уреди

После декада со мешани резултати, гангстерскиот еп „Добри Момци“ значеше враќање на формата на Скорсезе и првиот целосно реализиран филм со самодоверба од „Разгневениот Бик“. Де Ниро и Џо Пеши со својата виртуезна изведба и храбрата кинематографска режисерска техника на филмот повторно ја воспоставија и ја зајакнаа репутацијата на Скорсезе. Филмот широко се смета за најдоброто дело на режисерот. Филмот беше номиниран за шест Оскари, вклучувајќи Најдобар Филм и Најдобар Режисер. Ова беше трета номинација за Скорсезе, но повторно изгуби, сега од Кевин Костнер за филмот „Играње со Волци“. Џо Пеши доби Оскар за Најдобра Споредна Улога.

Казино

уреди

Високо буџетниот „Казино“ се фокусира на цврст, ранет маж чиј добро воспоставен живот се нарушува со доаѓањето на непредвидливи сили. Филмот беше успешен на Бокс Офисот, но доби мешани критики. Голем дел од нив беа поради големите сличности со „Добри Момци“ како и прекумерното насилство за кое доби етикета за најнасилниот гангстерски филм некогаш направен. Голем број на тропи и трикови од претходните филмови се појавија, но најприметливата беа улогите на Роберт Де Ниро и Џо Пеши каде што Пеши повторно игра неконтролиран психопат. Шерон Стоун доби номинација за Оскар за Најдобра Женска улога.

Лично патување низ американските филмови со Мартин Скорсезе

уреди

Скорсезе наоѓа време за четири часовниот документарец кои не носи низ американската кинематографија. Филмот ги офаќа филмовите од немата ера па до 1969, годината која Скорсезе почна да работи. Во овој четри часовен документарец Скорсезе ги наведува четрите аспекти кои ги смета најважни за режисерите. Тоа се: Режисерот како раскажувач на приказна, Режисерот како илузионист, режисерот како шверцер и режисерот како иконоборец.

2000-тите

уреди

Бандите на Њујорк

уреди

Со буџет над сто милиони долари, „Бандите од Њујорк“ беше најголем и најпознат филм до таа дата. Филмот е сместен во деветнаесеттиот век во Њујорк. Овој филм исто така ја обележа и првата соработка со Леонардо ди Каприо, кој оттогаш стана фискен во следните филмови на Скорсезе.

Продукцијата беше многу измачителна со многу гласини за конфликтот помеѓу Скорсезе и директорот на Мирамакс Харви Вајнстеин. И покрај негирањето за уметнички компромис, Бандитите на Њујорк излезе како најконвенцијалниот филм на Скорсезе, со стандардни тропи, кои режисерот ги одбегнува, како што се ликови кои постојат само за изложба и ретроспективи за објаснување кои ги има во изобилство. Оригиналната музика беше компонирана од вообичаениот соработник на Скорсезе Елмер Барнсеин но беше оттфрлена во подоцежната фаза на продуцирање на филмот и беше заменета со музиката на Хауард Шор и познатите рок артисти U2 и Питер Габриел. Финалниот исечок на филмот трае 168 минути, а режисерскиот 180 минути. Филмот сепак доби позитивни критики од страна на критичкото мрежно место Ротен Томатос. Филмот беше планиран за издавање во зимата на 2001 но Скорсезе го одолжи продуцирањето на филмот до почетокот на 2002. Последично на тоа, студиото го одложи издавањето на филмот за скоро една година за да биде издаден во сезоната на Оскарите на крајот на 2002. Скорсезе го доби првиот Златен Глобус за Најдобар Режисер за „Бандите на Њујорк“. Во февруари 2003, филмоти добри десет номинации за Оскар, вклучувајќи Најдобар Филм и Најдобар Глумец за Дениел Деј Луис, но сепак не успеа да добие Оскари ниту во една категорија.

Авијатичарот

уреди

Авијатичарот на Скорсезе е раскошен, биографски филм за екцентричниот воздухопловен пионер и фимски могул Хауард Хјуз и го обедини повторно со Леонардо Ди Каприо. Филмот доби високо позитивни критики. Филмот исто така заработи многу на Бокс Офисот и беше признаен од Академијата. Авијатичарот е номиниран за шест Злати Глобуси меѓу кои Најдобар Филм – Драма, Најдобар Режисер, Најдобро Сценарио и Најдобар Глумец во Драма за Леонардо Ди Каприо. Освои три, вклучувајќи Најдобар Филм – Драма и Најдобар Глумец во Драма. Во 2005-тата филмот стана највеќе номинираниот филм на 77-ите Оскари, номиниран во 11 категории меѓу кои за Најдобар Филм. Филмот доби номинации скоро во сите големи категории како и петта номинација за Режисер на Скорсезе. Покрај тоа што филмот имаше предност, сепак на крај доби само пет оскари: за најдобра женска улога, најдобра уметничка режија, најдобра монтажа и најдобра кинематографија. Скорсезе изгуби повторно, овој пат од Клинт Иствуд чиј филм „Девојка од милион долари“ освои Оскар и за најдобар филм.

Починатите

уреди

Скорсезе се враќа на крими жанрот со трилерот сместен во Бостон „Починатите“ заснован на Хонг Конгшката полициска драма „Огнени Афери“. Покрај Мет Дејмонд и Леонардо Ди Каприо, овој филм е првата соработка на Скорсезе со Џек Николсон и Мартин Шин. Филмот отвори со големи критички признанија и некои го прогласија за најдобар труд на Скорсезе уште од 1991 и „Добри Момци“ и го ставија на исто ниво со „Таксист“ и „Разгневениот Бик“. Со домашна заработка од 129,402,536 долари, „Починатите“ стана филм со најголема заработка на Скорсезе сè до 2010 и филмот „Островот Бленда“. Овој филм му донесе втор Златен Глобус на Скорсезе, како и награди од Изборот на Критичари, Здружениото на режисери на Америка, како и Оскар. На доделување на Оскарот, Скорсезе изјави „Дали може да го проверите пликото уште еднаш?“ Наградата беше доделена од страна на долгогодишните пријатели и колеги Френсис Форд Копола, Џорџ Лукас и Стивен Спилберг. „Починатите“ исто така освој и Оскар за Најдобар Филм, Најдобро Адаптирано Сценарио, Најдобра Монтажа за долгогодишната монтажерка на Скорсезе Телма Шумејкер.

2010-тите

уреди

Островот Бленда

уреди

На 22 Октомври 2007, списанието Дејли Варајети, извести дека Скорсезе ќе се обедини повторно со Леонардо Ди Каприо за четврт филм, „Островот Бленда“. Основни снимања врз сценариото на Лаета Калогридис, засновано на истоимената книга на Денис Леане, започна во Масачусац во март 2008. Во декември 2007, глумците Марк Руфало, Макс вон Сидоу, Бен Кингсли и Мишел Вилијамс се придружија на изброт. Овие глумци за првпат сорабутаат со Скорсезе. Филмот ја имаше својата премиера на 19 фебруару 2010 година и е филмот со најголема заработка на Скорсезе.

Империјата на Кеј

уреди

Скорсезе ја режираше премиерната епизода на серијата „Империјата на Кеј“ (Boardwalk Empire) со Стив Бушеми и Мајкл Пит во главните улоги, Серијата е заснована на книгата на Нелсон Џонсон „Империјата на Кеј: Раѓањето, Врвот и Корупцијата на Атлантик Сити“. Теренс Винтер, кој порано беше сценарист на „Сопранови“ ја создаде серијата. Скорсезе ја режираше пилотната епизора, за која доби ЕМИ за Најдобра Режија, но сепак остана да биде извршен продуцент.

Хуго

уреди

Хуго е 3Д авантура заснован на романот на Брајан Селзник „Пронајдокот на „Хуго“ Карпет“. Во филмот глумат Аса Батерфилд, Клои Граце Морец, Бен Кингсли, Саша Барон Коен, Реј Винстон, Емили Мортимер, Кристофер Ли и Џуд Ло. Филмот беше признаен од критичарите и е номиниран за 11 Оскари од кои освој пет. „Хуго“ исто така освој и две Британски Филмски Награди.

Волкот од Волстрит

уреди

Филмот на Скорсезе од 2013, „Волкот од Волстрит“ е американска биографска црна комедија заснована на мемоарот на Јордан Белфот со истото име. Сценариото го напиша Теренс Винтер, и главните улоги ги толкуваат Леонардо Ди Каприо, Џона Хил и Метју Меконахеј. „Волкот од Волстрит“ ја обележа петтата соработка на Ди Каприо со Скорсезе и втората на СКорсезе и Винтер, Филмот ја имаше својата премиера на 25 декември 2013 година, и ја кажува приказната за Њујоркшки брокер кој одбива да соработува во голема измама со хартии од вредност вклучувајќи корупција на Вол Стрит, манипулација со берзата и практика на „Пумпај и Фрли“ техниката како и корумпираниот свет на банкарството. Леонардо Ди Каприо добри Златен Глобус за Најдобра Улога во Комедија или Мјузикл. Филмоти беше номиниран и за Златен Глобус за Најдобра Комедија како и за пет Оскари, меѓу кои Најдобар Филм, Најдобар Глумец, Најдобар Глумец во Споредна Улога за Џона Хил и Најдобро Адаптирано Сценарио за Теренс Винтер, но не успеа да добие ниту еден Оскар. Идни Филмови

Скорсезе планира да почне со снимање со адаптација на романот на Шисаку Ендо „Тишина“ за двајца португалски лицемерни свештеници во Јапан во 17 век. „Тишина“ беше првично планиран да биде снимен после „Островот Бленда“. Во Април 2013 година, финансиите за филмот беа конечно собрани и снимањето започна во Тајван во јули 2014. Скорсезе изјави дека долго планираниот биографски филм за Френк Синатра се отствраува со Фил Алден Робинсон како сценарист. Скорсезе исто така е поврзан со „Ирците“ филм во кој главните улоги ќе ги толкуваат Роберт Де Ниро, Џо Пеши и Ал Пачино.

Личен живот

уреди

Скорсезе бил женет пет пати. Неговата прва жена беше Ларин Мери Бренан и заедно имаат ќерка. Тој се ожени со сценаристката Џулија Камерун во 1976 и имаат ќерка, Доминика Камерун-Скорсезе која е глумица и се појавува во филмот на Скорсезе „Ерата на Невиност“. Бракот траеше само една година. Разведувањето беше остро и служеше како основа за првиот филм на Камерун, темната комедија „Желбата на Господ“ во која глумеше нивната ќерка. Скорсезе беше оженет со глумицата Изабела Росини од 1979 до нивниот развод во 1982. Тој подоцна се ожени за продуцентката Барбара Де Фина во 1985. Нивниот брак заврши исто со развод во 1991. Скорсезе е женет со Шермерхорн Морис од 1999. Заедно исто така имаат ќерка која се појави во филмовите „Авијатичарот“ и „Починатите“.

Режисерски стилови

уреди

Често користи спори кадри. Исто така е познат за замрзнување на кадрите. Главните женски ликови, плавуши, често се видени низ очите на протагонистот како ангелски и вечни, носат бело во првата сцена и се снимени успорено. Често користи долги следечки кадри. Користи МОЅ (Motor Over Sync) или Снимање со сихронизација, со позната музика или нараторство и користи агресивни движења со камерата и/или брзи монтажи. Понекогаш му дава значење на ликот со снимање на неговата зеница, со почит кон кинематографијата од 20-тите. Овој ефект може да се види во „Казино“ врз Шерон Стоун и Џо Пеши, „Животни Лекции“ и „Починатите“ врз Мет Дејмонд. Во поновите филмови има корумпирана властена фигура, како полицаец во „Починатите“ и политичари во „Бандите на Њујорк“ и „Авијатичарот:“ Вината е истакната тема во многу од неговите филмови, како што е улогата на католицизмот ви создавањето и справувањето си вината („Разгневениот Бик“, „Добри Момци“, Вадејќи ги Мртвите“, „Злобни Улици“, „Кој тропа на Мојата Врата“, „ Починатите“ и „Островот Бленда“. Спори снимки на светилки и истакнати звуци на блиц, камера и бленди од апарати. Песната „Gimmie Shelter“ од Rolling Stones може да се чуе на повеќе филмови како „ Добри Момци“; „Казино“ и „Починатите“.

Чести соработници

уреди

Скорсезе често избира исти глумци во своите филмови, практично Роберт Де Ниро, со кој има соработувано во осум филмови. Скорсезе често вели дека најдоброто дело на Де Ниро под негова режија е она на Руперт Папкин во „Кралот на Комендијата“. Во Скоро време, Скорсезе ја наоѓа својата муза во по помладиот глумец Леонардо Ди Каприо со кој има сорабутавно пет пати. Неколку критичари ја споредуваат соработката со Леонардо со онаа на Де Ниро. Други чести соработнци на Скорсезе се Виктор Арго (6), Хери Нортуп (6), Харви Кител (5), Мурај Мостон (5) и Верна Блум (3). Дениел Деј Луис, Алек Болдвин, Бен Кингсли, Џуд Ло, Емили Мортимер, Џон Раили, Френк Сиверо исто така се појавуваат во повеќе од еден филм на Скорсезе. Пред нивната смрт, родителите на Скорсезе, Чарлс и Катрин, се појавуваа во кратки делови или споредни улоги во филмовите, а најпозната сцена е онаа од „Добри Момци“. За екипата, Скорсезе постојано соработува со монтажерката Телма Шумејкер, кинематографот Мајкл Болхаус и Роберт Ричардсон, сценаристите Пол Шредер, Мардик Мартин и Џон Логан. Дизајнерката на костуми Синди Поуел, продуценскиот дизјанер Данте Ферети, музичкиот продуцент Роби РОбертсон и композиторите Хауард Шор и Елмер Бернстеин. Шумејкер, Ричардсон,Поуел и Ферети имаат добиено Оскари во своите категории во соработка со Скорсезе.