Тајвански фазан

(Пренасочено од Lophura swinhoii)
Тајавнски фазан
Мажјак
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордови
Класа: Птици
Ред: Кокошковидни
Семејство: Фазани
Потсемејство: Фазани
Род: Кокошкофазани
Вид: Тајвански фазан
Научен назив
Lophura swinhoii
(Gould, 1863)
Женка

Тајвански фазан или Свајноов фазан (научLophura swinhoii) — птица од родот кокошкофазани (Lophura) семејството на фазаните (Phasianidae). Ова е ендемски вид на Тајван, но може да се види во Зоолошката градина во Скопје.[2]

Опис

уреди

Мажјакот има светкави сино-виолетови гради, стомак и задник, бел тил, црвена кикиришка, бела опашка и бела пувка. Женката е кафена, со жолти точки и сложени пругави шари и темнокостенлива опашка (надворешниот дел).

Кога мажјакот се перчи, кикиришката му се набабрува, прави еден скок и трча во круг околу женките.

Живеалиште

уреди

Живеалиштето на тајванскиот фазан е ограничено на планинските шуми во средишниот дел на Тајван, на надморска височина до 2.300 м.[1]

Се храни со семки, плодови и некои инсекти.

Женката несе по 2 до 6 јајца, кои ги квачи 25 до 28 дена. Младенчињата се способни да одат надвор од гнездото 2 до 3 дена откако ќе се испилат.

Заштита

уреди

Тајванскиот фазан е малуброен поради ограниченото живеалиште и влошувањето на условите за живот, особено сечата на дрво. Дел од птиците се безбедни во заштитени подрачја, но други се намалуваат по бројност. Во минатото тајванскиот фазан се ловел и затоа исчезнал во извесни подрачја во 60-те и 70-те години на XX век. Денес, се смета дека живеат вкупно 10.000 единки.[1]

 
Lophura swinhoii

Потекло на името

уреди

Видот го научното име swinhoii во чест на британскиот природонаучник Роберт Свајно (1836-1877), кој прв го опишал во 1862 г.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 BirdLife International (2012). Lophura swinhoii. IUCN Red List. Version 2013.2. International Union for Conservation of Nature. Посетено на 26 November 2013.
  2. „Тајвански фазан“. Зоо Скопје. Архивирано од изворникот на 2015-05-02. Посетено на 28 април 2015.

Надворешни врски

уреди