К-поп

(Пренасочено од K-поп)

К-поп (K-popкеј-поп“, кратенка од англ. Korean pop;[1] корејски: 가요 кајо[2]) — музички жанр кој опфаќа многу стилови на јужнокорејската поп-музика,[3] вклучувајќи различни правци на денс-музиката, електропоп, хип-хоп и современ ритам и блуз.

K-pop
Стилско потекло: денс-музика, електронска музика, синтисајзерски поп, хип-хоп, рок, современ ритам и блуз
Културно потекло: Јужна Кореја, почетокот на 1990-тите
Својствени инструменти: вокал, рап, драм-машина, тапани, бас, клавијатури, пијано , семплер, секвенсер, синтисајзер, вокодер, Auto-Tune, од време на време употребата на разни други инструменти, како лимени дувачки и гудачки
Популарен: во цела Источна Азија

Според еден од авторите на американското музичко списание Ролинг стоун, K-pop е „смеса од модната западна музика и високоенергетски јапонски поп“ (J-pop), која „лови глави на слушатели со повторливи закачливи фрази, понекогаш на англиски јазик“. K-pop „вклучува спојување на стилови, како со пеење тако и со рап, и места посебен акцент на перформанси и силни визуелни ефекти“.[1]

K-pop не е само музика, K-pop станал субкултура која е популарна меѓу младите луѓе во целиот свет. Благодарение на интернетот и пристапот до дигитални содржини, K-pop достигнува до неверојатно широка публика.[4]

Историја

уреди

За разлика од другите музички жанрови, современиот почеток на K-pop може да се одреди со прецизен датум: 11 април 1992 година, кога групите Seo Taiji и The Boys за прв пат на сцената ја изведоа својата музика. Ова беше почетокот на K- pop што доведе до формирање на повеќе групи.

SM Entertainment основана во 1995 година, JYP Entertainment во 1997 година и YG Entertainment во 1998 година. Првата група која ги постави темелите на денешниот корејски поп е H.O.T, која дебитираше во 1996 година под SM Entertainment.

Познати K-pop групи и музичари

уреди

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Jeff Benjamin (2012-05-18). „The 10 K-Pop Groups Most Likely to Break in America“ (англиски). Rolling Stone. Архивирано од изворникот на 2012-07-10. Посетено на 2012-12-27.
  2. Holden, Todd Joseph Miles; Scrase, Timothy J. (2006). Medi@sia: Global Media/tion In and Out of Context (англиски). Taylor & Francis. стр. 144. ISBN 978-0-415-37155-1. Посетено на 2012-09-11.
  3. Hartong, Jan Laurens (2006). Musical Terms Worldwide: A Companion for the Musical Explorer (англиски). Semar Publishers. стр. 15. ISBN 978-88-7778-090-4. Посетено на 2012-12-27.
  4. Lina Yoon (2010-08-26). „Korean Pop, with Online Help, Goes Global“ (англиски). Time Magazine. Архивирано од изворникот на 2012-08-28. Посетено на 2012-12-27.

Надворешни врски

уреди