Џенсен Аклс

(Пренасочено од Jensen Ackles)

Џенсен Рос Аклс (роден на 1 март 1978 година) е американски глумец и режисер. Тој е познат по неговите улоги во телевизијата како Дин Винчестер во хорор фантазиската серија Натприродно, Ерик Брејди во Денови на нашите животи, кој му заработи неколку номинации за денската Еми награда, како и  Џејсон Теагуе во Смолвил. Бил гласовен глумец на  Џејсон Тод во популарниот анимиран филм  Бетмен: Под црвениот дуксер

Почетокот на животот

уреди

Аклс е роден во Далас, Тексас, тој е син на Дона Џоан и Алан Роџер Аклс, глумец.[1] Тој има брат, Џош, и сестра, Макензи. Аклс планирал да студира  спортска медицина во Тексас на технолошкиот универзитет и да стане физиотерапевт, но наместо тоа, тој се преселил во Лос Анџелес за да ја започне својата глумечка кариера. Тој има англиско, ирско, шкотско, и германско потекло.[2]

Кариера

уреди

Аклс почнал да се концентрира на глумечката кариера во 1996 година. Тој се појавил неколкупати како гостин со улога во телевизиската серија Слатка долина пред да се приклучи на глумечката екипа на NBC во сапунска опера Денови на нашите животи како Ерик Брејди во 1997 година. Тој во 1998 ја освоил наградата за „Најдобар машки дебитант“ и бил номиниран трипати (во 1998, 1999 и 2000) за денската Еми награда за Најдобар помлад глумец во драмска серија  Денови на нашите животи.[3]

 
Аклс (лево) со ѕвездата Џаред Падалечки во серијата (Натприродно) 2008 година

Аклс ја напуштил серијата Денови на нашите животи во 2000 година, и се појавил во мини-серијата Русокоса, во која се зборува за животот на Мерилин Монро. Тој, исто така, се пријавил за улогата на Кларк Кент во Смолвил, но улогата му била дадена на Том Велинг.[4] Тој се појавил како гостин со улога во телевизиската серија Темен ангел на Фокс во 2001 година. Неговиот лик умира во епизодата, но Аклс се враќа во серијата како редовен лик во втората сезона, како клон на  Бен, Алек/Х5-494. Тој останал со серијата сè до нејзиното укинување во 2002 година

 
Аклс во 2009 година

Аклс постојано работел во текот на 2003 година. Тој се приклучил на глумечката екипа на СБ's хит серијата Поток на Даусон за време на својата последна сезона, го играл ликот ЦЏ, љубовникот на Џен Линдли. Потоа, Аклс снимил неколку епизоди на необјавената серија Сè уште живот за Фокс пред да биде откажана.[5] Тој, исто така, имал мала улога во 2004  во кратокиот филм „Состојбата на Клоунана“ . Аклс бил првиот избор на продуцентот да ја  игра улогата на љубовниокот на Елиза Душхуку во втората сезона на  Вистински повик.[6] Аклс ја одбил улогата, која тогаш беше понудена на Ерик Кристијан Олсен и на ликот му било променето името во „Џенсен“, бидејќи на продуцентот на Вистински повик му се допаднало името на Аклс.

Аклс се вратил во Ванкувер (каде што е снимен Мрачен ангел ) во 2004 година за да стане редовен лик на Смолвил глумејќи го асистент фудбалски тренер Џејсон Теагуе, кој бил, исто така, најновиот романтичен интерес за  Лана Ланг (што ја игра Kристин Kреук). Тој, исто така, имал водечката улога во 2005 година во филмот Проголтувач, во кој таткото на Аклс, глумецот Ален Аклс, исто така, има улога како таткото на ликот на Аклс, Џејк Греј.

Во 2005 година, Аклс се приклучил на екипата на СБ во хорор драмската серија Натприродно каде што тој го глуми Дин Винчестер. Серијата е моментално во својата тринаесетта сезона на Г.С., и ја држи титулата за најдлгата серија во Северна Америка  во историјата.[7]

 
Аклс во 2013

Во летото на 2007 година, Аклс ја играл улогата на свештеник во комедијата Десет инчен херој, за кој Аклс добил високи пофалби за неговата комична страна во улогата. Во февруари 2009 година, филмот бил издаден на ДВД исклучиво од страна на Блокбастер.Тој, исто така, се појавил на сцената од 5 јуни до 10 јуни 2007 со Лу Дијамант Филипс во Неколку добри мажи во театарот Каса Манана во Форт Ворт, Тексас, како поручник Даниел Кафе. Аклс доби силна пофалби за неговата работа во оваа улога, која исто така претставува негово професионално театарско деби.

Летото 2008 година, Аклс глумел во филмот Мојот крвав Валентајн 3Д, кој бил прикажан на национално ниво на 16 јануари 2009 година.

Летото 2010, Аклс бил гласовен глумец на анимираниот лик Црвената наметка (Џејсон Тод) во анимираниот филм Бетмен:Под црвената наметка, кој бил објавен на јули 27 за ДВД .

На 22 октомври 2010 година, студиото на Дизни објави дека Аклс ќе биде гласовен глумец на ликот Гибсон во играта, Престол: Еволуција, која е објавена на 7 декември 2010.

Личен живот

уреди

По три години излегување со разни девојки, Аклс ја запознал глумицата и модел  Даниел Харис во ноември 2009 година.[8]  Љубовниот пар се венчал на 15 мај 2010 година, во Далас, Тексас.[9] Нивното прво дете, ќерка, е родена во мај 2013.[10] Во август 2016 година, тие објавиле дека очекуваат близнаци, момче и девојче.[11] На 2 декември 2016 година, нивните близнаци се родени.[12]

Аклс е ко-сопственик на една пивара во Дрипинг Спрингс, Тексас, „Семеен бизнис компанија за пиво“, со неговата сопруга и нивни роднини. Пиварата го добила името по репликата од Натприродно („семеен бизнис“).[13]

Наводи

уреди
  1. „Jensen Ackles Biography (1978–)“.
  2. „Jensen Ackles: Biography“. TV Guide. Посетено на June 29, 2009.
  3. „Awards for Jensen Ackles“. Internet Movie Database. Посетено на January 25, 2007.
  4. Tom Welling, Jensen Ackles. (March 26, 2006). 25 Things You Didn't Know About Supernatural. [Television]. TV Guide Network. 
  5. „The unseen: 24 TV shows produced but never properly aired“. The A.V. Club. February 20, 2012. Посетено на February 27, 2017. 11. Still Life (Fox, 2003) ...In addition to Baccarin, it starred future Supernatural star Jensen Ackles... Not a single one of the produced seven episodes ever aired, though a few surfaced in other countries.
  6. „Jensen Ackles“. Series Magazine. October 2004. Архивирано од изворникот на March 25, 2006. Посетено на January 25, 2007.
  7. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2016-09-25. Посетено на 2018-09-30.
  8. Abrams, Natalie (November 9, 2009). „Jensen Ackles and Danneel Harris Are Engaged“. TV Guide. Посетено на January 11, 2010.
  9. Oh, Eunice (May 16, 2010). „CW Stars Jensen Ackles and Danneel Harris Tie the Knot“. People Magazine. Посетено на May 16, 2010.
  10. Johnson, Zach (June 7, 2013). „Jensen Ackles and Danneel Harris Welcome Daughter Justice Jay“. Us Weekly. Посетено на June 7, 2013.
  11. Juneau, Jen; Jordan, Julie (August 10, 2016). „Twins On The Way for Jensen and Danneel Harris Ackles: A Boy and a Girl“. People.com. Архивирано од изворникот на 2016-09-20. Посетено на December 4, 2016. Не се допушта закосување или задебелување во: |publisher= (help)
  12. Juneau, Jen (December 3, 2016). „Jensen and Danneel Harris Ackles Welcome Twins“. People.com. Посетено на December 4, 2016. Не се допушта закосување или задебелување во: |publisher= (help)
  13. Highfill, Samantha (January 9, 2018). „Supernatural star Jensen Ackles opens Family Business Beer Co., a Texas brewery“. Entertainment Weekly. Посетено на April 10, 2018.

Надворешни врски

уреди