Човеколики мајмуни

(Пренасочено од Hominoidea)
Човеколики мајмуни
Период: Доцен олигоцен - денес
Ларски гибон (Hylobates lar)
Научна класификација
Царство: Animalia
Колено: Chordata
Класа: Mammalia
Ред: Primates
Подред: Haplorrhini
Парворед: Catarrhini
Натсемејство: Hominoidea
Gray, 1825
Семејства

Hylobatidae
Hominidae
Proconsulidae
Dryopithecidae
Oreopithecidae
Pliopithecidae

Човеколиките мајмуни, хоминоидите или антропоморфидите (латински: Hominoidea, Anthropomorphidae) се натсемејство на тесноносни мајмуни (Catarrhini) чија градба на телото е слична со онаа на човекот.

Според последните антрополошки податоци и општоприфатената теорија за потеклото на видовите, сите мајмуни од Стариот Свет (Catarrhini) се делат на две поголеми натсемејства: кучелики и човеколики мајмуни. Многу анатомски одлики ги одделуваат првите од вторите. За човеколиките мајмуни е најкарактеристично многу покрупното тело, отсуството на опашка, присуството на образните торбички и седалните перничиња (тие постојат и кај гибоните, но се помали). За човеколиките мајмуни е својствен принципиелно различен начин на движење по дрвја: наместо да трчаат по гранките со сите четири екстремитети, тие најчесто се движат на нив само со рацете, под гранките (се придржуваат за нив). Овој начин на движење е познат како брахијација. Приспособувањето на ваков начин на движење по гранки предизвикало низа анатомски промени: пофлексибилни и подолги раце, подвижен раменски зглоб, зарамнување на антериопостериорната оска на градната празнина.

Сите човеколики мајмуни имаат слична градба на забите и покрупен (во однос на кучеликите мајмуни) черепен мозок. Освен тоа, нивниот мозок е и посложен, со високоразвиени оддели одговорни за движењето на јазикот и очите.

Човеколиките мајмуни најпрво се појавиле во Стариот Свет при крајот на олигоцен (пред околу 30 милиони години). Меѓу нивните најпознати предци се проплиопитекусите — примитивни гибоновидни мајмуни од тропските шуми на Ел Фаијум (Египет), кои дале почеток на развитокот на плиопитекусите, гибоните и дриопитекусите. Во миоцен дошло до остро зголемување на бројот и разнообразието на видовите на човеколики мајмуни. Тоа била епохата на расцут на дриопитекусите и други хоминиди, кои пред околу 20-16 милиони години се раселиле од Африка во Европа и Азија. Среде азиските хоминоиди биле и сивапитекусите — предци на орангутаните, чија линија се одделила пред околу 16-13 милиони години. Според податоците на молекуларната биологија, одделувањето на шимпанзата и горилите од заедничкото стебло со човекот се случило пред околу 8-6 милиони години.

Систематика

уреди

Традиционално се разликуваат три семејства на човеколики мајмуни: гибони, понгиди (орангутани, горили и шимпанзи) и хоминиди (човекот и неговите предци). Меѓутоа, скорешните биохемиски истражувања укажуваат дека оваа поделба е необјаснива поради сродството меѓу човекот и понгидите е многу блиско. Поради тоа, семејството на понгидите денес е вклучена во семејството на хоминиди како потсемејство понгини, а некои автори во семејството на хоминиди ги вбројуваат уште и гибоните.

Современата систематика на човеколиките мајмуни е следна (зборот ,,род‘‘ не е укажан):

Фосилни човеколики мајмуни

уреди

Најстарите познати претставници на хоминоиди се камојапитекус (од пред 25 милиони години) и моротопитекус (пред 20,6 милиони години).

Надворешни врски

уреди

Наводи

уреди
  1. Groves, C. (2005). Wilson, D. E., & Reeder, D. M (уред.) (уред.). Mammal Species of the World (III. изд.). Baltimore: Johns Hopkins University Press. стр. 178–184. ISBN 0-801-88221-4.CS1-одржување: повеќе имиња: список на уредници (link)
  2. M. Goodman, D. A. Tagle, D. H. Fitch, W. Bailey, J. Czelusniak, B. F. Koop, P. Benson, J. L. Slightom (1990). „Primate evolution at the DNA level and a classification of hominoids“. Journal of Molecular Evolution. 30 (3): 260–266. doi:10.1007/BF02099995. PMID 2109087.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)