Ginem“ (македонски: Гинам) е песна од хрватскиот поп бенд Магазин. Издадена е во 1998 година, а се нашла на тринаесеттиот студиски албум на бендот, односно на вториот студиски албум на бендот со Јелена Розга како главна пејачка, насловен Da si ti ja (Да си ти јас). Како и најголемиот број песни на албумот, песната е напишана од страна на хрватскиот музичар и композитор Тончи Хуљиќ и поетесата и текстописец Вјекослава Хуљиќ.

„Ginem“
сингл од Магазин
од албумот Da si ti ja
Пуштена1998
Снимена1998
Жанр
Должина4:01
МаркаКроација Рекордс
Песнописец
Продуцент(и)
Магазин ― синглова хронологија
"Gutljaj vina"
(1998)
"Ginem"
(1998)
"Idi i ne budi ljude"
(1998)
Музичко видео
„Ginem“ (Официјално видео) на YouTube

Настапи во живо уреди

За време на нејзиниот настап во живо на MAC Music Awards на 12 февруари 2019 во Белград, Розга ја изведува песната во комбинација со „Ti si želja mog života“ и „Tri sam ti zime šaptala ime“. Настапот има повеќе од 1.5 милиони прегледи на Јутјуб од 2024.[1] На 19 април 2020, за време на вториот во серијата од седум концерти коишто ги одржала дома за време на Пандемијата на КОВИД-19, Розга извела акустична верзија на „Suze biserne“ придружена од Милан Терзе на гитара. Видеото било првично прикажано на Instagram Live и потоа на Јутјуб.[2] Покрај тоа, ја извела песната и на 25 декември 2020, за Божиќ, на седмиот од концертите во серијата, за време на онлајн концерт во живо придружена од Милан Терзе и Карло Дотур на гитара.[3]

На 18 јануари 2022, Розга се појавила на четиринаесеттата сезона од Ami G show во Белград, каде што дала интервју и ја извела „Ginem“ покрај други нејзини хит синглови.[4] При гостувањето во емисијата „Living room acoustic“ од радио станицата bravo! на 19 мај 2022, Розга ја извела песната во микс заедно со песните „Minut' srca tvog“ ( Минута на срцето твое) и „Nebo boje moje ljubavi“ (Небо во боја на мојата љубов).[5]

Наводи уреди