Координати: Ѕвездена карта &1000000000000000100000001ч &1000000000000001200000012м &1000000000000364800000036,48с, +&1000000000000001700000017° &1000000000000000400000004′ &1000000000000031800000031,8″

GU Риби b (GU Psc b)[2] — непосредно снимена масивна планета придружник на ѕвездата GU Риби, со необично голема орбита од 2000 ае (3×1011 км) , и привидно аголно растојание од 42 лачни секунди.[3][4] Планетата е со метоположба со ректасцензија од 01ч 12м &1000000000000364800000036,48с и деклинација од +17° 04′ &1000000000000031800000031,8″ на растојание од 48 пс[convert: unknown unit].[1]

GU Риби b
Планетата GU Риби b и нејзината GU Риби сликани со помош на видлива светлина и во ифрацрвено зрачење со помош на телескопот „Јужен Џемини“, додека пак инфрацрвената слика е од телескопот CFHT. Бидејќи инфрацрвената светлина е незабележлива за човековото око, астрономите употребија кодови на бои во кои инфрацрвеното зрачење беше означено со црвена боја. GU Риби b е посветла во инврацрвено зрачење отколку при употреба на други филтри, и токму поради ова на сликата е со изразито црвена боја.
Откривање[1]
ОткривачМари Ев-Нод, Етјен Аритиго, Лизон Мало, Лоик Албер, Рене Дојон, Давид Лафрениер, Џонатан Гање, Дидје Сомон, Каролин В. Морли, Франс Алар, Дерек Хомајер, Чарлс А. Бајхман, Кристофер Р. Гелино, Ана Буше
Орбитални особености
2000 ае [2]
163.000 години (заб.)
Физички особености
Маса9-13 MJ [2]

Особености

уреди

Орбиталниот период околу сопствената ѕвезда (која е 1/3 од масата на Сонцето) или времето потребно за да направи една „година“, ќе изнесува приближно 163.000 години.[заб 1] Станува збор за гасовита планета[5] во соѕвездието риби, на растојание од 155 светлосни години од нашиот Сончев Систем, и се проценува дека има маса од меѓу 9 и 13 Јупитерови маси,[6] и температура на површината од 1000 келвини[7]

Станува збор за релативно млад ѕвезден систем дел од подвижното јато AB Златна Рипка, околу 30 млади ѕвезди кои потекнуваат од истиот молекуларен облак со старост од 100 милиони години, и е единствената најдена планета од овој вид од испитуваните 90 ѕвезди.

Откривање

уреди

Планетата ја открила меѓународна екипа на астрономи предводени од Мари Ев-Нод од универзитетот на Монтреал во Квебек, преку заемно набљудување од телескопите на опсерваторијата „Џемини“, ОММ, CFHT и опсерваторијата Кек .[8] Огромното растојание на планетата овозможи да се искористи збир од техники како инфрацрвено набљудуваље и набљудуваља во видливата светлина за полесно да се забележи, техника која научниците се надеваат да ја искористат и за откривање на планети кои се поблиску до сопствените ѕвезди со помош на GPI во Чиле.

Близу инфрацрвената спектроскопска анализа за планетата беше направена со помош на спектрографот GNIRS монтиран на телескопот „Северен Џемини“, со што се покажа дека на површината на планетата има мала активност со што се потврдува староста на планетата. Исто така беше забележано слабо впивање на метанот во H и K спектралните ширини што пак означува дека станува збор за планета ос спектрална класа T3.5.

Белешки

уреди
  1. Постои грешка во печатот Архивирано на 21 мај 2014 г., која беше повторена од многу информативни средства. Со употреба на третиот Кеплеров закон и со претпоставка дека станува збор за кружна орбита околу ѕвезда со маса 0.3 пати од масата на Сонцето, точната претпоставка за периодот на оваа планета е ~163.000 години, а не 80.000 години.

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Marie-Eve Naud, Étienne Artigau, Lison Malo, Loïc Albert, René Doyon, David Lafrenière, Jonathan Gagné, Didier Saumon, Caroline V. Morley, France Allard, Derek Homeier, Charles A. Beichman, Christopher R. Gelino, Anne Boucher (12 May 2014). „Discovery of a Wide Planetary-mass Companion to the Young M3 Star GU Psc“. The Astrophysical Journal (објав. May 2014). 787 (1): 16. arXiv:1405.2932. Bibcode:2014ApJ...787....5N. doi:10.1088/0004-637X/787/1/5. 5.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
  2. 2,0 2,1 2,2 Universite de Montreal (13 May 2014). „Odd planet, so far from its star: Gas giant 155 light years from our solar system“. ScienceDaily. Посетено на 2014-05-14.
  3. Ivan Zolotukhin. „Planet GU Psc b“. Exoplanet.eu.
  4. Université de Montréal (13 May 2014). „Odd planet, so far from its star...“. UdeMNouvelles. Архивирано од изворникот на 2014-05-21. Посетено на 2014-07-25.
  5. „Odd planet, so far from its star“. Astronomy Magazine. May 14, 2014.
  6. „GU Psc b: Newly Discovered Exoplanet Takes 80,000 Years to Orbit its Star“. Sci-News.com. May 14, 2014.
  7. Brett Smith (May 14, 2014). „Finding An Exoplanet That Takes 80,000 Earth Years To Orbit Its Sun“. redOrbit.com.
  8. „Odd planet, so far from its star...“. Gemini. May 12, 2014.