Фридрих Хајнрих Вигерс

(Пренасочено од F.H.Wigg.)

Фридрих Ханјрих Вигерс (германски: Friedrich Heinrich Wiggers или Fridrich Hindrich; 15 март 17463 март 1811) — германски ботаничар кој ги опишал глуварчињата, автор на флора на Холштајн (1780).[1] Се среќава и под латинизираното име „Фредерикус Хенрикус“ (Fredericus Henricus) и алтернативното презиме Wichers.

Бигерс е роден во 1746 г. во Кремпе, Холштајн. Во 1774 г. се запишал на Килскиот универзитет и во 1780 г. ја издал дисертацијата Florae Primitiae holsatica. Во 1784 г. Докторирал медицина. Подоцна се преселил во Апенраде, Шлезвиг, каде се оженил во 1785 г. и имал четири деца.[2] Починал во 1811 г. во Хусум.

Вигерс како ботаничар се означува со стандардната кратенка F.H.Wigg. при наведување на ботаничко име.[3]

Наводи

уреди
  1. Philip Alexander Munz & David D. Keck (1973). A California Flora and Supplement. University of California Press. стр. 1575.
  2. V. J. Grumman (1962). „Biographisches zu Wichers = Wiggers (1746–1811) und Weisz = Weis (1744–1826)“. Taxon. 11 (5): 167–170. JSTOR 1216723.
  3. „Wiggers, Friedrich Heinrich (Fridrich Hindrich) (1746–1811)“. Author Query. Меѓународен индекс на растителни имиња. Посетено на November 5, 2011.

Надворешни врски

уреди