Drum and bass
Драм енд бејс (англиски: Drum and bass), скратено d&b, DnB, dnb, d'n'b, drum n bass или drum & bass) е тип на електронска музика, познат и како jungle (џангл, џунгла), појавен во почетокот од 1990-тите. Се одликува со брзо темпо и брзи испрекинати удари на тапани (обично околу 160-180 удари во минута), со тежок, често сложен, бас. Во 2000-тите, драм енд бејс сѐ уште се смета за андерграунд музички стил, но има значајно влијание врз популарната музика и култура.
Drum and bass | |
---|---|
Стилско потекло: | Брејкбит хардкор, техно, хип-хоп, реге/рага, Денсхол/Даб, Фанк, Брејкбит, Џез |
Културно потекло: | рани/средни 1990-ти, Лондон и Бристол, Британија |
Својствени инструменти: | Синтисајзер - Драм-машина - секвенсер - клавијатури - Семплер - Личен сметач |
Популарен: | Отпрво само во Британија, сега низ целиот свет |
Даркстеп - Драмфанк - Електростеп - Фјучрстеп - Хардстеп - Интелигентен драм енд бејс - Џезстеп - Џамп-ап - Ликвид фанк - Неврофанк - Рага џангл - Сембејс - Текстеп | |
Претопени жанрови | |
Брејккор - Брејкстеп - Дарккор - Дабстеп - Хипстеп - Текбрејкс - Рагакор |
Драм енд бејсот произлегол од брејкбит хардкор и рејв-сцената од крајот на 1980-тите, и за време на првите десет години од постоењето, доживеал многу измени во стилот, примајќи елементи од рага, денсхол, електро, фанк, хип-хоп, хаус, џез, хеви метал, реге, рок, техно и транс.