Daddy (песна на Бијонсе Ноулс)

Daddy“ е песна од американската пејачка Бијонсе Ноулс од нејзиниот прв студиски албум, Dangerously in Love (2003). Компонирана е од Ноулс како и од Марк Батсон. Песната оригинално не требало да се најде на последниот список на песни на албумот. На Ноулс ѝ било овозможено да ја сними песната откако издавачкиот датум на албумот бил одложен. „Daddy“ била издадена само во iTunes Store во САД како промоционален сингл на 3 јуни 2003 преку Columbia Records.

„Daddy“
Промоционален сингл од Бијонсе
од албумот Dangerously in Love
Пуштена3 јуни 2003
ОбликДигитално спуштање
Снимена2003
ЖанрР&Б
Должина4:58
МаркаColumbia
ПеснописецБијонсе Ноулс, Марк Батсон

Ноулс кажала дека песната била мотивирана од преданоста и лојалноста која ја имал нејзиниот татко/менаџер, Метју Ноулс кон членовите на неговата фамилија. Многу од песните на албумот ги испитуваат аспекти на врските. Сепак, „Daddy“ се смета за елементно анализирање на врските помеѓу сродството со таткото и неговите потомци од различна моќна перспектива. Музичките критичари, кои генрелно добро ја прифатиле песната, коментирале дека таа е начин на Ноулс да му оддаде почит на нејзиниот татко.

Заднина

уреди

„Daddy“ е напишана од Ноулс и Марк Батсон.[1][2] Била „скриена песна“ на сите изданија од Dangerously in Love како петнаесеттата и последна песна од албумот.[3] Ноулс прво не планирала да ја вклучи песната во албумот,[3] но по неколкуте одложувања на албумот, нејзе ѝ било овозможено да работи на дополнителен материјал за албумот, вклучувајќи ја и песната „Daddy“.[4] Повеќе од четириесет и три песни биле снимени за Dangerously in Love, од кои сите биле набљудувани од нејзиниот татко Метју. Сепак, Ноулс тајно планирала „Daddy“ да биде „скриена песна“ што го оставило нејзиниот тако без зборови поради шок и благодарност.[4] Песната била издадена како промоционален сингл до iTunes Store во САД на 23 јуни 2003 преку Columbia Records.[5] Вклучена е и на саундтракот за Малечките Девојки На Тато (2007).[6]

За концепцијата на „Daddy“, Ноулс кажала за MTV Вести:

„Моите мајка и тактко беа заедно 23, 24 години и ги видов како поминуваат низ многу работиt. И тој секогаш ја поддржуваше неговата сопруга и ја поддржуваше неговата фамилија и ги поддржување мјата сестра и [мојата братучетка] Кели Роуланд. Таа лојалност и сила која ја има тој, тие одредени квалитети сакам да ги има секој околу мене. - Бијоне Ноулс (2003)[4]

Композиција

уреди

„Daddy“ трае речиси пет минути [7] и е Р&Б песна.[8] Првиот стих на песната започнува со Ноулс која се сеќава како таа и нејзиниот татко/менаџер, Метју Ноулс биле заедно додека таа била дете и во адолесцентниот период.[9] Таа пее за својата желба да биде со човек кој има слични квалитети како својо татко.[4] Ова е илустрирано во тектсот: „Јас го ценам секој незаменлив момент и сакам мојот нероден син да биде како мојот татко, јас сакам мокот маж да биде како мојот татко, нема никој друг како мојот татко.“[9] Според Марк Антони Нил од PopMatters, Бијонсе исто така самоуверено ја загрнува нејзината женственост во песната.[3] На некој начин, Бијонсе му посветува внимание на нејизниот татко преку песната.[7]

Критички оценки

уреди

Марк Едвард Неро од About.com изјавил дека „Daddy“ најверојатно е специфично напишана за саундтрак албумот на Малечките Девојки на Тато и дека може дури „да се пушти во дел со клучна сцена.“ Давајќи насока на долгогодишната врска на Ноулс со Џеј-Зи и тогашните гласини дека тие ќе се венчаат, Неро додал дека песната можеби остава неколку обожаватели да се запрашаат што ќе се лучи потоа.[9] Марк Антони Нил од меѓународниот онлајн магазин PopMatters сметал дека „Daddy“ е „највлијателната песна на Dangerously in Love.“[3] Тој напишал дека песната е вонредна почит кон нејзиниот татко Метју Ноулс, изјавувајќи дека Ноулс „го прегрнува [...] човекот кој ѝ помогнал да го има уметничкиот што Dangerously in Love го претставува.“ Тој завршил додавајќи „ [...] До моментот кога слушачите ќе стигнах до петнаесеттата и последна песна, тие ќе бидат толку убаво изненадени што 'Daddy' изгледа помалку старомоден [...]“ но во оваа песна таа конечно ја признава изјавата дека е жена, а не девојка.[3]

Ентони Декуртис од Роулинг Стоун коментирал дека албумот кој почнува со „казанот од енергија“ на „Crazy in Love“ (2003), завршува контрасно со „Daddy“ која ја опишал како пет-минутно внимание на нејзиниот менаџер-тетко и сметал дека е „антологија на вокал и лирски клишеа.“[7] MTV Вестите напишале дека „Daddy“ е поразлича од другите односи во Dangerously in Love и додал дека има силна порака.[4] За разлика од него, Алисон Стјуарт од The Washington Post ја нарекол „Daddy“ „страшна бонус песна“.[10] Слично, Спенс Д. од IGN Music изјавил дека „Daddy“ навистина не вреди да се открива.[8]

Наводи

уреди
  1. Thread editors. „Beyoncé's debut Album, Dangerously In Love“. Thread Magazine. Архивирано од изворникот на 2008-01-22. Посетено на March 2, 2011.
  2. Dangerously in Love (CD)|format= бара |url= (help) (Media notes). United States: Sony BMG Entertainement. 2003. Занемарен непознатиот параметар |bandname= (help)
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 Neal, Marc Anthony (July 11, 2003). „Beyoncé: Dangerously in Love“. PopMatters]]. Посетено на March 1, 2011. Не се допушта закосување или задебелување во: |work= (help)
  4. 4,0 4,1 4,2 4,3 4,4 Moss, Correy. „Beyoncé: Genuinely In Love - Part 2“. MTV News. MTV Networks. Посетено на March 1, 2011.
  5. „Daddy - Single Beyoncé“. iTunes Store US. Apple Inc. Посетено на March 1, 2011.
  6. „Daddy's Little Girl (Soundtrack)“. Amazon UK. Amazon Inc. Посетено на March 1, 2011.
  7. 7,0 7,1 7,2 DeCurtis, Anthony (July 10, 2003). „Album Reviews: Dangerously in Love“. Rolling Stone. Jann Wenner. Архивирано од изворникот на 2012-12-16. Посетено на March 1, 2011.
  8. 8,0 8,1 D., Spence (September 3, 2003). „Dangerously In Love - Beyoncé's solo debut is a mixed bag of contemporary R&B“. IGN Music. News Corporation. Архивирано од изворникот на 2011-06-28. Посетено на March 1, 2011.
  9. 9,0 9,1 9,2 Mark Edward Nero. „Review: "Daddy's Little Girls" Soundtrack“. About.com. The New York Times Company. Посетено на March 1, 2011.
  10. Stewart, Allison. "Review: Dangerously in Love Архивирано на 23 октомври 2012 г.". The Washington Post. Katharine Weymouth.: C.05. June 25, 2003. Посетено на March 1, 2011. (Transcription of original review at talk page)