Качунки
Качунка | |
---|---|
Crocus sativus | |
Научна класификација | |
Царство: | Растенија |
Надоддел: | Семеници |
Нерангирано: | Скриеносеменици |
Нерангирано: | Монокотиледони |
Ред: | Шпаргловидни |
Семејство: | Перуники |
Потсемејство: | Качунки |
Род: | Качунки L. |
Типски вид | |
Crocus sativus L. | |
Видови | |
Во текстот. |
Качунки (науч. Crocus) — род растенија кој обединува многугодишни тревести растенија од семејството на перуниките (Iridaceae). Видовите од овој род се распространети од источното Средоземје до средна Азија.
Распространување
уредиАреалот го вклучува Средоземјето (особено јужна Европа и северна Африка), средна Европа, Мала Азија, Блискиот Исток и средна Азија сè до западна Кина, при што се среќаваат во различни биотопи - степи, ливади (меѓу кои и високопланински) и шуми.
За претставниците од овој род се потребни отворени сончеви станишта и пропуслива почва.
Опис
уредиЛуковицата е 3 см во пречник, округла или плосната, облечена во лушпи.
Стебло не се развива.
Листовите се линејни, се појавуваат за време или по цветањето.
Цветовите се единечни, понекогаш 2-3 од една луковица, опкружени со мембранозни лушпи. Околуцветникот е голем, во вид на долга инка, венчето се состои од 6 дела кои преминуваат во долга цилиндрична трубичка. Прашниците се прикачени за вратот на околуцветникот и се пократки од него; прашничките филаменти се кратки; антерите се исправени, линеарни, обично подолги од филаментите. Столпчето е нишковидно со три жига.
Плодовите се од типот на триделни кутијки; семињата се мали и зааглени.
Периодот на цветање е од пролет до есен (кај различните видови).
Според бојата на цветовите, качунките се делат на две групи: жолтоцветни (со жолта до портокалова боја) и синоцветни (со светлолилјакова до темновиолетова боја); се среќаваат и албино форми - почесто кај синоцветните, а поретко кај жолтоцветните.
Систематика
уреди- Подрод Crocus
- Секција Crocus
- Серија Verni
- Серија Scardici
- Серија Versicolores
- Серија Longiflori
- Crocus longiflorus, Crocus nudiflorus, Crocus serotinus, Crocus niveus, Crocus goulimyi, Crocus ligusticus** (syn. Crocus medius hort, non Balbis) (Mariotti, 1988)
- Серија Kotschyani
- Серија Crocus
- Crocus sativus, Crocus pallasii, Crocus thomasii, Crocus cartwrightianus, Crocus moabiticus, Crocus oreocreticus, Crocus asumaniae, Crocus hadriaticus, Crocus mathewii* (Kerndorff & Pasche, 1994), Crocus naqabensis* (Al-Eisawi, 2001)
- Секција Nudiscapus
- Серија Reticulati
- Crocus reticulatus, Crocus veluchensis, Crocus cvijicii, Crocus dalmaticus, Crocus sieberi, Crocus robertianus, Crocus cancellatus, Crocus hermoneus, Crocus abantensis, Crocus angustifolius, Crocus ancyrensis, Crocus gargaricus, Crocus sieheanus, Crocus rujanensis* (Randjelović & al., 1990), Crocus herbertii* (B.Matthew, 2009)
- Серија Biflori
- Crocus biflorus, Crocus chrysanthus, Crocus almehensis, Crocus danfordiae, Crocus pestalozzae, Crocus aerius, Crocus cyprius, Crocus hartmannianus, Crocus adanensis, Crocus leichtlinii, Crocus caspius, Crocus kerndorffiorum* (Pasche, 1993), Crocus wattiorum* (Mathew, 1995; 2000), Crocus nerimaniae* (Yüzbasioglu & Varol, 2004)
- Серија Orientales
- Серија Flavi
- Crocus flavus, Crocus antalyensis, Crocus olivieri, Crocus candidus, Crocus vitellinus, Crocus graveolens, Crocus hyemalis, Crocus paschei* (Kerndorff, 1993)
- Серија Aleppici
- Серија Carpetani
- Серија Intertexti
- Серија Speciosi
- Серија Laevigati
- Серија Reticulati
- Секција Crocus
- Подрод Crociris