Смокови

семејство змии
(Пренасочено од Colubridae)
Смокови
Период: олигоцен - денес
Жолт смок (Coluber caspius)
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордови
Потколено: ’Рбетници
Класа: Влекачи
Ред: Лушпари
Подред: Змии
Семејство: Смокови
Oppel, 1811

Смокови (науч. Colubridae) — најголемата семејство на змии, опфаќајќи околу две третини од видовите во светот (304 рода со 1.938 видови). Фамилијата за првпат се јавува во олигоценската епоха. Живеат на сите континенти освен Антарктикот.[1]

Во Македонија живеат 11 вида смокови од вкупно седум рода:[2]

Опис

уреди

Највеќето се неотровни (или „полуотровни“, т.е. чиј отров е неопасен за човекот) и се претжено безопасни, постојат неколку групи, меѓу кои е родот бојга, што можат да предизвикаат медицински значителна штета. Забележани се човечки жртви од бумслангот, гранчестата змија и азискиот род долгозаби смокови (Rhabdophis).[1][3]

Некои видови се заднозабни (опистоглифни), т.е. имаат издолжени жлебести заби во задниот дел на горната вилица.[3] По ова се разликуваат од отровниците и штитовратките, чии заби се сместени напред.[1][3]

Класификација

уреди

Смоковите се природна група, па затоа многу видови се во поблиско сродство со други групи (како штитовратките) отколку меѓусебно.[4] Фамилијата претставува класичен случај на таксон за „отпадоци“, кајшто се сместуваат видовите што не припаѓаат на ниедна друга група.[5] Во науката се работи на истражувања што би ја ставиле во ред оваа мешавина.

потсемејство Boodontinae

потсемејство Calamariinae

потсемејство Colubrinae — речиси 100 рода

потсемејство Dipsadinae

потсемејство Homalopsinae - околу 10 рода

потсемејство Natricinae - околу 30 рода

потсемејство Pareatinae - околу рода

потсемејство Psammophiinae

потсемејство Pseudoxenodontinae

потсемејство Pseudoxyrhophiinae - околу 20 рода

потсемејство Xenodermatinae

потсемејство Xenodontinae - околу 55-60 рода

несигурни (incertae sedis)

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 Bauer, Aaron M. (1998). Cogger, H.G. & Zweifel, R.G (уред.). Encyclopedia of Reptiles and Amphibians. San Diego: Academic Press. стр. 188–195. ISBN 0-12-178560-2.CS1-одржување: повеќе имиња: список на уредници (link)
  2. Петковски, С; В. Сидоровска и Г. Џукиќ (2000/1). „Биодиверзитетот на фауната на змиите (Reptilia: Serpentes) во Македонија“ (PDF). Екол. Зашт. Живот. Сред. Скопје. 7 (1–2): 41–54. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)[мртва врска]
  3. 3,0 3,1 3,2 Bruna Azara, C. 1995. Animales venenosos. Vertebrados terrestres venenosos peligrosos para el ser humano en España. Bol. SEA, 11: 32-40
  4. Lawson, R; Slowinski, J.B.; Crother, B.I.; Burbrink, F.T. (2005). „Phylogeny of the Colubroidea (Serpentes): New evidence from mitochondrial and nuclear genes“ (PDF). Molecular Phylogenetics and Evolution. 37: 581–601. doi:10.1016/j.ympev.2005 јули 016 Проверете ја вредноста |doi= (help). PMID 16172004. Архивирано од изворникот (PDF) на 2011-07-27. Посетено на 2013-05-18.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
  5. Fry, B.G.; Vidal, N.; van der Weerd, L.; Kochva, E.; Renjifo, C. (2009). „Evolution and diversification of the Toxicofera reptile venom system“. Journal of Proteomics. 72: 127–136.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)

Надворешни врски

уреди