Шарлот Перели
Шарлот Перели (шведски: Charlotte Perrelli) (родена како Ана Џени Шарлот Нилсон, (шведски: Anna Jenny Charlotte Nilsson), на 7 октомври 1974 година во Хувманторп, Крунуберг, Шведска) - шведска пејачка и телевизиска водителка.[1]
Шарлот Перели | |
---|---|
Перели во 2017. | |
Животописни податоци | |
Родено име | Ана Џени Шарлот Нилсон |
Познат(а) и како | Charlotte Nilsson |
Роден(а) | 7 октомври 1974 |
Потекло | Хувмантроп, Шведска |
Жанрови | Диско, Поп |
Инструменти | Пејач |
Период на активност | 1987–сè уште |
Издавачи | Stockhouse (1999-2008) Universal Music (2008-present) |
Соработници | Wizex, Anders Engbergs |
Мреж. место | Myspace site Official Website |
Победила на шведскиот избор за песна на евровизија Мелодифестивален во 1999, а потоа победила и на Евровизија 1999 со песната "Take me to your heaven" во Ерусалим, Израел.
Од тогаш издала седум албуми и повеќе синглови.
Перели победила уште еднаш на Мелодифестивален во 2008 и ја претставувала Шведска на Евровизија 2008 со песната "Hero" во Белград, Србија.
Приватен живот
уредиВо 2003, Перели се омажила со Никола Ингросо, шведско-италијански сопственик на ресторани, и имаат два сина.
Поради семејни несогласувања, Шарлот и Никола го смениле своето презиме во Перели.[2]
По шпекулации во шведските медиуми дека парот имале проблеми, Перели и Ингросо официјално изјавиле дека се разделиле во јуни 2008,[3] а на 24 септември 2009 парот поднел развод.[4]
Од 2012, Перели е во врска со Андерс Џенсен. Таа го родила првото дете со него на 30 јули 2013, а во октомври 2018 го родила нејзиното четврто дете.[5]
Дискографија
уреди- 1999 - Charlotte
- 2001 - Miss Jealousy
- 2004 - Gone Too Long
- 2006 - I din röst
- 2008 - Hero
- 2008 - Rimfrostjul
- 2012 - The Girl
- 2013 - Min barndoms jul
- 2017 - Mitt liv
Надворешни врски
уреди„Шарлот Перели“ на Ризницата ? |
Наводи
уреди- ↑ „Eurovision Song Contest - Belgrade 2008“. web.archive.org. 2008-05-26. Архивирано од изворникот на 2008-05-26. Посетено на 2020-10-03.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
- ↑ „Nicola Perrelli mot Charlotte: "Jag vill ha tillbaka mitt namn" | Klick! | Nöjesbladet | Aftonbladet“. web.archive.org. 2014-09-03. Архивирано од изворникот на 2014-09-03. Посетено на 2020-10-03.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
- ↑ „Charlotte och Nicola Perrelli tar time out | Nöjesliv | Aftonbladet“. web.archive.org. 2008-06-12. Архивирано од изворникот на 2008-06-12. Посетено на 2020-10-03.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
- ↑ „Charlotte Perrelli bryter tystnaden om skilsmässan | Extra | Expressen“. web.archive.org. 2014-08-08. Архивирано од изворникот на 2014-08-08. Посетено на 2020-10-03.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
- ↑ „Nu avslöjar Perrelli sin nyfödde sons namn | Kvällsposten“. web.archive.org. 2013-09-15. Архивирано од изворникот на 2013-09-15. Посетено на 2020-10-03.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)