Beaucarnea recurvata
CITES, Додаток II (CITES)[2]
Научна класификација
Царство: Растенија
Ред: Шпаргловидни
Семејство: Шпаргли
Потсемејство: Nolinoideae
Род: Beaucarnea
Вид: B. recurvata
Научен назив
Beaucarnea recurvata
Ш. А . Лемер
Синоними[3]

Beaucarnea recurvata, познато и како слонова ногавид растение од фамилијата Шпаргли (Asparagaceae). Видот бил домороден во многу држави од источно Мексико, но сега е ограничен на државата Веракрус.[1][4] Во Европа и светот, слоновата нога е познато украсно растение. Во Мексико се регистрирани 350-годишни претставници на дрвото Beaucarnea.[5]

Опис

уреди
 
Стебло од слоново стапало во Артемиса, Куба.

Тоа е зимзелено повеќегодишно растение со забележливо проширено стебло (наменето за складирање на вода), кое расте до 4.72 метри. Единечното стебло налик на палма создава терминални прамени од долги заоблени кожени лисја, понекогаш со изглед на прамени на коса, со повремени метричести соцветија од мали бели цветови штом растението ќе наполни 10 години.

Умерено задебеленото при основата стебло, се истенчува и минимално се разгранува при врвот. Речиси сферичното стебло кај младите единки подоцна достигнува висина од 4 до 6 метри[6] и има пречник до 50 центиметри (и повеќе во основата). Кората е мазна. Зелените линиски, свиткани листови се тенки, рамни или малку набраздени. Долги се од 2.2 до 4.5 метри и широки од 15 до 20 милиметри.

Живеалиште

уреди

Живеалишта му се ниските листопадни шуми, со просечна температура од 20 степени °C и годишни врнежи од 800 mm, и типично сушна сезона од помеѓу 7 и 8 месеци. Овие типови шуми се во висински опсег од 0 до 1700 метри надморска височина. Тие растат на карпести почви со недостаток на хранливи материи, на карпи и стрмни планини. Растат на интензивно сонце или делумна сенка. Растенијата се многу бавно растечки и многу толерантни на суша, опстојуваат и во саксии или засадени како украсни градинарски дрвја.[7]

Одгледување

уреди

По добивањето на Наградата за градинарски заслуги на Кралското хортикултурно друштво.[8] B. recurvata често се одгледува како домашно растение или растение на отворено во градини со умерена клима. Бавно растечко и толерантно на суша, Beaucarnea recurvata е отпорно и на температура од −5 °C, расте на интензивно сонце до осветлена сенка и бара соодветна мешавина на почва која му овозможува цедење кога се наводнува. Сепак, треба да се биде внимателен за да не се претера со вода при наводнување, бидејќи тоа ќе поттикне штетници како што се инсектите од семејството Pseudococcidae и Dactylopius coccus . Ако се чува на места со интензивни зими, задолжително е чување во затворена просторија бидејќи не може да поднесе ниски температури. За да се задржи првичниот облик на растението, краевите на листовите не смеат да се сечат, и при пресадување потребно е коренскиот систем да остане неоштетен.[9]

Зачувување

уреди

Видовите од родот Beaucarnea главно се критично загрозени поради различни човечки активности, што довело до драстична фрагментација и уништување на нивното живеалиште. Дополнително, собирањето семиња, садници, млади и зрели единки за комерцијална употреба влијаело но на големината на популацијата и на соодносот меѓу половите, со што се намалиле можностите за оплодување и, следствено, производството на семе.[10] Оваа постапка на експлоатација го изложува овој вид во состојба на закана или исчезнување, со намалување на големината на популациите, како и со влошување на нивната генетска разновидност.[9] Beaucarnea recurvata, се смета дека е загрозена според Службениот мексикански стандард 059-ECOL-2010 на СЖСПР/СЕМАРНАТ во Мексико.

Видот е наведен во Прилог II од Конвенцијата за меѓународна трговија со загрозени видови (КМТЗВ/ЦИТЕС) што значи дека меѓународната трговија со видовите е регулирана.[2]

Галерија

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Martínez Salas, E.; Samain, M.-S.; Fuentes, A.C.D. (2020). Beaucarnea recurvata. Црвен список на загрозени видови. 2020: e.T136808293A137376209. doi:10.2305/IUCN.UK.2020-1.RLTS.T136808293A137376209.en. Посетено на 13 мај 2022.
  2. 2,0 2,1 „Appendices | CITES“. cites.org. Посетено на 13 мај 2022.
  3. „The Plant List: A Working List of All Plant Species“. Посетено на 13 мај 2022.
  4. Irish, Gary (2000). Agaves, Yuccas, and Related Plants: A Gardener's Guide. Timber Press. стр. 187. ISBN 978-0-88192-442-8.
  5. Instituto de Ecología A.C. video files, Mexico
  6. ?
  7. Miranda, F. and Hernández XE 1963.
  8. „RHS Plant Selector - Beaucarnea recurvata. Посетено на 14 мај 2022.
  9. 9,0 9,1 Nason, J, and JL Hamrick. 1997.
  10. Hernández SL, M. Martínez, G. Malda B., HA Castillo G., O. Salcedo G., Osorio R. Ma. L., A. Contreras H., R. Orellana L., C. Swords M., LE Carrillo S., KKE Almanza R., M. Capdevielle V, Ml Á.

Надворешни врски

уреди