Кромид

(Пренасочено од Allium cepa)
Кромид
Општ изглед на растението.
Научна класификација
Царство: Растенија
Нерангирано: Скриеносемени
Нерангирано: Монокотиледони
Ред: Asparagales
Семејство: Alliaceae
Род: Кромид
Вид: A. cepa
Научен назив
Allium cepa
L.

Кромид е збор кој се користи за повеќе растенија од родот Allium. Тие во народот се познати како "кромид", но овој термин најчесто се однесува на видот Allium cepa. Allium cepa е исто така познат како градинарски кромид или луковичест кромид и козји лук (шалот).

Allium cepa е познат само како насад (култура),[1] но во Средна Азија постојат и сродни диворастечки видови. Најсродни видови се Allium vavilovii Popov & Vved. и Allium asarense R.M. Fritsch & Matin од Иран.[2] Меѓутоа, научниците Зохари и Хопф предупредуваат дека "постојат сомневања дека видот vavilovii е всушност диворастечки."[3]

Употреби

уреди

Кромидот е еден од најстарите зеленчуци познати на човештвото. Тој се употребува како додаток или зачин во различни рецепти во речиси сите светски култури. Може да се најде во свежа, замрзната, конзервирана и дехидрирана состојба, како и во прав. Овој зеленчук може да се користи во речиси секој вид на храна, и тоа пржена или во салати, но и како зачин. Во зависност од вариететот, кромидот може да биде со остар или благ вкус.

Медицински својства и здравствени придобивки

уреди

Се смета дека кромидот помага при широк спектар на заболувања - од обична настинка, па сѐ до срцеви заболувања, дијабетис, остеопороза и некои други болести. Тој содржи хемиски соединенија за кои се верува дека имаат антивоспалителни, антихолестеролски, антиканцерни и антиоксидирачки својства, како на пример кверцетинот. Сепак, не е јасно покажано дека зголеменото консумирање на кромид е директно поврзано со здравствени придобивки кај човекот. Некои истражувања, меѓутоа, покажале дека зголемената исхрана со кромид доведува до намалување од ризикот за добивање рак на главата и вратот. Во Индија, некои секти не јадат кромид, бидејќи се вреува дека тој има афродизиско дејство.

Еден американски хемичар истакнал дека плеиомерските соединенија во кромидот имаат потенцијал да ги намалат симптомите на фарингитис, или, пак, целосно да го излечат.

Кромидот како тема во уметноста и во популарната култура

уреди
  • „Кромид“ — краток расказ на македонската писателка Оливера Ќорвезироска од 2021 година.[4]
  • „Кромид“ — песна на полската поетеса Вислава Шимборска.[5]
  • „Млад кромид“ (англиски: Green Onions) — песна од истоимениот албум на американската група Booker T. & The M.G.'s од 1962 година.[6]
  • „Уште кромид“ (англиски: Mo' Onions) — песна на американската група Booker T. & The M.G.'s од 1962 година.[6]
  • „Стаклен кромид“ (англиски: Glass Onion) — песна на британската рок-група Битлси од 1968 година.[7]

Галерија

уреди

Наводи

уреди
  1. „Allium cepa Linnaeus“. Flora of North America.
  2. Грубен, Г.Џ.Х. & Дентон, O.A. (2004) Растителни ресурси од тропска Африка 2. Зеленчуци. PROTA Фондација, Вагенинген; Backhuys, Leiden; CTA, Wageningen.
  3. Daniel Zohary and Maria Hopf, Domestication of plants in the Old World, third edition (Oxford: University Press, 2000), p. 198
  4. Оливера Ќорвезироска, Престапни години (прозен календар). Скопје: Бегемот, 2021, стр. 143.
  5. Vislava Šimborska, Izabrane pesme. Beograd: Treći trg, 2014, стр. 201-202.
  6. 6,0 6,1 YouTube, Booker T. & The M.G.'s - Green Onions (пристапено на 30.8.2017)
  7. DISCOGS, The Beatles ‎– The Beatles (пристапено на 27.6.2019)