Лукови
Лукови | |
---|---|
Allium oleraceum и Allium flavum | |
Научна класификација | |
Царство: | Plantae |
Нерангирано: | Angiospermae |
Нерангирано: | Монокотиледони |
Ред: | Asparagales |
Семејство: | Alliaceae Баш и Борк. |
Родови | |
Во текстот. |
Луковите (науч. Alliaceae) сочинуваат пофамилија од тревести многугодишни растенија. Тие се монокотиледонски и се дел од редот Asparagales. Ова потсемејство е нашироко признаено, но не и во светски рамки. Во минатото, одредени ботаничари ги сместувале Луковите во потсемејството на Лилјани (Liliaceae).
Потсемејството е тесноповрзано со две други фамилии во редот Шпаргловидни (Asparagales) — фамилијата на амарилисот (Amaryllidaceae) и фамилијата Agapanthaceae, со единствениот род Agapanthus.
Системот APG II од 2003 година ја признава ова потсемејство и го сместува во редот Asparagales од класата на монокотиледоните. APG II дава две можности за определување на ова потсемејство:
- Aliaceae sensu lato („во поширока смисла“), при што се вклучуваат сите растенија распределени во фамилиите Agapanthaceae, Alliaceae и Amaryllidaceae од 1998 г. APG.
- Alliaceae sensu stricto („во потесна смисла“), при што класификацијата останува непроменета од APG системот од 1998 г. и не ги вклучува растенијата од фамилиите Agapanthaceae и Amaryllidaceae.
Важно е да се напомене тоа што некои од растенијата кои во минатото биле вклучени во потсемејството на лукови растенија сега се сместени во фамилијата Themidaceae, како од APG, така и од APG II.
Најважниот род од ова потсемејство, лукот, вклучува неколку важни растенија кои се користат во исхраната, меѓу кои кромид (Allium cepa), лук (A. sativum), праз (A. porrum) и власец (A. schoenoprasum).
Класификација
уредиВо минатото во ова потсемејство се класифицирани неколку родови, како Androstephium, Bessera, Bloomeria, Brodiaea, Dandya, Dichelostemma, Milla, Petronymphe, Triteleia и Triteleiopsis, но сега сè повеќе се налага мислењето дека тие образуваат одделно семејство — Themidaceae.
Литература
уреди(англиски) Michael F. Fay and Mark W. Chase. 1996. Resurrection of Themidaceae for the Brodiaea alliance, and Recircumscription of Alliaceae, Amaryllidaceae and Agapanthoideae. Taxon 45: 441-451 (abstract)
Надворешни врски
уреди- (англиски) Alliaceae in Stevens, P. F. (2001 onwards). Angiosperm Phylogeny Website. Version 7, May 2006.
- (англиски) Alliaceae Архивирано на 9 октомври 2006 г. [sensu lato] in L. Watson and M.J. Dallwitz (1992 onwards). The families of flowering plants Архивирано на 3 јануари 2007 г.
- (англиски) Liliaceae в Flora of North America
- (англиски) NCBI Taxonomy Browser [Alliaceae sensu stricto]
- (англиски) Врски во CSDL, Тексас Архивирано на 11 октомври 2006 г.