Амарилис
Амарилис (лат. Amaryllis) е род на луковичести растенија од семејството на кокичиња. Растенијата од овој род често се мешаат со родот Hippeastrum, чие тривијално (но не и ботаничко) име понекогаш е амарилис, но исправниот назив е јатрви. За разлика од хипеаструмите, кои се богат род, распространет во Новиот Свет, родот амарилис содржи само два претставника кои се среќаваат во каменестите и суви региони на Јужна Африка. Еден од видовите - Amaryllis belladonna - често се одгледува како украсно растение.
Амарилисот е повеќегодишно луковичесто растение. Се одликува со многу убав цвет со различни бои и големини. Амарилисите се размножуваат со семе, а најчесто вегетативно, односно со одделување, сечење или едноставно одвојување на новите луковици кои започнуваат да цветаат по 3-4 години.