53 Филмски средби во Ниш
53 Филмски средби се одржани во периодот од 25 до 31 август 2018 година на летната сцена во Нишката тврдина.[1]
Жири
уредиЧленови на жирито
Состав на жирито | |||
претседател на жирито | Ана Софреновиќ | ||
членови на жирито | Бојана Маљевиќ | Тихомир Станиќ |
Програма
уредиФилмовите и драмите кои беа прикажани на фестивалот се: Јужен ветер, Граници на дождот, Бунтовници, Проколнатиот пес, Месо, Агапе, Џуџиња на насловните страници, Едерлези Рисинг, Злогоње, За бубачките и хероите, Жаба.
Награди
уредиНаградата Цар Константин за најдобра машка улога во филмот Бунтовници ја доби Радован Вујовиќ. Наградата Царица Теодора доделена е на Марта Бјелица за улогата во филмот Бунтовници. Гранд при наградата му припаднала на Милош Биковиќ.[2] Наградата Павле Вуисиќ ја добил Радош Бајиќ.[3] Наградата Милорад Мандиќ Манда ја добил Срѓан Тодоровиќ.
Буџет
уредиГрадот Ниш за организација на овој фестивал издвоил 18 милиони, а Министерството за култура 3.200.000 динари. Сцената во Тврдината е реновирана во 2017 година, а освен што е една од најубавите сцени во Србија, сега има капацитет за 4.000 луѓе и околу 2.500 седишта.[4]
Наводи
уреди- ↑ „„Južni vetar" otvara 53. Filmske susrete u Nišu“. antrfile.com. Архивирано од изворникот на 2021-01-19. Посетено на 30 август 2018.
- ↑ „„Počeli 53. "Filmski susreti" u Nišu, Tvrđava pripada glumcima“. juznevesti.com. Посетено на 30 август 2018.
- ↑ „Bikoviću Gran pri "Naisa"“. blic.rs. Посетено на 3 септември 2018.
- ↑ „Večeras počinju 53. filmski susreti u Nišu“. jugpress.com. Посетено на 30 август 20178. Проверете ги датумските вредности во:
|accessdate=
(help)